Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Најдов на старо konusmotor 114 и ги најдов овие податоци за него:
Diameter:
114 mm (4".5)
Focal lenght:
900 mm (35")
Focal ratio:
f/8
Magification (with supplied eyepieces):
90x and 53x
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.182
Поени од реакции
4.822
Најдов на старо konusmotor 114 и ги најдов овие податоци за него:

Diameter:
114 mm (4".5)
Focal lenght:
900 mm (35")
Focal ratio:
f/8
Magification (with supplied eyepieces):
90x and 53x
Од сликите не можам да видам ништо, не се гледа дали е рефрактор или рефлектор, ама има добро зголемување, како за почетници.
Со овој телескоп може да се видат доста нешта....
Која му е цената?
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Рефрактор е.Цената е 300 евра што според мене е нереална затоа што истиот во странство е 200 долари.Ќе се ценкам па може ќе спуштам и на 200 евра.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.182
Поени од реакции
4.822
Јупитер


телескопот што он сака да го земе е со тродупло помала бленда 60мм
Ова се одлични карактеристики за аматерски, почетнички телескоп.
Единствено, (не знам зошто, најверојатно заради одбивањето на светлото) на видеото не се гледаат шарите на Јупитер...
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
Каков состав фузија е фузија...и Да може да биде објектот потопол посебно ако е помал,или пак ако е близу до ѕвездата и истиот да има мноогуу апсорбери на топлина,или пак евентуално при креирањето на Планетите баш тој мистериозен објект добил доволно Водород(вода) башка деутериум...така да можеби станува збор за планета кај која е иницирана фузија-ова може да се докаже со тек на време...

П.С бинарен систем е друго,и не мора да има иста температура-туку кај бинарните ѕвезди карактеристика е "судирот" на гравитацијата па така објектот со помала Гравитација си добива орбита и Ако беше ова бинарен систем...ќе се знаеше

ако мистериозниот објектот е планета ондак како може да биде поврела од звездата околу која кружи кога самата ѕзезда е она која ја 'затоплува' планетата?
мене не ми е јасно како може планетата да има у неа деутериум а ѕвездата околу која кружи да нема
башка дури и да е поврела
 
S

smart ass

Гостин
Епа може со текот на креирањето на тој сончев систем.

А ако имаме вода и тро јадро која се оформила во моментот тогаш ДА можно е да се иницира Фузија(а можно е и да бил чист деутерилум ил тритиум...+ пак вода,па мал дел метали и гасови...ама ете мал е...Спектограм од Гама и Х RAY можат да дадат одговор.

Значи доволно е ВОДА 70% во ПЛАНЕТАТА!!.

И да знаеш во секоја звезда има ВОДОРОД Т.Е изотопи негов и ДЕУТЕРИУМ и ТРИЦИУМ,а) водородот е НАЈЛЕСЕН па затоа тежнее кон центарот или поточно види настанување соларни системи ќе ти би јасно.
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
Ова се одлични карактеристики за аматерски, почетнички телескоп.
Единствено, (не знам зошто, најверојатно заради одбивањето на светлото) на видеото не се гледаат шарите на Јупитер...

400 евра е одприлике :)
сликата на видеото е лоша поради шо е снимано со обична вебкамера али сепак којзнае колку подобар поглед не верувам да има и со добра камера

овие дапсоновиве типови на телескоп ептен ми праат кеиф ради што се едноставни за користење баш се за аматерска употреба ко за мене да се праени :) конкретно овој модел е ептен добар јес да е со најмала бленда од неговата серија.
со овој мислам дека детално може да се видат кратерите на месечината дури и оние помалите

Рефрактор е.Цената е 300 евра што според мене е нереална затоа што истиот во странство е 200 долари.Ќе се ценкам па може ќе спуштам и на 200 евра.
феникс шо напраи
според мене 300 евра за тој телескоп и не е до толку скапо ако го купуеш од тука
јас ти препорачувам сепак да нарачаш од интернет ем ново ке земеш ем помалце пари ке дадеш или приближно исто ново е ново
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.182
Поени од реакции
4.822
НАСА ја чека светла иднина

Вселенската агенција НАСА во четвртокот ги откри плановите за изменетата вселенска програма, која првично ќе се фокусира на технологијата за развој што е неопходна за да се испратат луѓе на Марс. Во новата програма, исто така, е предвидена и промоција на развојот на комерцијалните такси-услуги, како и опкружување на нашата планета со синџир од сателити што ќе ги следат климатските промени. Плановите беа изложени во периодот кога НАСА се подготвува да &“38; стави крај на својата програма со вселенските бродови, кои ќе бидат повлечени од употреба на крајот од оваа година. Се очекува со тој потег без работа да останат илјадници луѓе што се специјализирани за работа со овие летала. Од НАСА јавуваат дека новата програма ќе ги опфати десетте нејзини најголеми центри. Така, вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон ќе ги раководи технолошките демонстрации што ќе се случуваат во текот на реализацијата на петгодишната програма во која ќе бидат вложени шест милијарди долари. Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида ќе биде одговорен за помошта што НАСА им ја дава на приватните компании што ќе треба да развиваат транспортни услуги во орбитата. Центрите во Мериленд, Калифорнија и во Охајо ќе работат со кампањата за опсервација на Земјата, чијашто цел е да се следат климатските промени. Претседателот Барак Обама предложи додавање две милијарди долари на годишниот буџет на агенцијата од 18 милијарди долари за периодот од 12 месеци, кој ќе почне на 1 октомври. Директорот на НАСА, Чарлс Болден тврди дека тоа ќе резултира со отворање нови работни места. - Ние сега ќе го рашириме бројот на програми со кои располагаме за да вработиме луѓе што се заинтересирани за вселенскиот развој. Дали ќе успееме да ги вработиме сите што работеа во програмата со вселенските бродовите? Не. Но, тоа никогаш и не била нашата визија &“8211; истакна тој. Болден објасни дека отпуштањето на работната сила за НАСА претставува причина за загриженост, но нагласи и дека тоа треба да се сфати како напредок. - За жал, ако погледнете на која било технолошка дејност, со индустрискиот прогрес останува с* помалку простор за работите што се изведуваат рачно &“8211; рече Болден. Сепак, тој на крај изјави и дека контроверзната „визија“ на Обама изгледа лесно достапна и остварлива. - Со новиот буџет НАСА добива поттик во периодот кога финансирањето е скромно. Тоа ќе ни овозможи да ги оствариме нашите амбициозни истражувања и да дојдеме до нови научни откритија, што беше главна карактеристика за агенцијата низ историјата &“8211; истакна Болден. Тој објасни дека буџетот на НАСА &“38; овозможува да стигне до дестинации надвор од орбитата на Земјата и обезбедува развој на технологија со која ќе може да се оствари тоа. НАСА има план да изведе уште три мисии со вселенски бродови до Меѓународната вселенска станица со што би била комплетирана и нејзината конструкција. Со новата американска програма траењето на Станицата се продолжува најмалку до 2020 година.

„Констелација“ во новата програма


Со новиот буџет што го одреди Обама, меѓу другото, се укинува и иницијативата за вселенско истражување позната како „Констелација“, чијашто цел беше враќање на астронаути на Месечината до 2020 година. Сепак, елементи од „Констелација“ може да бидат вклучени во новите програми, што вклучува развој на нови ракети со кои луѓе, роботи и товар ќе се праќаат до астероиди, до Марс и до други објекти од Сончевиот систем.


######

Нема шо, ја зафркнаа НАСА.....
Некако како да ги заменуваат местата со Русите...главна цел на Русите пред неколку децении им беше лансирањето во орбита на Земјата, сателити, станици и сл, додека малку испраќаа мисии надвор од Земјината орбита, а денес се се повеќе ориентирани кон Месечината, Марс и сл...
Не знам што му е филмот на Американциве...:toe:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.182
Поени од реакции
4.822
Еве и официјално:


Обама најавува летови на Марс

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД планираат да испратат вселенски екипаж на Марс.
Зборувајќи во Вселенскиот центар во Кејп Канаверал, во Флорида, Обама рече дека до 2025 година ќе биде направен нов вселенски брод за долги патувања.
„Ќе почнеме така што ќе испратиме за првпат во историјата астронаути на астероид. До средината на 30-те години, верувам дека ќе може да испратиме луѓе во орбитата на Марс и да ги вратиме безбедно на Земјата“, изјави американскиот претседател.
Тој додаде дека за следните пет години се издвоени шест милијарди долари за програми на НАСА. Тие пари се наменети за роботски истражувања на соларниот систем, нови мисии на Марс како и нов телескоп, а ќе се зголеми и надгледувањето на Земјата заради разбирање на климата.
Обама ги отфрли критиките дека во таа област не е добро да се работи со приватниот сектор.
Тој најави дека ќе се инвестираат три милијарди долари за истражување да се произведе напредна ракета со голема носивост. До 2015 година треба да биде завршен новиот дизајн на ракетата, а потоа да почне производството.
„Со новиот план, во иднина побргу и почесто ќе се оди во вселената“, нагласи тој.
Објаснувајќи зошто ги прекинал плановите на својот претходник за испраќање ракета на Месечината, тој рече дека во изминатите години ситуацијата се изменила и нема веќе трка во вселената, туку соработка.
„Таму веќе сме биле“, додаде тој. Со новиот план ќе се отворат 2.500 работни места на Флорида, а околу 10.000 во целата држава за неколку години.


Извор


Сега се правда Обама за укинувањето на Констелејшн...
А според таа програма требаше да слетаат на Месечината до 2020, и на Марс до 2025 година.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.182
Поени од реакции
4.822
И додека кај нас постојат и такви кои не гледаат подалеку од својот нос, и не можат никако да сфатат зошто е потребен и неговата корист, некаде за таа намена се вложуваат веќе милијарди. Најголемиот телескоп на планетата ќе треба да биде завршен до 2018 година и ќе чини повеќе од милијарда евра:


Ќе се гради најголемиот телескоп на светот


Најголемиот телескоп на светот ќе биде изграден во пустина на северот на Чиле, соопштија од Европската јужна опсерваторија.
Телескопот ќе биде со обем од 42 дијаметри и ќе чини повеќе од една милијарда долари.
„Големината на телескопот ќе ни овозможи да откриеме планети слични на Земјата “, објасни Ларс Линдберг Кристенсен, раководител во опсерваторијата „Гаршинг“ во Германија.
Со овој телескоп ќе се испитуваат темелите на физиката подобро и попрецизно од кога и да е, а се очекува да биде готов до 2018 година.



Извор
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Зошто уште градат телескопи на Земјата.Нека пратат во орбитата телескопи ем е ретка атмосферата (многу многу ретка) ем не треба да се качуваат на планини туку може од сопствениот лаптоп да го контролираат (добро де не баш до толку али).Сепак добро е да се градат телескопи.
 
S

smart ass

Гостин
Зошто уште градат телескопи на Земјата.Нека пратат во орбитата телескопи ем е ретка атмосферата (многу многу ретка) ем не треба да се качуваат на планини туку може од сопствениот лаптоп да го контролираат (добро де не баш до толку али).Сепак добро е да се градат телескопи.
Хабл што е??

Феникс,секој телескоп си има своја цел и приоритети за истражување т.е таргетирани соларни системи,маглни...и онака едно инфо...на филмо џемс бонд...Golden Eye.. таа сцена е во јужна америка и тоа е најголемата опсерваторија за радиобранови а изградена е таму бидејќи одговара.

И секако знаеш дека е поскапо лансирање телескопи во вселената,а со денешнава технологија влијанието на атмосферата врз резултатите и не е така големо.

Добри се опсерваториите за Х и Гама рејс налик комптон...ете тие кажуваат многу:smir:
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
И додека кај нас постојат и такви кои не гледаат подалеку од својот нос, и не можат никако да сфатат зошто е потребен и неговата корист, некаде за таа намена се вложуваат веќе милијарди. Најголемиот телескоп на планетата ќе треба да биде завршен до 2018 година и ќе чини повеќе од милијарда евра:


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122528

Ова можно е да се изведе и кај нас!
зашто ние да сме уназадени?
Еве буџетот на Македонија е 2 милијарди и кусур а овој телескоп чини 1 милијарда што значи дека ке остане цела милијарда кусур за 99,99 отсто луѓе во државата ама па останатите 0,01 отсто граѓани ке можат да свршаваат на андромеда.
нек се гради и едно вакво кај нас ако не на протест пред влада итно! да не дозволиме да се уназадиме!
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.182
Поени од реакции
4.822
Џејмс Веб новиот телескоп кој ќе биде лансиран во вселената, кој е конструиран во соработка на НАСА и ЕСА, треба да биде соодветна замена за Хабл.
За овој проект се потрошени повеќе од 5,5 милијарди долари!




Хабл заминува на заслужен одмор во 2014. година, а НАСA го одобри неговиот наследник - телескопот Џејмс Веб чие главно огледало има скоро три пати поголем размер од она на Хабл и кое во инфрацрвениот дел на спектарот ќе продира и во најдалечните предели на вселената.

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб кој заедно го градат НАСА и ЕСА (Европска вселенска агенција) доби дозвола за изградба и според плановите би требало да биде лансиран во 2014. година, објавено е во саботата во центарот на НАСА во Вашингтон.
Сите технички уреди поминаа на тестот на независните стручњаци, па може да се почне со изградбата на досега најамбициозниот вселенски опсерваториум. „Одушевени сме што преминавме многу значајно развојно скалило. Сега кога независниот тим на стручњаци го провери дизајнот на телескопот, сите уреди и плановите за нивно тестирање, со доверба можеме да го градиме овој амбициозен проект“, изјави Ерик Смит.
Вселенскиот телескоп Џејмс Веб наместо да кружи околу Земјата, ќе биде навидум прицврстен за точка во која се поништуваат гравитациите на Сонцето и Земјата. Со главното огледало од дури 6,5 метри и со сензори за инфрацрвениот дел на спектарот, телескопот ќе биде “око“ кое гледа подалеку отколку било кој досегашен астрономски експеримент.
Буџетот од 4,5 милијарди долари е надминат за милијарда, а планираниот термин за лансирање доцни за една година. Телескопот е именуван по раководителот на НАСА од шеесетите години, а ќе биде лансиран од Куроу во Француска Гвинеја со ракетата Аријана 5.


kajgana.com
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.182
Поени од реакции
4.822
Хуман,абе не зборам за точки,туку ти кажувам дека дали помалата цвездата ќе орбитира околу поголемата на ДИСТАНЦА од неколку километри....па и нагореее...ме разбираш??

А тоа зависи баш од гравитацијата...и тоа на ДВЕТЕ ЅВЕЗДИ.
Добро тоа, само оската (или точката сеедно) околу која ротираат не припаѓа на ниту една од ѕвездите.
А привидно, може да изгледа како помалата да ротира околу поголемата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom