Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.247
Поени од реакции
4.850
Во Вселената има три пати повеќе ѕвезди
07.12.2010


Најновите астрономски истражувања со помош на џиновските телескопи од Keck Observatory од Хаваите, укажуваат како бројот на ѕвездите е многу поброен, отколку што до денес се мислеше.

Питер ван Докум, од Yale University, изјавил за Nature’s Advanced Online Publication, дека тукушто направените истражувања и нивните резултати, можат во голема мера да го променат нашето разбирање за Вселената.

Уметничка претстава на црвено џуџе
“Малите ѕвезди кои ги нарекуваме црвени џуџиња, по сé изгледа дека нивниот број е многу поголем, отколку што ние до сега тоа го мислевме. Ѕвездите – црвени џуџиња се многу тешки, речиси невидливи објекти за забележување во нашата галаксија, а да не говориме за подалечните галаксии. Но, благодарејќи на новите техники на детекција, воочивме дека станува збор за многу поголема популација на тие објекти во Млечниот пат, но и во некои галаксии оддалечени 50 до 300 милиони светлински години од нас”, вели Питер ван Докум.
Вистината е дека никој не знае колку всушност има црвени џуџиња. Објектите кои се на граница од големината/масата, помеѓу планетите и ѕвездите, имаат пет до десет пати помала маса од нашето Сонце, кое припаѓа во друштвото на малите ѕвезди.

Чарлс Конрој, од Harvard – Smithsonian Center for Astrophysics, вели дека новите истражувања, укажуваат дека популацијата на црвените џуџиња може е и 20 пати побројна, отколку што се мислеше до сега. Со оглед на тоа, дека до сега мислевме дека таквите ѕвезди сочинуваат само 10 – 20 % од вкупната популација на сите ѕвезди, тоа значи дека вкупниот број на ѕвезди во Вселената, би можел да биде 3 – 4 пати поголем, отколку што се мислело до сега. Ова големо откритие, ќе го промени нашето познавање за формирањето на ѕвездите, галаксиите и нивните еволуции, вели Конрој.

Бројот на ѕвезди во Вселената, неколку пати е поголем, отколку што се мислело
Сигурно, и овде се крие дел од “масата која недостасува” во Вселената. Така, спрема астрофизичките теории, Вселената, би требало да биде за неколку десетина пати, помасивна од масата, која успеавме да ја “пресметаме”, врз основа на податоците и објектите, кои можеме да ги видиме или докажеме. За крај, тоа значи дека околу сите тие ѕвезди се наоѓа и огромен број на планети, а на неколку од нив, сигурно постојат и услови за живот. Бројките за кои говориме, покажуваат дека не станува збор за милијарди, туку за трилиони, заклучува Конрој.

Астрономија
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Јас се разочарав најискрено, зошто на начинот на кој ја организираа прес-конференцијата изгледаше како да ќе објават нешто 100 пати позначајно од тоа што го објавија.

Навистина едно време мислев дека ќе соопштат дека потврдиле живот на некое парче Марсов камен, или дека октриле живот на Титан со "Казини" сондата.

Да не бидам сфатен погрешно, астробиологијата како еден домен од општата наука ми е многу драг, и секогаш читам најнови информации во таа насока, и секако оваа вест ќе натера многумина да си ги препишат книгите и трудовите објавени со ваква тематика, бидејќи ова како информација навистина ја менува дефиницијата за живот која ја одржуваа до сега многубројни научници.

Сепак, се работи за НАСА, така што можеби и самиот се залажав дека ќе биде нешто посериозно од тоа што беше објавено. Сепак, hats down за девојката која го направила овој пронајдок. Ако продолжи вака, ми мириса на Нобелова :wink:.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
На работ на Сончевиот систем се наоѓа голем темен објект кој „фрла“ комети кон Земјата и останатите планети во Сончевиот систем, тврдат научниците. Нивните најнови пресметки покажуваат дека во облакот Оорт постои објект четири пати поголем од Јупитер кој кон Сончевиот систем „праќа“ комети.

Големиот број коменти кои доаѓаат до Сончевиот систем доаѓаат од надворешниот дел на облакот Оорт, кој се состои од ледена прашина и остатоци уште од деновите на раѓањето на Сончевиот систем. Во него се наоѓаат и милијарди скриени мали комети.

Ова откритие сугерира дека во облакот постои објект дури четири пати поголем од Јупитер, кој би можел да биде одговорен за „лансирањето“ на кометите кон Сончевиот систем. Имено, научниците пресметаа дека на околу 25% од кометите им треба објект голем барем колку Јупитер, кој би ги пратил кон внатрешноста на Сончевиот систем.

Астрофизичарите Џон Матис и Дениел Витмир од универзитетот во Луизијана го проучуваа Оортовиот облак со помош на WISE, телескопот на NASA.

Но, научниците имаат и теорија дека можеби сепак се работи за некоја скриена ѕвезда. Ја нарекоа Немезис, а можно е токму таа ѕвезда на својата траекторија редовно да влегува во Оортовиот облак и да ги изменува орбитите на многу комети, праќајќи ги кон внатрешноста на нашиот систем, пишува Daily Mail.

http://kajgana.com/nauka/masiven-crn-objekt-ispaluva-kometi-kon-nas
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.247
Поени од реакции
4.850
На работ на Сончевиот систем се наоѓа голем темен објект кој „фрла“ комети кон Земјата и останатите планети во Сончевиот систем, тврдат научниците. Нивните најнови пресметки покажуваат дека во облакот Оорт постои објект четири пати поголем од Јупитер кој кон Сончевиот систем „праќа“ комети.
Ха, доста мистериозно... објект 4 пати помасивен од Јупитер...
Тоа би можело да е кафеаво џуџе, или пак неутронска ѕвезда...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.247
Поени од реакции
4.850
Во вселенските ветрови пуштено е Nanosail-D на НАСА


Уметнички приказ на сатеалитот Nanosail-D. Тој ќе биде првенец во технологијата за соларно едрење
Веќе 40 години соларните едра биле само идеја на инжинерите и ентузијастите за вселената, и затоа сега НАСА направи битен чекор со тестирањето на технологијата за соларно едрење, со цел да се искористи во иднина за вселенските бродови.

Вселенското летало Nanosail-D беше лансирано на грбот на друг сатеалит во Петок на 19-ти ноември во 20:25 часот од островот Кодиак во Аљаска. Двата сатеалита беа сместени во ракетата Минотаур 4, и Nanosail-D успешно се оддели без да ги отвори едрата. Ова е успех кој ветува многу за иднината на технологијата на соларните едрења и малите сатеалити.

Сатеалитот Nanosail-D кој најчесто се опишува како “векна леб“, се оддели од сатеалитот Affordable, Science and Technology Satellite (FASTSAT) во 1:31 часот на 6-ти декември. Ова за НАСА не е само прв обид да развива соларно едрење во вселената, туку е прв пат да еден нано-сатеалит е одделен од друг сатеалит, докажувајќи дека е можно да се испратат повеќе сатеалити заедно во орбита во исто време.

Nanosail-D е нано-сатеалит кој е дизајниран да го тестира потенцијалот на соларните едрења во атмосферските кочења. Вакви едра, направени од ултра-тенок и лесен материјал (во овој случај полимер ЦП1), може да се искористат за испраќање на вселенски брод надвор од нашиот Сончев систем. Nanosail-D ќе биде насочен во ниска орбита околу Земјата, околу 650 км во висина. Едрата ќе служат да покажат како може таа технологија да ги успори сатеалитите кога им е потребно да излезат од орбита.

Во моментот сатеалитите кои треба да излезат од орбита вршат маневри каде трошат многу гориво бидејќи го користат својот мотор. Nanosail-D ќе ги отвори своите соларни едра и ќе орбитира 70-120 денови, полека наближувајќи се до атмосферата на Земјата и ќе изгори.

Бидејќи ќе орбитира толку блиску до Земјата, неговиот потенцијал за тестирање за соларни едрења не е фокус на мисијата туку отворањето на едрата е огромен инжинерски потфат. Ова е совршен експеримент да се види дали начинот на отворање на едрата во вселената работи.

Овие денови треба да се исфрлат и отворат едрата и за неколку секунди тие ќе ја достигнат должината во обем од 10 м2.

Првиот Nanosail-D кој е отворен во лабораторијата заедно со тимот на мисијата
“Исфрлањето работи на начин спротивен од начинот на кој се мери должина со метро. Кога мериме со метро, го извлекуваме и тоа стои стабилно, а кога ќе го пуштиме слободно тоа веднаш се враќа во првобитна состојба. Со Nanosail-D ние го имаме обратното. Околу центарот на сатеалитот имаме поставено пружини кои за околу 7 дена по лансирањето се исфрлаат“ вели Дин Алхорн, кој е главен истражувач и воздухо-космички инжинер во Центарот за Вселенски Летови во Маршал.

Во минатото постоеле и други обиди за лансирање и исфрлање на соларни едра, но овој случај гласи како најдолг експеримент. До сега Јаха и Руската вселенска агенција имаат успешни експерименти со соларни едра. Јаха го имаат лансирано едрото кое личи на детелина во 2004 година, и тој траел околу 400 секунди. Тие исто така го имаат лансирано вселенското летало ИКАРОС во мај 2010 година кое во моментот е на пат кон Венера, и ќе одлета кон спротивната страна на Сонцето гледано од Земјата. Русите имаат успешно испратено 20 метарско огледало преку мисијата за набавки Прогрес М-15, до Мир во 1993 година. Огледалото е наречено Знамија 2, и тоа има направено светла точка на земјата со димензија од 5 км, и која се движела од јужна Франција до западна Русија, и орбитирала неколку часа пред да изгори.

Планетарното здружение е најмногу ентузијастично за подршката на технологијата за соларно едрење. Тие во моментот развиваат соларно едро, наречено Lightsail-1, кое е слично на Nanosail-D. Здружението пробало во 2005 година да лансираат едно соларно едро наречено Cosmos 1, но ракетата која го носела сатеалитот не го исфрлила за време на втората фаза, и леталото било изгубено.

Инаку Nanosail-D е втор обид, бидејќи првиот кој бил направен во 2008 година, одлетал со ракетата Falcon 1 и изгорела во атмосферата. Поради тоа инженерите ја развиле технологијата уште повеќе, и тие го создале Nanosail-D.
Даг Хјуи кој е техничар истражувач во Универзитетот во Алабама, го подготвува вселенското летало за пробното лансирање. Леталото е со димензии 10cm X 10cm X 33 cm, 4kg
Планетарното здружение за малку ќе работело заедно со тимот на Nanosail-D, но во последен момент тимот добил слободно место во лансирањето на FASTSAT. И поради сето ова, здружението работи веќе на Lightsail-D.


Астрономија
 

Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Баш интересно, знаев дека многу далеку сме стигнати со технологијата за соларна енергија и нејзина употреба, ама незнаев дека е влезена во фаза на тестирање за соларно едрење...
Убаво убаво...

Оф топик: Ова ме потсети на една епизода од Стар Трек сезона 3 епизода 22 - Explorers
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ова веќе уште во 80те години се дрвеше по форуми за заговори, НЛОа и слични, навидум, збиралишта на психотични луѓе, и тие кои имаат проблем со "реалноста". Зборам за ова, новотеоризираново сонце на работ од Оортовиот Облак. Сега имаат и официјално име за него - Tyche.

Дека Сончевиот систем има повеќе од едно Сонце го дрвев одамна, и во темата за 2012 и Нибиру, и во темата за Човештво и разни теории за негово настанување. КОлку што се сеќавам, сите ме исмејуваа, само за сега да се појават и научници и теоретски физичари кои го постулираат ова како научна теорија. Одеднаш, како магија, има и смисла и логика, бидејќи доаѓа од научници нели? Кој ги шиша останатите кои декади претходно го обработувале истото.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Неможе да е сонце ниту остаток од сонце.Џуџето и неутронската ѕвезда зрачат рендген зраци.Ќе се откриело многу порано.Мора да е планета, или пак грешка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom