Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
L

Liberation

Гостин
Клик на слика

на 4 јануари од 8 до 11 часот, на сите неба над Македонија :)
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Пред некое време само шо заврши. Во Словенија беше во 09:21. Интересна појава да се види, несекојдневна.


:)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Дали Јапетус имал своја мини-месечина
06.01.2011


Излезе нова теорија за тоа зашто сатурновиот сателит Јапетус личи на орев. Сателитот има мистериозен голем гребен кој покрива повеќе од 75% од неговиот екватор.



Научниците велат дека откривањето на причината за овој гребен била многу тешка. Тие предлагаат дека некогаш Јапетус имал своја мини-месечина но, поради разните сили орбитата на оваа мини-месечина се „распаднала“ и таа се „скршила“. По ова се оформил прстен од остатоци кој подоцна удрил во Јапетус блиску до неговиот екватор.

Гребенот на Јапетус е широк 100 км и на едно место висок 20 км. Колку за споредба Монт Еверест е висок 8.8 км. Јапетус има пречник од 1470 км и е 11 по големина во Сончевиот систем.


Честичките кои паѓале од остатоците на месечината би се движеле со брзина на куршум и би биле со големина на безбол топче. Тие би удирале едно по едно по линијата на екваторот. Прво би се направиле дупки кои подоцна би се пополниле.
Други идеи се дека гребенот бил направен од вулкански ерупции. Но, во Сончевиот систем нема нешто слично за да може ова да се спореди. За сите теории да можат да се сметаат како можни тие треба да исполнуваат три услови: зошто овој гребен стои на екваторот, зошто само на екваторот, и зошто само на Јапетус.

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2174
 
L

Liberation

Гостин
Затемнувањето на Сонцето на 4ти, видено од Штудгарт во 9:18


и некаде од Полска во 08:47
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Дали Јапетус имал своја мини-месечина
06.01.2011


Излезе нова теорија за тоа зашто сатурновиот сателит Јапетус личи на орев. Сателитот има мистериозен голем гребен кој покрива повеќе од 75% од неговиот екватор.



Научниците велат дека откривањето на причината за овој гребен била многу тешка. Тие предлагаат дека некогаш Јапетус имал своја мини-месечина но, поради разните сили орбитата на оваа мини-месечина се „распаднала“ и таа се „скршила“. По ова се оформил прстен од остатоци кој подоцна удрил во Јапетус блиску до неговиот екватор.

Гребенот на Јапетус е широк 100 км и на едно место висок 20 км. Колку за споредба Монт Еверест е висок 8.8 км. Јапетус има пречник од 1470 км и е 11 по големина во Сончевиот систем.


Честичките кои паѓале од остатоците на месечината би се движеле со брзина на куршум и би биле со големина на безбол топче. Тие би удирале едно по едно по линијата на екваторот. Прво би се направиле дупки кои подоцна би се пополниле.
Други идеи се дека гребенот бил направен од вулкански ерупции. Но, во Сончевиот систем нема нешто слично за да може ова да се спореди. За сите теории да можат да се сметаат како можни тие треба да исполнуваат три услови: зошто овој гребен стои на екваторот, зошто само на екваторот, и зошто само на Јапетус.

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2174
Хмм не би рекол.Пологично ми е гребенот да е создаден од тектонски движења отколку од распаднат сателит.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Хмм не би рекол.Пологично ми е гребенот да е создаден од тектонски движења отколку од распаднат сателит.
Не ми се верува да се тектонски движења. Сателитот е премногу малечок за да има тектонски движења што можат да направат толкави промени. Сепак треба да има некое друго влијание, како гравитација на поблизок објект за да го измести толку многу.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ништо чудно.Меѓутоа во никој случај не е создадено од остатоци од друго небесно тело.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Кеплер фати карпеста планета
13.01.2011

Вселенскиот телескоп Кеплер на НАСА, наменет за откривање на планети околу други ѕвезди, успеа да направи историски лов, под наслов – Кеплер 10b. Таа е најмалата, а при тоа и карпеста планета, откриена надвор од Сончевиот систем. Станува збор за 4.6 пати помасивна, а само 40% поголема планета, во споредба со Земјата.

