Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Како се “џвака“ вселената

Телескопот Хабл за прв пат регистрира докази како ѕвезда слична на Сонцето ја “јаде“ планетата која што орбитира околу неа.
На астрономите не им е непознато дека ѕвездите може да ги проголтуваат планетите во орбитата околу нив, но ова е прв пат оваа појава да се “види“ толку јасно.
Иако планетата била премногу оддалечена за Хабл да ја фотографира, научниците создале слика за оваа појава, базирана врз анализите на податоците од телескопот на НАСА. Истражувачите посочиле дека планетата, наречена Wasp-12b, можеби има само уште 10 милиони години пред да биде целосно голтната.


Таа е толку блиску до својата ѕвезда што е загреана до температура повисока од 1.500 степени и расфрла материјал кон ѕвездата.
“Гледаме огромен облак од материјал околу планетата кој што се оддалечува од неа и ќе биде повлечен од ѕвездата. Идентификувавме хемиски елементи кои што никогаш претходно не сме ги виделе на планетите надвор од нашиот сончев систем,“ изјавила Керол Хасвел, предводник на истражувачкиот тим.

on.net
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Убави слики од Сатурн и неговите сателити:

http://ziza.ru/2010/05/24/snimki_saturna_i_ego_sputnikov_30_foto.html
Инаку, сите овие слики се направени од леталото Касини.
Една од најинтересните сателити на Сатурн е Мимас.
Не е поголел од нашата Месечина, има скоро исти карактеристики, но интересното е тоа што на Мимас има траги од судир со друго големо тело, најверојатно астероид.
Кратерот опфаќа огромна територија од Мимас:






Навистина е зачудувачки како Мимас успеал да преживее таков удар без да се распадни.

Еве и мапа од Мимас:



Споредено со Земјата, во размер, овој кратер би бил голем колку Канада.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
101
Поени од реакции
8
Што и да било,ептен големо било.Можам да замислам нешто такво да не удри нас.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Со 3Д технологија забележан судир на комета во Сонцето


Соларни физичари од универзитетот на Беркли за прв пат во научната историја со употреба на 3Д технологија забележале удар на комета во Сонцето.
Четирите стручњаци користеле снимки од два вселенски брода на НАСА, наречени Стерео за следење на кометата кој се приближувала до Сонцето. Тие успеале точно да пресметаат и да го проследат ударот на телото во ѕвездата.
Мисијата Стерео која била лансирана во 2006 година, имала две летала кои кружеле околу Сонцето и давала стерео приказ на ѕвездите. Кометите кои се судрувале со Сонцето бил составени од прашина, камења и мраз, и било реткост да се забележат бидејќи Сонцето е посветло од нив.
Научниците претпоставувале дека кометата најверојатно од семејството Креутз, која бил исфрлена од орбитата на Јупитер во 2004 година, пренесува “Индекс хр.“.


Нетпрес
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Што ти е поентата на постов?

--- надополнето ---

Научници од НАСА откриле траги од живот на Титан – сателит на на планетата Сатурн

Заклучокот за постоење на примитивни видови на биолошки живот на Титан се направени врз основа на анализи на податоци добиени од американскиот сателит „Касини”.

Се наведува дека формите на живот дишат во атмосферата на најголемиот сателит на Сатурн и ги користат хемиските соединенија, кои се наоѓаат на површината од кои ја добиваат неопходната енергија

„Ние сметаме водородот што се наоѓа во атмосферата на Титан се користи од биолошките форми на сличен начин, како на Земјата живите организми што дишат кислород”, посочувс научникот од НАСА Крис Маккеј.

Тој не ја исклучува можноста да станува збор за совршено нова форма на биолошки живот, целосно различна од земната.

Титан е вториот по големина сателит во Сончевиот систем

извор
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Што ти е поентата на постов?


