ПОМОШ
Некој да ми каже некое средство против крлежи,полно ми е кучето и одвреме на време по некој прејаден паѓа низ двор и по тревата.
Прво со ампула Неостомосан избањај го.
Ампулава нема долготраен ефект, туку само моментален, али е многу ефикасна, одма ги убива сите болви и крлежи на кучето.
Оваа ампула не се става директно на кожата на кучето, како што е случај со класичните амлули за кучиња, туку оваа се раствара во 3 л. или 5 л. вода, не се сеќавам точно, ќе си прочиташ во упатството, и со таа вода во која што е растворена ампулата ќе го потопиш кучето на сите делови од телото, и одма потоа за некои си 10 - 15 минути ќе се исчисти од крлежите.
Потоа ампула или огрлица, за подолготрајна заштита, твој избор е за што ќе се одлучиш.
Aмпула стави му и чиста сметка 6 месеци. Јас лани му ставив 600 денари (мислам дека според големината на кучето има врска цената, ако е помало поевтино е). И сите што ги има крлежи ќе си заминат од него, а во иднина ќе го штити од потенцијални крлежи, т.е нема да му се закачуваат.
Која ампула трае 6 месеци? Ќе да си грешка нешто

Јас користам Адвантикс, таа трае 1 месец.
Останатите ампули најчесто што ги има на Македонскиот пазар, Фронтлајн, Протектор, Фиприс, Пестигон ...сите тие траат исто по 1 до 2 месеци максимум.