Кеплер 10b се движи околу матичната ѕвезда, компјутерски приказ
Кеплер 10b се наоѓа 560 светлински години далеку од нас, во соѕвездието Cygnus. Оваа егзопланета е оддалечена само 2.5 милиони км. од својата матична ѕвезда, околу која заобиколува еднаш во текот на 20 часа. На нејзината површина, температурата изнесува 1300˚C, доста потопло, отколку врелата вулканска лава. Иако, со дијаметарот и градбата е блиска до Земјата, оваа егзопланета, со сигурност не е погодна за живот. Без вода, која не може да се задржи во тамошните услови, преголемите вруќини и изложеноста на зрачење од матичната ѕвезда, за постоење на живот, за каков ние знаеме, не може да стане ни збор.
Но, на астрономите, ова откритие им е посебно важно, како поради самите карактеристики на новооткриената планета, така и поради, очигледните технички можности на Кеплер, во потрагата за светови слични на Земјата.

Положбата на Кеплер 10b, во однос на составот и градбата на останатите егзопланети и Земјата
До ова откритие се дошло со постојани истражувања од вселенскиот телескоп Кеплер, а податоците се собирани од мај 2009 год. до јануари 2010 год. Овие податоци подоцна, се поделени и со останатите астрономски центри (Кеck Observatory), кои со независна обработка, го потврдиле нивното откритие. Научната работа за ова, го објавил угледниот весник - Astrophysical Journal.
Според најновите известувања, се чини дека оваа планета не е осамена. Постојат озбилни индиции дека “овде” се наоѓа уште една планета, која е најмалку двапати поголема од Земјата, со орбитални периоди од 45 дена.

Шематски приказ на фотометриски потпис од егзопланетата
Кеплер со своите 24 високо осетливи сензори, константно ги прати најмалите промени на спектарот и сјајот на над 150.000 ѕвезди, во т.н. Кеплерово видно поле, кое го опфаќа подрачјето во соѕвездието Cygnus и Lyra. Појавата на “сомнителни сигнали”, укажува на можно постоење на планета околу друга ѕвезда, кое потоа, посебно се следи и споредува со податоците собрани во текот на годината. Често во потрагата и во конечната потврда на откритијата, се вклучуваат и други вселенски телескопи, но и телескопи од Земјата. Досега, се потврдени откритијата на над 500 планети околу други ѕвезди.



http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2187
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
ОТКРИЕН ПРВИОТ ВУЛКАН КОЈ ИСФРЛА МРАЗ ВО ВСЕЛЕНАТА?

Вселенското летало на НАСА, Cassini на Титан откри формација која исфрлува мраз налик на вулканите на Земјата кои исфрлуваат лава.




Податоците за нивниот состав и топографијата се првиот доказ за постоењето на вулкани кои исфрлаат мраз во Сончевиот систем. Резултатите беа презентирани на американската геофизичка конференција во Сан Франциско.

- Тродимензионалната карта од вулканот Sotra Facule многу наликува на картите од вулканите на Земјата како Етна во Италија и Лакија на Исланд, изјави Еандолф Кирк, водач на проектот.


Вулканите можат да ги објаснат геолошките сили кои ги обликуваат некои од најегзотичните места во нашиот Сончев систем. На пример на Титин, тие можат да објаснат како метанот постојано се обновува во атмосферата и покрај тоа што Сончевите зраци непрекинато ги разградуваат неговите молекули.

Сондата Cassini лансирана е на 15-ти октомври 1997-та година, а во орбитата на Сатурн влезе во 2004-та година. Сатурн има повеќе од 60 познати сателити, од кои најголем е Титан.




Еве линк има и видео едно .. :http://www.idividi.com.mk/Futurama/Planeta/648345/index.html
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Може ли некој да ми посочи некој сајт или некоја листа од сите можни Хемиски елементи кои се сретнуваат на сите познати планети во сончевиот систем?
По можност на Кирилица се разбира.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Може ли некој да ми посочи некој сајт или некоја листа од сите можни Хемиски елементи кои се сретнуваат на сите познати планети во сончевиот систем?
По можност на Кирилица се разбира.
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=10

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=11 - Меркур

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=12 - Венера

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=13 - Земја

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=15 - Марс

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=16 - Јупитер

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=17 - Сатурн

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=18 - Уран

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=19 - Нептун

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=20 - Плутон



Се е на македонски. :)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Сојуз повторно ги отвора вратите за вселенските туристи
18.01.2011


Од 2013 год. па натаму, Сојуз повторно ќе ги прими туристите на десетдневни мисии на Меѓународната вселенска станица – ISS.

Сојуз повторно ги прима астронаутите – аматери, популарно наречени вселенски туристи
Space Adventures во соработка со руската Federal Space Agency (FSA), Rocket Space Corporation Energy (RSC Energy), се договориле за три мисии со вселенски туристи со Сојуз, почнувајќи од 2013 год. Привременото стопирање на “туристичкиот превоз” во Сојуз, не било предизвикано од проблеми или поради неисплатливост, туку поради неможноста, да во текот на четири лета, според годишниот распоред на возење, да се изнајде слободно место за некаква вон службена програма. Смените на астронаутите на ISS, со таков интензитет на праќање на Сојуз во Вселената, биле со максимум можности. Но, работите се промениле, со оглед на зголемениот број на градења и интензитет на годишни летови на Сојуз, од четири на пет мисии.
Денис Тито, бил првиот астронаут – аматер во Вселената. Цената на десетдневен лет во Вселената, во меѓувреме, пораснала од 20 на 40 милиони американски долари, но интересот на богатите за вселенските летови не се намалил. Интересот за лет во Вселената е доста поголем, отколку техничко – организациските можности. Поради тоа, не треба да чудат големите вложувања во вселенските капацитети (нови високотехнолошки и исплатливи договори) на неколку озбилни приватни компании, ширум светот.

Една од нив е и Inter Orbital Systems од САД, чиј лет на капсулата се очекува во наредните две до три години. Интересно е да се спомене и тоа дека во нивната капсула ќе лета Мирослав Амбруш, сегашен водител на меѓународниот тим SYNERGY MOON, на кого од неодамна им се придружи и астрономското друштво Видулини (Хрватска) во проектот Google Lunar Xprize).

Сепак, само Space Adventures има капацитет и искуство за праќање на туристи во Вселената. Во текот на изминатите десет години, во нивните аранжмани во Вселената, летале 7 астронаути – аматери, кои “горе” вкупно поминале нешто помалку од три месеци и поминале преку 60 милиони км., а за доживувањето на Вселената од прва рака, Space Adventures го зголемил износот за 200 милиони американски долари.

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2196
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
После 40 години, на пат за Вселената
19.01.2011

После долги 40 години,од магацините на руската NPO Mashinostroyenie, излегле две целосно комплетирани вселенски станици, како и неколку вселенски бродови (TKS), кои служат за транспорт на луѓе и опрема. Приватната американска компанија -Excalibur Almaz, со канцеларии во Хјустон и Москва, во договор со руската компанија NPO Mashinostroyenie, ги откупила во 70-те години направените вселенски станици и бродови. Некогашните тајни воени проекти, никогаш не полетале кон Вселената, иако тестирањата биле завршени, опремувањето на истите, практично веќе било завршено.

Шематски приказа на TKS
Четириесет години подоцна, во светот на глобализацијата, се случува понекогаш незамисливо сценарио. Американската компанија, ќе ги искористи поранешните тајни Руски воени ресурси, за потребите на приватната, комерцијална вселенска програма.

TKS во магацин по 40 години од производството
Excalibur Almaz, сега мора да ја одработи сложената работа на земјино тестирање и да изврши проверки на купената опрема, пред да започнат првите експериментални летови во Вселената. Сега, останува надежта дека веќе во 2013 год. ќе бидат спремни за лансирање. За озбилноста, говори и фактот на потпишување на договорот со Sea Launch, меѓународниот конзорциум, кој зад себе има повеќе од 30 лансирања, како и нивните извршени прилагодувања на капацитетите за лансирање на Алмаз елементите во Вселената. Треба ли да се спомене и тоа дека Sea Launch, користи модифицирани Руски ракети, од типот на Зенит?

