- Член од
- 17 март 2014
- Мислења
- 321
- Поени од реакции
- 478
Од овие што се во серијата, Еларија е мајка само на Таин, останатите имаат други мајки. Нити Сарела, нити најмладите четири не се претставени во серијата.
Како мислиш дека им се луѓе од доверба, кога самот Доран знае дека му работат позади грб. Освен тоа по некое правило кај владетелот не се оди вооружен (освен стражата).
Мало ноже може да заврши работа, ако се погоди на право место, не мора ни да е потопено во отров. Освен тоа ножето на Таин и не беше баш така мало.
А за причината и изведбата 100% се согласуваме.
Големите куќи по некогаш застануваат позади своите копилиња, по некогаш тотално забораваат на нив, а по некогаш и се одрекуваат од нив, не е битно дали се од Дорн, Поречјето или на Северот. Се зависи од моментните потреби на куќата (сети се на Робертовите копилиња).
Доколку матичната куќа на Еларија би се грижела за неа, би барала легитимизација на истата, или барем би одржувала некакви врски со неа. Рамзи на пример живее со Руз, и истиот бара легитимизација на Рамзи од Томеин.
Ние немаме никаква информација дали такви врски постојат, а освен тоа, куќата Алер е подржувач на куќата Мартел, што би требало да значи дека не би била за убиство на главата на чија куќа се вазали. А и останатите големи куќи и не се баш нешто расположени за бунтување против Мартелите во моментов (барем во серијава ништо од ова не е порикажано).
Што се однесува до снегот, Теон и Санса трчаат по истиот. Знам дека може да се створат намети, ама не од количината снег по која овие двајца трчаат.
Во книгите дебелината на снежната покривка е далеку поголема, толкава што поради тоа не може да тргне потера по нив нити пешки, нити на коњи, а и девојката и Теон се повредени (Теон помалку бидејќи паѓа врз неа).