UEFA Europa League 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување
Не е муабетот дека немал грешки, му се дешава на секој дефанзивец. Ама срамота е да се наречеш љубител на фудбалот, а да викаш дека Ловрен имал лоша сезона. Или дека немал добра сезона.

Според мене многу е shaky, тој и Шкртел заедно.Јаки физички, влегуваат во дуели, ама пак никогаш не си 100% сигурен дека нема да направат некоја глупост.
Вечерва Коло изигра со срце, иако се виде дека стар е веќе човекот.

Мислам дека не се поединци криви вечерва, едноставно како да имаше распад систем во второ полувреме.
 
Значи, да сумираме.

Класа играчи се ==> Куртоа, Зума, Аспи, Фабрегас, Коста.
Просеци се ===> Тери, Иванович, Матич, Хазард, Вилиан, Оскар?
Не. Сите се класа играчи. Најјаки се. Одличен тим се. Нема везе што завршија 10ти одличен тим се. Управата е крива.
 
Зборот со кој што би се сумирало се е ОЧАЈ.
Очај од игра (освен делови од прво), очај од судење (не знам што и каде гледаа ликовиве, не можам да ги наречам судии), очај од концепција(после голот тие 10 минути беа најдоброто нешто иначе не можеа пас да сврзат цело второ), очај од некреативниве обиди за хумор на фанови на екипи кои се поочајни од нашиов очај.
Вака така на крај шпански тим ве измоча, that's all that matters. :ROFLMAO:
 
Според мене многу е shaky, тој и Шкртел заедно.Јаки физички, влегуваат во дуели, ама пак никогаш не си 100% сигурен дека нема да направат некоја глупост.
Вечерва Коло изигра со срце, иако се виде дека стар е веќе човекот.

Мислам дека не се поединци криви вечерва, едноставно како да имаше распад систем во второ полувреме.
И мене ко таков ми се чинеше на почетокот на сезонава, али евентуално си ја заработи довербата. Мислам, глупо е врз база на минати перформанси да го оценуваш сегашниот статус. Не знам кој може да има некаква замерка за Ловрен.

А на Шкртел причата е завршена одамна. Шкртел е играч кој отсекад требал да биде ротација / бекап, али сплет на околоности го ставале у прв тим и така ја истера цела сезона кај нас, на гз на глава.

Туре не играше многу сезонава, али од тоа малце што го изигра кога беше потребен, си изигра поштено. Али да, тачно е дека му пројде времето него. Јас искрено се надевам дека ќе остане уште една година како 4ти стопер кога ќе треба да се покрие бидејќи се покажа како потпирлив играч, мада тешко.
 
Со кој тие други тимови бе??? :pos: Абе одете покријте се некаде барем не ја реметете темава со вашата бламажа. Ова вашево ни го имало ни ќе го има! Шампион лани годинава 10то место! И тоа со изграден тим! Ајде за Јунајтед несакам ни да зборувам пошто транзиција е во прашање кај нас. Па уште и се силат овде Челзи ова Челзи она имале тим, имале играчи... Мрш бе таму долу на 10то некаде...!
Зарем не ти е срам како фан на Јунајтед и човек што прати ПЛ да пишуваш вакви срамни постови?
Челзи со истиов тим освои ПЛ уште во декември, а ти смеј се колку сакаш. Да викаш дека Челзи има изграден тим само покажува дека немаш две чисти од фудбал и се фураш на маалски муабети. Уште летово, додуша некои уште во Јануари прошла сезона рекоа дека Челзи нема клупа ни играчи спремни за ротација. Челзи има изградена прва 11ка која и таа од сезонава ќе има нов лик. Не се срами сам себе со маалски муабети на форум, ако барем нешто пишуваш и се потсмеваш на нешто, гледај да ти биде потковано, не се ругај вака.
 
Не. Сите се класа играчи. Најјаки се. Одличен тим се. Нема везе што завршија 10ти одличен тим се. Управата е крива.
Иронија и сарказам ретко покриваат празни аналитики другар... глупи комуникативни облици се тоа, претежно за мали деца.
 
100 милки летово и 100 другото и да склопите тимче. Ова ако знајте добро да ги потрошите, ако не знајте ни пола милијарда не ве спасува. Тоа второто место го дотуркавте со напаѓачиштено од Барселона и со еден лидер како Џерард.
 
Кои бе играчи не ги бива, дај наброј неколку кои се просеците што го кочат клубот... :confused:

Куртоа, Тери, Зума, Иванович, Аспиликуета, Фабрегас, Матич, Оскар, Вилиан, Хазард, Коста... ова е горе доле цела стартна 11ка.

Куртоа, Аспиликуета, Фабрегас, Вилиан, Хазард, Коста. За овие ок.

Ивановиќ озбилно ? Нема крило што не го направи магаре сезонава. Да не се лажеме помина неговото време.
Тери е Тери но го газат и него годините веќе. Може да пружи уште но за редовен првотимец тешко.
Зума е страшен потенцијал но да видиме каков ќе се врати од повредата.
Оскар е просекипол. За на клупа ок но не е за прв тим за екипа која се стреми да биде меѓу најдобрите во Европа.
За Матиќ незнам, изигра одлична сезона ипол за оваа година да потфрли. Дали го стигна замор или нешто друго е во прашање.

Реално нема така лош состав Челзи. Со 3-4 паметни трансфери сметам дека би биле повторно меѓу фаворитите. По Тотенхем, Арсенал и Лестер мислам дека имаат најздрава подлога. Но ако не пазарат штопер, бек и класа бокс ту бокс играч не прават ништо.
 
Ми се свиѓа како некој што не го глеал Ливерпул една минута сезонава, али земал седнал финалево да го изгледа, па си зема право да коментира за сите играчи кој каков бил. Македонска работа, од фотелјата да урла само, ко експерти за ракомет што се појавуваат еднаш годишно, ко мечка од зимски сон, без да пратат уопште што се дешава. Битно они знаат, не знаат тие што секојдневно пратат и не пропуштаат утакмици.

Тоа е вака најбитно за лајф скор фанови и фанови на финалиња кои немаат појма што зборат, чисто да си имате у предвид да не се брукате.

Нормално дека не пратам/пратиме колку вие фановите, ама еве бе Рики у 10те утакмици кои сум ги глеал на Ливерпул сезонава, увек исти играчи биле флопови.

Добар играч е штом дал голови против тимови од вториот дел на табелата или полуатусајдери во евротакмичењата, ама вие овие ги сметате дека се класа. Е класа играч треба да повлече коа е најгусто. Ко што Стариџ направи денеска.

Со Кутињо, Фирмино и остали циркузанти ништо сериозно не правите. Или треба да се ослободите од нив или да бидат играчи за ротација. За лидери и носители на игра - не ги бива, Милнер е лидериште за нив.

Не знам зашо го негирате ова и се љутите кога ќе пише некој за нив, а и самите глеате дека со такви шалабајзер играчи нема да видите ЛШ ни во толку неквалитетна Премиер лига.

Мене лично Ливерпул и Арсенал ми се као два ростера кои треба да ги вклопиш у еден за да бидат јак тим. То ест глеј го Ливерпул каде напред се СтариЌ и Бентеке кој е сепак сосема солиден шпиц, а има шкљ средина во која вредат само Чан и Милнер, ај и Лалана, а Арсенал е обратното. Ги има Ремзи, Озил, Санчез во средина а напред речиси никад константниот Жиру.

Мора Ливерпул на Стариџ да му донесе класа десетка позади и класа крило кои ќе го влечат тимот во најбитните утакмици покрај него.

Meanwhile, на Севиља буквално им се деси: „Startted from the bottom, now го правиме она у што сме најдобри“, сезона. :cuc:
 
Незнам што плукате толку по Ливерпул изгледа доста хејтерчиња има на форумов.
Ја искрено за Ливерпул навивав и ептен сакав да освојат,го заслужува тоа Клоп доста квалитетни екипи испадна.
Одлично прво полувреме со гол во мрежата на Севиља и имаа игра,после примениот гол едноставно потона Ливерпул ко да се предаде некако бар мене така ми изгледаше.
Честитки за Севиља заслужено освоен трофеј одиграа доста мудро и ги искористија сите шанси сто им беа пружени.
 
Каков ѕвер е Гамеиро, цела сезона ја игра турбо. Во топ 5 напаѓачи во Примера оваа година. Со кој памет Дешамп ги повикува непостоечките Жињак и Жиру пред Гамеиро.
Банега и Витоло 10 пати им ја протнаа низ нозе на овие од Ливерпул, какви мајстори. :cuc::cuc::cuc:

Севиља 5 титули во последните 11 сезони во ЛЕ. Прва екипа после 40 години што врзала 3 европски титули по ред. Унаи Емери нема изгубено елиминација во Европа откако дојде во Севиља. Поим за треЊер. :bravobe:
 
Каков ѕвер е Гамеиро, цела сезона ја игра турбо. Во топ 5 напаѓачи во Примера оваа година. Со кој памет Дешамп ги повикува непостоечките Жињак и Жиру пред Гамеиро.
Банега и Витоло 10 пати им ја протнаа низ нозе на овие од Ливерпул, какви мајстори. :cuc::cuc::cuc:

Севиља 5 титули во последните 11 сезони во ЛЕ. Прва екипа после 40 години што врзала 3 европски титули по ред. Унаи Емери нема изгубено елиминација во Европа откако дојде во Севиља. Поим за треЊер. :bravobe:

Замисли човече..ако прочиташ малце во фан клуб Интер стручњаците Стефан и Џонтра што пишеа нема да ти се верува..според нив Гамеиро бил непостоечки и просечен играч што врска нема од фудбал бидејќи реков дека е подобар и подокажан играч од Икарди..е дотолку се заминати стандардите во форумот.

Значи во сезона каде чоекот игра во животна форма и постигнува 30 гола не е повикан за репрезентација,а ги повикува неписмениот Жиру и Жињак што игра рекреативен фудбал во Мексико..има две објаснувања за ова..или Гамеиро е искаран со Дешамп,или Дешамп се дрогира надополнето со тежок ментален проблем....Жиру и Жињак бе:pos:
 
On a bright side, нема да мора да гледаме 5 (пет) англиски клубови вао ЛШ како се бламираат, па љубителите на ова првенство ќе продолжат да живеат во убедување дека се работи за најјаката лига во Универзумот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom