Superhero Movies

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
сега сите 8-мо одделенци имаат такви фризури..:D
 
Секој си има свој вкус, ама јас Гарфилд никогаш не би го величал како Спајдермен пред Мегваер. Тоби сосема добро го пренесе ликот на филм. Баш така треба да изгледа Питер Паркер, повлечен дечко за кој ни на крај памет не би му текнало на некој дека е суперхерој. Гарфилд ми изгледаше како излезен од Бекстрит Бојс, не ми се допаѓа воопшто таков „фраерски“ настроен Паркер. За мене нема ни место за споредба меѓу двајцата, искрено тоа ми е како да ги споредувам Мајкл Китон и Џорџ Клуни како Бетмен.

Инаку првите два филма од трилогијата на Реими се светлосни години пред филмовите со Гарфилд. Првиот беше многу лош филм, со веќе видена origin сторија и со негативец кој излегува од wc шолјата. Вториот имаше нешто драматични моменти, но во главно беше целосна збрка. Мило ми е што ерата на Гарфилд брзо заврши па овој новиот дечко ќе добие шанса да се покаже.
 
Гарфилд ми изгледаше како излезен од Бекстрит Бојс, не ми се допаѓа воопшто таков „фраерски“ настроен Паркер.
Се согласувам дека така изгледаше Гарфилд, ама тоа во никој случај не значи дека он лошо одглумил, и дека он го уништил ликот, како што велите повеќето. Едноставно - така го напишале. Гарфилд не е крив што глуми cool тинејџер наместо бубалица. ;)
 
Според нет сферата, јас мислев дека најмногу биф имаа луѓето со самата егзекуција на филмот, вториот дел поточно, него ли актерот и како го доловил ликот. Мислам дека тоа беше декоративен мрч на веќе доволно разочарана публика па бараше флеки можеби каде и ги немаше. Првиот филм за мене беше така-така, вториот не знам што мислеле (дали воопшто мислеле) кога го правеле. Затоа и планираа нов reboot. И сега имаме нов Спајди со камео во CW. Според сите критики, овој на повеќето им е најмногу погоден, што е добро, затоа што луѓето беа при крај со нервите со Sony и reboot циклусиве да беше близу да им се одмили ликот на гледачите па да чекаме десет години за нов филм (да помине срамот малце. И заситеноста со рециклираната приказна).
 
Oд тоа што го видовме од Том Холанд како Спајди во CW е како од стип изваден, без маска срамежливо тинејџерче а со маска unlocked mouth potential. Ептен сум импресиониран ваљда поради тоа што филмовите на Сони за Спајди имаа многу пропусти.
 
Fuck WW!
Сакаме екранизација на Затана! :love:
Fishnets, rawr!

zatanna_by_kompot_san-d718hz9.jpg
 
Последниов месец изгледав скоро се што може да изгледа од Марвел. Авенџерс со сите соло филмови, Х-Мен, Гардианс оф д Галакси,Спајдермен... Би сакал да ги изгледам и Фантастик Фор, само се двоумам заради оцената на имдб, дали се стварно толку лоши или вреди да се изгледаат?
 
Не вреди.
 
Ќе се мразиш себеси после, немој, го имам поминато тоа.
 
Па и не се толку лоши Фантастик Фор.. плус си а имаш Алба и Крис Еванс .. али новиот ребутот е катастрофа
 
Па и не се толку лоши Фантастик Фор.. плус си а имаш Алба и Крис Еванс .. али новиот ребутот е катастрофа

Чудно ќе ми е да го гледам во друга улога, освен Captain America :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom