Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Дај бе, како може да не знаеме? Колку е оддалечено сонцето од нас? Цели 6 светлосни минути и 16 секунди. Ако под претпоставка сонцето во моментов згасне, онака без ништо, едноставно само згасне, колку време ќе ни биде нас потребно да видиме дека згаснало? Ај погодувај.:D
А бе.... мислев дека зборуваме за ѕвездата Бетелгез, оддалечена 600-700 светлосни години од нас... :)
Кога ќе експлодира во супернова, ќе треба да поминат 600 години за да дознаеме за тоа.
 
I

Intex

Гостин
А бе.... мислев дека зборуваме за ѕвездата Бетелгез, оддалечена 600-700 светлосни години од нас... :)
Кога ќе експлодира во супернова, ќе треба да поминат 600 години за да дознаеме за тоа.
Ами како сме дознале денес дека се спрема да експлодира?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Ами како сме дознале денес дека се спрема да експлодира?
Претпоставка.
Според досегашните набљудувања утврдено е дека ѕвездата се наоѓа при крај со својот живот, т.е. дека горивото за фузија е веќе потрошено на таа ѕвезда. И според други примери на супернови, утврдено е дека и нејзе ја чека истата судбина, само не се знае кога. Дали утре, или по 100 000 години не се знае прецизно.
Нормално ако се земе предвид дека 100 000 години во астрономски рамки преставуваат ништо, т.е. дека една просечна ѕвезда има живот од 10 милијарди години.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ами како сме дознале денес дека се спрема да експлодира?
Епа затоа што тоа се случувало пред 600 години и ние го гледаме сега.И ќе видиме како ќе експлодира кога ќе стигне светлината до нас.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Хабл ја откри најодалечената галаксија позната до сега.

Телескопот Хабл со помош на најсовремената и најмоќна инфраред технологија за длабинско сликање откри галаксија оддалечена 13,2 билиони светлосно години од земјата чие создавање се претпоставува дека било само 480 милиони години после Големата Експлозија.



Повеќе (многу повеќе)...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Леталото Voyager – 2 на НАСА, пролетало на 24 јануари во 1986 год. на 81.500 км. од површината на Уран и при тоа ги испратило првите и засега единствени фотографии од оваа планета, од непосредна близина. Леталото Voyager – 2 е лансирано на 20 август 1977 год. На својата примарна мисија, ги истражувал Јупитер и Сатурн, а потоа траекторијата му била насочена кон Уран и Нептун (1989 год.). Ова летало и денес е оперативно, тој на Земјата испраќа податоци од границата на Сончевиот систем, со оддалеченост од 14 милијарди километри.



Во осмислувањето и експлоатацијата на мисијата Voyager (две летала - близнаци), учествувал и големиот популаризатор на астрономијата, Carl Sagan.
При прелетот на Voyager – 2 покрај Уран, на оддалеченост од 3 милијарди километри од Земјата, откриени се многу негови природни сателити (11), Уранови прстени (9) и интересно магнетно поле.

Фотографиите од монотониот Уран не нашле на голем одек, за разлика од колоритните фотографии од Јупитер и Сатурн. Двата Voyageri на себе ја носат златната лп – плоча, со клучни информации за нашата цивилизација, во случај некаде во Вселената да ја пресретне некоја друга технолошка, интелигентна врста.
Во следните неколку години, не се планира ниту една мисија кон оваа голема гасовита планета.

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2215
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Страна поназад :D - каснат нашите со цел еден ден и пол.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Нема проблем ајде :D, нека чита народот.
Ко така, еве му на народот уште малку за читање:

Мали ѕвезди со голем пламен


Астрономите веќе некое време знаат дека ѕвездите имаат проблематично детство. Тие патат од чести и насилни пламени, но со текот на времето тие го надраснуваат тоа. Тоа претставува среќа за нас, бидејќи такви големи пламени може да направат сериозни оштетувања на нашата биосфера. Со понова студија се потврдуваат очекувањата дека некои ѕвезди никогаш не го надраснуваат тој период, и тие се склони кон најчестите пламени воопшто.

Уметничка претстава на ѕвезда црвено џуџе која поминува низ моќна ерупција, наречена ѕвезден пламен. На сликата во преден план се гледа и хипотетичка планета. (NASA/ESA/G. Bacon (STScI))
Студијата кориси податоци од истражувањето Sagittarius Window Eclipsing Extrasolar Planet Search (SWEEPS), направено од вселенскиот телескоп Хабл. Ова истражување било направено во текот на седум дена во 2006 година и било првично дизајнирано да открива со постојано фотографирање на преку 200.000 ѕвезди, планети кои транзитираат. Бидејќи истражувањето покривало огромен број на мали црвени џуџести ѕвезди, кои се најмали и најчести во вселената, тимот на Рејчел Остен (Space Telescope Science Institute) успеал да ги примети бројките на пламени на овие минијатурни ѕвезди.

Тимот открил 100 ѕвездени пламени, некои со 10% зголемена светлина повеќе од матичната планета. Некои пламени мошне кратко траеле, околу 15 минути додека пак одредени ѕвезди испуштале пламени повеќе пати. Овие пламени не се лимитирани само за млади ѕвезди туку ги има и кај високо еволуираните ѕвезди, вклучувајќи и неколку варијабилни ѕвезди.

Повеќе тука:

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2203
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Пат без враќање – Progres M – 08 M
28.01.2011

По тримесечниот престој во орбитата на Земјата, Рускиот транспортен беспилотен брод од новата генерација – Progres M – 08M, е одвоен од ISS и контролирано изгорел во повисоките слоеви во атмосферата, во раните утрински часови, во понеделник (24 јануари 2011 год), соопштиле од Руската контрола на лет.

Progres по одвојувањето од ISS
Ситните делови од леталото кои целосно не изгореле, паднале во Пацификот, надвор од бродските и авионски коридори, вообичаена пракса за деорбитирање на леталата од оваа врста.

Progres M – 08M е лансиран на 27 октомври,минатата година, со помош на ракетата Soyuz – U. Тој донел 2.5 тони неопходни работи на ISS, три дена подоцна. Новата, модернизирана електроника, овозможила сместување на поголем корисен товар во капсулата на бродот. Лансирањето на новиот товарен брод - Progres M – 08M е закажано за 20 јануари, од ракетодромот Баиконур.



http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2218
 
I

Intex

Гостин
Епа затоа што тоа се случувало пред 600 години и ние го гледаме сега.И ќе видиме како ќе експлодира кога ќе стигне светлината до нас.
Тоа и е најлогичната теза, тоа на Хјуман некако не ми држи вода, мада не велам дека е погрешно.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Тоа и е најлогичната теза, тоа на Хјуман некако не ми држи вода, мада не велам дека е погрешно.
Јас мислам дека сеуште не е екслодирана или експлодирала во последниве 80 години.Затоа што при експлозијата исфрла огромен број на неутрино честици кој се движат 8 пати побрзо од светлината така да би стигнале за 80 години а светлината од истата супер нива би стигнала по 560 години до присигнувањето на неутрината.Моја теза.Можеби грешам (како и секогаш).
 
I

Intex

Гостин
Јас мислам дека сеуште не е екслодирана или експлодирала во последниве 80 години.Затоа што при експлозијата исфрла огромен број на неутрино честици кој се движат 8 пати побрзо од светлината така да би стигнале за 80 години а светлината од истата супер нива би стигнала по 560 години до присигнувањето на неутрината.Моја теза.Можеби грешам (како и секогаш).
Fail.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom