Забегуваме од темата со партиски препукувања.
Поентава на формирање на СЈО се снимките што Зајко ги пука 1 година.Ќе пробам да направам мала анализа за снимките, целта на формирање СЈО и акциите, што повлече аболиција од Џорџе и следствено протести.
Дали е вистина криминалот кој се слуша ( а се слуша ! ) ?
Ако снимките се „монтирани“ како што власта тврди/ше , имаше доволно време да ги прати на експертиза во светски признати форезнички лаборатории и да докаже дека се “лепени и монтирани“. Штом Глујо не го направи тоа - за мене е доволен доказ дека се вистинити. Ако е некој глуп, нека верува поинаку.
Кој снимал ?
Искрено, побитно е содржината отколку кој снимал, зашто нели ако другар ти даде снимка како жена ти се ебе со друг, поголем проблем ти е ситуација со жената, отколку зашто некој ја снимал. Сепак, ако снимките се стварно од “странски служби“, ќе се отвори и прашање која е целта на вадење на тие докази. Зашто “странски служби“ сакаат да го сменат ВМРО и што би барале во противуслуга од СДСМ за да ги донесат на власт ?
И во двата случаи, кои да снимал, прво, не ја амнестира власта од одговорност за дилетанство во безбедносниот сектор и доволна е за нивна оставка. Друго, уништувањето на опремата (!) е доволен доказ дека и власта не е чиста по ова и дури и да имало странска вмешаност, незаконско прислушкување имало и од неа.
Дали имало изборни нерегуларности ?
Да не се лажеме. Секој со нормален IQ ваљда е свесен дека ИМАЛО. Не е битно дали биле 100 или 100000 гласови , криминал Е криминал.
Притисок со гласање секој го знае затоа што сите имаме познати/роднини/ пријатели што под закана за губење на работно место МОРААТ да однесат список на сигурни гласачи. Барем јас имам и во фамилија. Притисок за одење ( со списоци, СМС ) на партиски митинзи и контра-протести е исто познат. Отварање на гласачки материјал, гласање на умрени, тегнење за уши на циганите - го дознавме од бомбите и го земам за точно ( додека власта не докаже дека снимките се лепени и монтирани ). Гласачки инженеринг со гласачите од Пустец што живееат на Максим Ѓорѓија е исто криминал што со свои очи го видовме на телевизија. За “изборен туризам“ и селење на гласачи на месец дена пред/после избори и издавање на нови лични карти, исто има докази и сведоштва од директни учесници.
Дали треба да се подржат акциите на СЈО и да се казнат криминалците ?
ТРЕБА ! Мене не ме интересира дали така правеле претходно и другите. Доколку не ги казниме , влегуваме во опасна спирала со стимулирање на идни криминали од секоја наредна власт. Впрочем, ВМРО се 10 години на власт ( +4 години претходно ) и ако стварно имало криминал претходно, МОРАЛО до сега да биде казнет - во спритивно ИЛИ власта лаже дека имало, ИЛИ е соучесник со нив !
Примерите со киријата на Рада или вилата во Грција на Вицето се класичен спин за проста маса, затоа што секој нормален, кур го боли како приватни фирми што немаат врска со државни пари ги трошат парите.
Дали аболицијата на Џорџе е во интерест на народот ?
Првенствен интерест има фамилијата ! Соочени со озбилноста на СЈО и нејзината подршка од СИТЕ меѓународни институции, фамилијата е притисната до ѕид ! И покрај сите сопки и опструкции, Катето, Ленче и Фатиме - ГАЗАТ ! ( Мислам дека сега и Глујо ќе си касне од курот што не се договорил со Зајко уште на почетокот поинаку.)
Освен ако, Џорџе има информации дека фамилијата е спремна на се, па дури и на украинско сценарио “за крв да падне“ само да се спасат, па во тој случај искрено мисли (мисли ?) дека е подобро за народот да се изглупира до крај и “визионерски“ прави чекор за подобро на народот.
Дали треба да дадеме подршка на прорестите и акциите на СЈО ?
ТРЕБА ! На обичниот народ му е дојдено преку глава од се.
Се потежок живот на народот наспроти хедонизмот на власта, апатија кај младите, масовно исселување на интелектуаци, максимално зафолжување на државата, поделеност , се причина да народот дава подршка на СЈО и да сака криминалците да бидат казнети. Затоа што во акциите на СЈО гледаат НАДЕЖ за подобра иднина. Самата масовност на протестите ( без списоци, без сендвичи ), како и стуктура на протестирачите, млади, стари, студенти е јасна слика за тој што сака да види. Дури и контролирано насилство од типот на кршење стакла или рефасадирање на портата, па дури и буткање или удар/два со полиција не го гледам нешто страшно во смисол на канализирање на насобрана негативна енергија.
Друго,
Примерите од типот на “неполитички “дечки со коментари : “мене не ме интересира политика, не ги сакам и двете партии, не гласам никогаш за никои, АМА кога гледам како / кршат стакла / или маваат со боја / ме револтираат и сега ќе гласам ЗА власта “(?) ги карактеризирам како :
- или се крајно глупави без допир со реалноста
- или е евтин спин во организација на штаПот
ЗАШТО инаку не кажат : “мене не ме интересира политика, не ги сакам и двете партии, не гласам никогаш за никој, АМА кога гледам како покушаваат со сокријат убиство на дете / или, деца умираат оти нема пари за опреција / или ставаат во притвор бремена жена што го губи детето / ме револтираат и сега ќе гласам ПРОТИВ власта !“