Леталото Voyager – 2 на НАСА, пролетало на 24 јануари во 1986 год. на 81.500 км. од површината на Уран и при тоа ги испратило првите и засега единствени фотографии од оваа планета, од непосредна близина. Леталото Voyager – 2 е лансирано на 20 август 1977 год. На својата примарна мисија, ги истражувал Јупитер и Сатурн, а потоа траекторијата му била насочена кон Уран и Нептун (1989 год.). Ова летало и денес е оперативно, тој на Земјата испраќа податоци од границата на Сончевиот систем, со оддалеченост од 14 милијарди километри.
Во осмислувањето и експлоатацијата на мисијата Voyager (две летала - близнаци), учествувал и големиот популаризатор на астрономијата, Carl Sagan.
При прелетот на Voyager – 2 покрај Уран, на оддалеченост од 3 милијарди километри од Земјата, откриени се многу негови природни сателити (11), Уранови прстени (9) и интересно магнетно поле.
Фотографиите од монотониот Уран не нашле на голем одек, за разлика од колоритните фотографии од Јупитер и Сатурн. Двата Voyageri на себе ја носат златната лп – плоча, со клучни информации за нашата цивилизација, во случај некаде во Вселената да ја пресретне некоја друга технолошка, интелигентна врста.
Во следните неколку години, не се планира ниту една мисија кон оваа голема гасовита планета.
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2215