Алмаз по истоварањето на островот Ману
Одржувањето на вселенските станици, може да биде профитабилно со најмалку шест пилотирани вселенски бродови во годината. Руските TKS вселенски бродови, се базираат на технологијата, слична на Gemini и Mercury капсулата, но тие се доста поголеми и можат да се користат десетина пати!

Excalibur Almaz во орбитата на Земјата, уметнички приказ
Алмаз - вселенската станица, во суштина е технолошки идентична со вселенските станици од типот на Saljut, MIR и во некои елементи со ISS. Некои од првобитните вселенски станици на Saljut, биле всушност, воени станици, од типот на Almaz.
Не се познати точните елементи на договорот за соработка на Excalibur Almaz, Sea Launch и NPO Mashinostroyenie, како ни точната сума на финансиските трансакции, но сигурно е дека тие се позитивни.

Пловната платформа Odyssey Sea Launch конзорциумот

Некогаш голобради инженери, а денес, одамна пензионирани во NPO Mashinostroyenie, најпосле ќе имаат шанса да видат како нивната работа користи, за она, за што го посветиле целиот својот живот. Од друга страна, некои други деца, ќе имаат шанса да ги направат своите експерименти, во бестежинска состојба, а сите на крај и да заработат.



http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2198
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Може ли некој да ми посочи некој сајт или некоја листа од сите можни Хемиски елементи кои се сретнуваат на сите познати планети во сончевиот систем?
По можност на Кирилица се разбира.

Повели.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
ATV Кеплер спремен за лет во Вселената
22.01.2011


Беспилотниот автоматски вселенски брод на Европската вселенска агенција (ЕЅА), Јохан Кеплер, е подотвен за лансирање кон Меѓународната вселенска станица (МВС) . Лaнсирањето е планирано за периодот помеѓу 15-19 февруари. Се работи за втро вселенски брод од ATV серијата, кој има за задача да достави големи количества на материјал до МВС.

Конечен изглед на ATV2
Во овој случај се работи за 8 тони научна опрема, гориво, храна и вода. Кога ќе биде лансиран овој ATV тоа ќе биде најтежкиот товар кој ЕЅА го има лансирано со својата ракета Ариана 5. Првиот ATV, со име Жил Верн, полета во 2008 и ги извршисите свои задачи како што бише планирано.

ATV приоѓа кон МВС. Уметнички приказ

Во меѓувреме на Кеплер биле извршени одредени поправки и подобрувања така да и тој со своите дваесетина тони во поптполно автоматизиран режим треба да пристигне на МВС. Кеплер има комплетно автоматизирн систем кој треба да му овозможи сосема безбедно да се спои со МВС. Раков??? што ти е ова??? систем уптравува сосема автоматски без никакво мешање на луѓе од контролната соба на Земја. Автоматиката треба да маневрира со Кеплер со прецизност од неколку сантиметри а доколку се случи нешто непредвидено тој има заштитни системи кои потоа ќе им овозможат на контролорите на Земја или на астонаутите од МВС да превземат контрола.

ATV Во фаза на подготовка и склопување

Лансирањето ќе биде од ракетодромот Короу во Француска Гвајана. Кеплер треба да се спои со МВС на 26-ти февруари, каде ќе остане околу три месеци. Потоа во неговата внатрешност астронаутите ќе го внесат сето она што не им е потребно, за потоа тој да се одвои од МВС и тргне кон самоуништувачка мисија каде со контролиран влез во земјината атмосфера ќе изгори и ќе падне некаде во Пацификот каде е најмала населеноста.

ATV верзија со капсула за сетување на корисен терет

ATV има цилиндична конструкција со должина од 10.3 метри и дијаметар од 4.5 метри, а со развиени соларни панели во вид на крила има ширина од 23 метри. Масата при лансирање е околу 20 тони, при што некаде околу 8 тони е корисен терет се наоѓа во простор од 50-тина метри кубни. ЕЅА планира да праќа секоја година по еден ATV кон МВС.


http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2207
 

Kajgana Shop

На врв Bottom