Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
L

Liberation

Гостин
Orion ќе остане без десната рака

Планетата Земја кон крајот на годината би можела да добие уште едно сонце, тврдат австралиските научници.
Тоа ќе се случи кога ќе експлодира една од најсјајните ѕвезди на небото, која забрзано ја губи масата.
Оваа супернова би можела да биде најголем „лајт шоу“ од настанокот на Земјата, а ќе биде толку светла што ноќта ќе се претвори во ден, во период од една до две недели, тврдат експертите.
Ѕвездата „Бетелгеус“, која е во состав на соѕвездието „Орион“, оддалечен 640 светлосни години од Земјата, е црвен џин кој забрзано ја губи масата, што значи дека наскоро ќе експлодира.
А кога тоа ќе се случи ќе изгори толку силно што од Земјата ќе изгледа како на небото да има две сонца, пишува лондонски „Дејли мејл“, додавајќи дека сепак за сега е неизвесно времето на експлозијата.
Според професорот по физика на Универзитетот на Јужен Квинсленд, Бред Картер, експлозијата може да се очекува „кон крајот на оваа година или пак во некој момент на наредните милион години:)


 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
И да се претвори со супернова, ќе бидат потребни децении дури светлината да стаса до Земјата.
Ако не грешам според оддалеченоста 640 години ќе бидат потребни за да стигне таа светлина до кај нас...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Можеби, ама па затоа ги има сондите таму горе за да ни покажат предвреме.
 
I

Intex

Гостин
Ако не грешам според оддалеченоста 640 години ќе бидат потребни за да стигне таа светлина до кај нас...
Под претпоставка се запали светло во моментов, и некој на оддалеченост од една светлинска година го наблудува, тој ќе ја забележи промената после точно година дена, под услов да се работи за идеални услови. Но не секогаш е така, па е потребно малку повеќе време од година дена, секунди може, ама е потребно повеќе време, поради
Е сега, бидејќи ние денес (претпоставка) го имаме забележано колапсот на таа некоја ѕвезда, а немаме телепортер со кој би успеале да го поебеме време-просторот и да бидеме таму, останува едно нешто: дека сме успеале да го забележиме копалсот кој во реално време се случил пред 640 години. Значи, претворањето во супернова кој допрва ќе го проследиме, веќе се случил пред толку време, останува ние само да бидеме у стил „мечка оро игра“, т.е. да гледаме.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Можеби, ама па затоа ги има сондите таму горе за да ни покажат предвреме.
Колку предвреме? Час два...
Пошто јас колку што знам, најоддалечената сонда, Војаџер е толку оддалечена од Земјата, со брзина на светлината - 3 часа.

Инаку во право си погоре... доколку експлодира сега ќе требаат векови дури да ја видиме ние...

--- надополнето ---

А можеби веќе експлодирала.
Да се надеваме дека е така, и да се надеваме дека тоа се случило пред повеќе од 600 години.... глетката ќе биде спектакуларна...
 
I

Intex

Гостин
Да се надеваме дека е така, и да се надеваме дека тоа се случило пред повеќе од 600 години.... глетката ќе биде спектакуларна...
Алелуја дека се случило пред 600 години. Како би го виделе од толкава оддалеченост ако се случило пред 5 минути?

--- надополнето ---

Да се надеваме дека е така, и да се надеваме дека тоа се случило пред повеќе од 600 години.... глетката ќе биде спектакуларна...
Алелуја дека се случило пред 600 години. Како би го виделе од толкава оддалеченост ако се случило пред 5 минути?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Алелуја дека се случило пред 600 години. Како би го виделе од толкава оддалеченост ако се случило пред 5 минути?

--- надополнето ---


Алелуја дека се случило пред 600 години. Како би го виделе од толкава оддалеченост ако се случило пред 5 минути?
???
Ништо се нема случено сеуште.... т.е. и да се има случено, нема начин да дознаеме... се додека светлината не допре до нас.
 
I

Intex

Гостин
???
Ништо се нема случено сеуште.... т.е. и да се има случено, нема начин да дознаеме... се додека светлината не допре до нас.
Во реално време се случило, ама кај нас сеуште не се „случило“ бидејќи не стигнало.:)
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Се подготвува нова мисија кон Меркур

По шест години летови и поминати повеќе од 60 милиони километри, двете летала - планетарниот орбитер на Европската вселенска агенција и Магнетосферниот орбитер на Јапонската вселенска агенција би требало во 2019 година да стигнат до Меркур.

„Поставувањето на летало во орбитата околу Меркур е многу тешко поради топлотните услови. Температурата е повисока од 400 степени, што бара нова технологија за сите материјали на надворешниот слој на леталото“, изјави менаџерот на проектот на европскиот орбитер Вепи Коломбо, Јан ван Кастерн.

Обвивката на орбитерот ќе биде од специјална бела керамика и тенка метална изолација. Една од површините ќе има радијатор за ладење и одбивање на штетните зрачења.

Како една од најголемите тешкотии се наведува конструирањето на соларните панели, бидејќи обичните соларни келии брзо би согореле.

„Соларните панели мора да имаат не само соларни келии туку и огледала, кои ќе одбиваат дел од светлото. Дури ако келиите би стоеле вертикално температурата би достигнала 150 степени“, истакна инженерот Антонио Каон.

Досега, планетата Меркур ја имаат посетено американските летала Маринер 10 и Месинџер во јануари 2008 година.

Орбитерот Вепи Коломбо треба детално да ја сними површината на планетата, додека јапонскиот орбитер ќе ја снима магнетосферата. Научниците се надеваат дека орбитерите ќе донесат податоци дали на Меркур има вода, а можеби и мраз.
 
I

Intex

Гостин
Не, друже, уште не знаеме ни дали се случило во реално време. :)
Дај бе, како може да не знаеме? Колку е оддалечено сонцето од нас? Цели 6 светлосни минути и 16 секунди. Ако под претпоставка сонцето во моментов згасне, онака без ништо, едноставно само згасне, колку време ќе ни биде нас потребно да видиме дека згаснало? Ај погодувај.:D
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Дај бе, како може да не знаеме? Колку е оддалечено сонцето од нас? Цели 6 светлосни минути и 16 секунди. Ако под претпоставка сонцето во моментов згасне, онака без ништо, едноставно само згасне, колку време ќе ни биде нас потребно да видиме дека згаснало? Ај погодувај.:D
6 светлосни минути и 16 секунди.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom