@Black Hok @Pane-G
Пробав прееска со клеми со ауди а4. Веднаш си се појави радиото, контактот, саатот, ама не можеше да запали, ептен слабо верглаше, веројатно зашто е ептен празен, на 0. Инаку нема шанса да сум заборавил нешто, секогаш се гаснам, светлата се ксенон и ако се заборавени светат, значи нема шанси да е нешто заборавено. Башка како што кажав во една недела поминав 400 км и воопшто не е од невозење. Ќе го однесам на електричар да види. Изгледа си откажал акумулаторот и тоа здраво, скроз. Можда ладното го има пресечено, точно 3 години има како го користам, се работи за White Horse, 75А толку и ги прават да траат сега. Во случај да треба нов, што би препорачале или сите се горе-долу исти?