UEFA Champions League 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ептен ми се допаѓа тоа што Атлетико е многу добро раководен клуб, не беше one season wonder откако ја зема титулата во шпанија, туку напротив е константно на врвот во конкуренција на два гиганти како Реал и Барселона, стигна до финале на ЛШ кое за секунда му избега да го круниса со трофеј, постојано имаат добри настапи во ЛШ, а сето тоа уште повеќе треба да се цени ако го земеме фактот дека секоја сезона губат еден или двајца од најдобрите играчи од претходната сезона.
 
13015357_1003269253095960_3203587549182513638_n.png
 
Атлетико си одигра стандард за нив, ништо поразлично во однос на претходните дуели со Барса, кога 6 по ред ги губеа во овие две сезони. Барса беше лоша, би рекол и непрепознатлива во однос на тоа што го играа од Декември 2015 па се до пред три недели.

Како и да е, заслужен пролаз на Атлетико, и повеќе од тоа. 300% даваат момците на терен, иако индивидуално се далеку од Барса, Реал, Баерн. Секоја чест што прави Чоло со екипава и капа доле за играчиве.

Сега ќе навивам они да освојат ЛШ. Заслужуваат заради Се она што го покажуваат неколку сезони по ред.

Со Реал среќата им го сврте грбот, овој пат се надевам ќе им се насмевне.
 
Прво и основно, Иниеста требаше да добиет црвен. Ако последниот играч во одбрана добиват црвен макар и за минимален фаул, и Иниеста по то правило требашше да добиет црвен, Небитно се лизнал или било намерно.

Второ, чист пенал за Барселона. Без разлика шо Габи беше надвор, играта со рака беше внатре (то ти е исто ко голман шо е надвор од гол линија, ама ако топката ја поминит линијата, и тој е со раката внатре, е гол ), и беше чист пенал. Искрено, како навијач на Реал и ми одговараше шо не суди (не дека ми е страв дали ќе се пандеше Реал со Барса, колку шо не ги сакам како опоненти директни и сите с'скања и касања низ годиниве), али рака на срце, пенал беше.

Трето, на Барселона очајно...ОЧАЈНО и фалит ропачиште ко Роналдо, Хулк, Џерард, Лампард, Бејл па ќе речам дури и Гуарин, шо ќе имат мадиња да шутира по 10-15 пати во ситуација кај шо одбраната е напикана во 16 метри и теоретска шанса немат да поминит центаршут. Иниеста, Бускетц и Маскерано (барем во второто шо глеав) имаа доволно простор од 25 метри, шо е и те како пристојна дистанца да упатет удар, ама нити еднаш не се осудија. Не викам дека ќе имат сигурен гол, али брате мили коа гледаш дека не ојт, па пробај да му се пљукнам.

Барселона ја стигна уморот, Арда цирка Серхи Роберто не се со толкав квалитет играчи кои шо би напрајле разлика кога тројцава напред се стерилни. Барса немат клупа , и то е то. Муабетите дека Нејмар , СУарез и Меси се пикнати в џеб, ги немат нигде, испариле се толку безвезе, зато шо немојт такви играчишта да функционирет 40 + утакмици како да се на стероиди и сеа магично да паднет. Не се роботи, и тука е крив Енрике, и никој друг. Баерн ги имат Геце, Робен, Рибери, Реал ги имат Џејмс, Иско, па дури и Хесе и Васкез (кој прател Реал годинава, знајт), па и еден Сити во имат појака клупа од Барса во еден Навас, Бони и Стерлинг или Де бруин, зависит кој играт прва постава. Едноставно, лош тајминг на пад на форма, Атлетико стандард дисциплинирани 100 %, и се деси нешто шо и беше малте-не очигледно после првиот меч и моменталната форма на Барса.

За во полуфинале, не дека се мои , ама им давам мини пол позиција на Реал. Магично кренаа форма (утакмицата во Волфсбург сеушта тврдам дека беше само лош ден, ако не и некоја местенка со оглед на тоа шо ВОлфсбург се во лоша финансиска состојба), во Касемиро добија чистач кој во Хамес го немаа, а тројкава напред функционират ко под конец, пред се мислам на Чича Рочо. Али таа предност, е мала колку еден нокт.
Меѓутоа, полуфинале е , секој според заслуга стигнал таму, и не требит ништо да изненадит шо и да се десит резултатски.

Зошто лажеш и се правдаш за глупости??? Наместена била во Германија, Волфсбург биле во лоша финансиска состојба... Пијан си или појма немаш каква е состојбата, па лупаш глупости.
 
Браво Атлетико, се надевам ќе освојат оваа година бидејќи овие кои останаја не се ништо поарни (во игра и форма) моментално од нив.
 
Роналдо му избегал 10 гола на Меси на вечната листа на стрелци во ЛШ. И тоа во сезоната кога е најкритикуван во последните неколку сезони. 93-83 се моментално.
 
Типична игра на атлетико, како да играа против реал сосиедад или гетафе, спора игра и многу организирана, мислам немаа ниедна серизна шанса Барселона.
Особено акцијата пеналот беше класично дотолчување ма противникот шо е типично за атлетико после 80 минута. Нејмар е тешко копиле, чист црвен беше она над хуанфран, намерен старт од зади на веќе излезена топка па и уште му влезе со клизач.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom