НАСА ја чека светла иднина
Вселенската агенција НАСА во четвртокот ги откри плановите за изменетата вселенска програма, која првично ќе се фокусира на технологијата за развој што е неопходна за да се испратат луѓе на Марс. Во новата програма, исто така, е предвидена и промоција на развојот на комерцијалните такси-услуги, како и опкружување на нашата планета со синџир од сателити што ќе ги следат климатските промени. Плановите беа изложени во периодот кога НАСА се подготвува да &“38; стави крај на својата програма со вселенските бродови, кои ќе бидат повлечени од употреба на крајот од оваа година. Се очекува со тој потег без работа да останат илјадници луѓе што се специјализирани за работа со овие летала. Од НАСА јавуваат дека новата програма ќе ги опфати десетте нејзини најголеми центри. Така, вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон ќе ги раководи технолошките демонстрации што ќе се случуваат во текот на реализацијата на петгодишната програма во која ќе бидат вложени шест милијарди долари. Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида ќе биде одговорен за помошта што НАСА им ја дава на приватните компании што ќе треба да развиваат транспортни услуги во орбитата. Центрите во Мериленд, Калифорнија и во Охајо ќе работат со кампањата за опсервација на Земјата, чијашто цел е да се следат климатските промени. Претседателот Барак Обама предложи додавање две милијарди долари на годишниот буџет на агенцијата од 18 милијарди долари за периодот од 12 месеци, кој ќе почне на 1 октомври. Директорот на НАСА, Чарлс Болден тврди дека тоа ќе резултира со отворање нови работни места. - Ние сега ќе го рашириме бројот на програми со кои располагаме за да вработиме луѓе што се заинтересирани за вселенскиот развој. Дали ќе успееме да ги вработиме сите што работеа во програмата со вселенските бродовите? Не. Но, тоа никогаш и не била нашата визија &“8211; истакна тој. Болден објасни дека отпуштањето на работната сила за НАСА претставува причина за загриженост, но нагласи и дека тоа треба да се сфати како напредок. - За жал, ако погледнете на која било технолошка дејност, со индустрискиот прогрес останува с* помалку простор за работите што се изведуваат рачно &“8211; рече Болден. Сепак, тој на крај изјави и дека контроверзната „визија“ на Обама изгледа лесно достапна и остварлива. - Со новиот буџет НАСА добива поттик во периодот кога финансирањето е скромно. Тоа ќе ни овозможи да ги оствариме нашите амбициозни истражувања и да дојдеме до нови научни откритија, што беше главна карактеристика за агенцијата низ историјата &“8211; истакна Болден. Тој објасни дека буџетот на НАСА &“38; овозможува да стигне до дестинации надвор од орбитата на Земјата и обезбедува развој на технологија со која ќе може да се оствари тоа. НАСА има план да изведе уште три мисии со вселенски бродови до Меѓународната вселенска станица со што би била комплетирана и нејзината конструкција. Со новата американска програма траењето на Станицата се продолжува најмалку до 2020 година.
„Констелација“ во новата програма
Со новиот буџет што го одреди Обама, меѓу другото, се укинува и иницијативата за вселенско истражување позната како „Констелација“, чијашто цел беше враќање на астронаути на Месечината до 2020 година. Сепак, елементи од „Констелација“ може да бидат вклучени во новите програми, што вклучува развој на нови ракети со кои луѓе, роботи и товар ќе се праќаат до астероиди, до Марс и до други објекти од Сончевиот систем.
######
Нема шо, ја зафркнаа НАСА.....
Некако како да ги заменуваат местата со Русите...главна цел на Русите пред неколку децении им беше лансирањето во орбита на Земјата, сателити, станици и сл, додека малку испраќаа мисии надвор од Земјината орбита, а денес се се повеќе ориентирани кон Месечината, Марс и сл...
Не знам што му е филмот на Американциве...