Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.398
- Поени од реакции
- 5.030
Орион, сепак, ќе лета во Вселената
18.12.2010
Орион е нов тип на американски вселенски брод, кој во напуштената програма “Constellation” (враќање на луѓе на Месечината), требало да врши превоз на астронаути. Претседателот на САД, Барак Обама, ја стопирал веќе започнатата “Constellation”, поради енормните трошоци, но и поради технички причини. Сепак, се чини, дека дел од американските долари досега вложени во програмата, нема да бидат фрлени во ветер. Освен, прифаќањето на новите технологии, кои без разлика, дали сега или покасно ќе се искористат, светла иднина би можел да доживее, токму вселенскиот брод Орион.
овде вметни текст
Конгресот на САД, одобрил приватни проекти, кои имаат за цел снабдување на Меѓународната вселенска станица – ISS, со можноста да им се довери и испраќање на луѓе во Вселената. Но, сепак, сé чини, дека компанијата Lockheed Мartin и НАСА, би можеле да го реанимираат Орион, и тоа како резервен план на американската влада, доколку, приватните компании не успеат да ги задоволат барањата, кои се предвидени за во блиска иднина на американската вселенска програма.
Орион, може успешно во Вселената, со помош на ракетата Delta – IV. Сите потребни доработки и промени, Lockhed Martin и НАСА, можат со минимални трошоци, да ги реализираат за помалку од три години, а првиот лет со беспилотна верзија на Орион, да биде остварен во 2013 год.
Во суштина, иако се работи за целосно ново летало, основниот концепт на лансирањето, летот и слетувањето, е познат од Аполо ерата. Истиот, се покажал како сигурен и ефективен, сличен на Руските “Сојузи”.
Иако, се работи за идеја, Орион во ново издание, има сé повеќе шанси да “воскресне”. Во тој случај, НАСА би ја користела веќе постојната инфраструктура, а досега објавените истражувања, би овозможиле релативна брза реализација на оваа идеја. Државниот Орион и приватниот Dragon, би биле соседи на ракетодромот во Флорида, многу блиски во самиот профил на мисијата, а и слетувањата би ги реализирале на истото место, недалеку од брегот на Калифорнија во Тихиот Океан.
Откако, во 2011 год. флотата на шатловите ќе биде во целост пензионирана, Американците повеќе не би имале капацитет за праќање луѓе во Вселената. Ќе се ослонат само на една врста на вселенски бродови, и тоа на приватни компании, кои покрај сите суперлативи за неговото работење и резултати, сепак, сé уште, нема оперативно искуство. Веројатно, тоа ќе биде доволна причина, Конгресот да одобри враќање на Орион. Изненадувањата се случуваат, зарем не!?
Астрономија
Добро е, не отидоа сите пари од проектот Констелејшн за џабе, ќе видиме барем нешто.