L
Liberation
Гостин
Orion ќе остане без десната рака
Планетата Земја кон крајот на годината би можела да добие уште едно сонце, тврдат австралиските научници.
Тоа ќе се случи кога ќе експлодира една од најсјајните ѕвезди на небото, која забрзано ја губи масата.
Оваа супернова би можела да биде најголем „лајт шоу“ од настанокот на Земјата, а ќе биде толку светла што ноќта ќе се претвори во ден, во период од една до две недели, тврдат експертите.
Ѕвездата „Бетелгеус“, која е во состав на соѕвездието „Орион“, оддалечен 640 светлосни години од Земјата, е црвен џин кој забрзано ја губи масата, што значи дека наскоро ќе експлодира.
А кога тоа ќе се случи ќе изгори толку силно што од Земјата ќе изгледа како на небото да има две сонца, пишува лондонски „Дејли мејл“, додавајќи дека сепак за сега е неизвесно времето на експлозијата.
Според професорот по физика на Универзитетот на Јужен Квинсленд, Бред Картер, експлозијата може да се очекува „кон крајот на оваа година или пак во некој момент на наредните милион години“