Тоа си е твоја воља, бладхаундите (или по македонски би било крвоследниците) не се поинтери (покажувачи), тие се трагачи, а кога ќе го најдат пленот - напаѓаат.
А и тешко дека ќе најдеш крвоследници така северно, кратко крзно и големи уши се прилагодувања за далеку потопла клима, не за снег и ниски температури.
Пази, во книгата заедничкиот јазик е и наш јазик (официјално ние во книгата би зборувале на заедничкиот јазик), сите имиња дадени на заедничкиот јазик си имаат своја историја и причина зошто се такви какви што се. Зимовник (Винтерфал) е така наречен поради топлите извори кои овозможуваат и во најјаката зима да може тука да се преживее, Стариград (Олдтаун) е така наречен затоа што е најстариот град во Вестерос, Кралевата лука (Кингс Лендинг) е така наречен затоа што тоа е првото место каде што Таргеријаните се истовариле на копнениот дел на Вестерос.
Не можеме да ги преведеме имињата дадени на (за нас во книгите) странски јазици кои не ги разбираме како што се Мирин или Ји-Ти или Астрапур бидејќи не го знаеме потеклото на тие имиња.
За мене на македонски Долно Дупени нешто значи, за англичанец не значи ништо.
П.С.
Во македонскиот јазик не постои правило (за разлика од некои други јазици) личните имиња да се пишуваат во изворен облик, затоа е погрешно кога на текст во кирилица додаваш зборови на латиница (арапски, кинески, староегипетски), зборови кои човек кој не го познава изворниот јазик не би знаел како да ги изговори.