Па да споделиме информација, ова е новина од пред два три дена...имено со мрежата на радиотелескопи LOFAR за првпат се направени слики со висока резолуција на структурата на еден Квазар... Станува збор за квазарот 3C 196 кој е одбран поради тоа што е добро проучен но “сликите“ направени на основа на сиганалите на досегашните снимки со радиотелескопите не се доволни да се идентификува евентуално субструктурна компонента... со новиот телескопт т.е. мрежа од радиотелескопи се добива онаа слика што е на страната што ја постирав, на која се додадени бои видливи за човечко око за да се разликува брановата должина, која нормално е различна од видливата светлина....
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
If The Sun Went Out, How Long Would Life On Earth Survive?

If you put a steamy cup of coffee in the refrigerator, it wouldn’t immediately turn cold. Likewise, if the sun simply “turned off” (which is actually physically impossible), the Earth would stay warm—at least compared with the space surrounding it—for a few million years. But we surface dwellers would feel the chill much sooner than that.

Within a week, the average global surface temperature would drop below 0°F. In a year, it would dip to –100°. The top layers of the oceans would freeze over, but in an apocalyptic irony, that ice would insulate the deep water below and prevent the oceans from freezing solid for hundreds of thousands of years. Millions of years after that, our planet would reach a stable –400°, the temperature at which the heat radiating from the planet’s core would equal the heat that the Earth radiates into space, explains David Stevenson, a professor of planetary science at the California Institute of Technology.

Although some microorganisms living in the Earth’s crust would survive, the majority of life would enjoy only a brief post-sun existence. Photosynthesis would halt immediately, and most plants would die in a few weeks. Large trees, however, could survive for several decades, thanks to slow metabolism and substantial sugar stores. With the food chain’s bottom tier knocked out, most animals would die off quickly, but scavengers picking over the dead remains could last until the cold killed them.

Humans could live in submarines in the deepest and warmest parts of the ocean, but a more attractive option might be nuclear- or geothermal-powered habitats. One good place to camp out: Iceland. The island nation already heats 87 percent of its homes using geothermal energy, and, says astronomy professor Eric Blackman of the University of Rochester, people could continue harnessing volcanic heat for hundreds of years.

Of course, the sun doesn’t merely heat the Earth; it also keeps the planet in orbit. If its mass suddenly disappeared (this is equally impossible, by the way), the planet would fly off, like a ball swung on a string and suddenly let go.

извор
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Животот може да опстане на Марс
Животот може да опстане на Марс, тврдат научниците што откриле доказ за бактерии што виреат на Земјата во услови слични на тие што владеат на црвената планета. Еден тим од канадски и од британски стручњаци пронашол бактерии што ср хранат со метан и кои може да се најдат само во еден уникатен извор на островот Аксел Хеиберг во Северна Канада.
- Во изворот Лост Хамер има микробиолошки живот, а условите што владеат таму се слични на условите кај евентуалните извори што постоеле или постојат на Марс. И таму би можеле да се развијат примитивни животни форми - објаснува микробиологот Лајл Вајт.
Водата е со температура под нулата и е толку солена што не замрзнува. Исто така, таа не содржи слободен кислород, кој би можеле да го искористат аеробни микроорганизми. Сепак, таму се создаваат големи меури од метан, кои излегуваат на површината, што ги поттикна истражувачите да испитаат дали биолошки форми се создавачи на тој гас и дали нешто би можело да преживее во услови со претерана соленост и екстремно ниска температура.
- Не најдовме бактерии што создаваат метан, но откривме други, уникатни анаеробни организми - организми што преживуваат хранејќи се со метанот и кои, најверојатно, вдишуваат сулфати место кислород - додаде Вајт.
Всушност, температурата околу изворот е многу поекстремна отколку температурата во многу делови на планетата Марс.
- На Марс има области во кои температурата е релативно висока, од минус 10 до 0 степени, а можеби дури и се качува над нулата. Во Аксел Хеиберг температурата редовно се спушта и до минус 50 степени.
Од неодамна се знае и дека на Марс постојат метан и вода во замрзната состојба.
- Во ситуација на студена солена вода и метан постои шанса за развој на микробиолошка заедница, дури и во екстремни ситуации - изјави Вајт.
Ова истражување дава нова искра на теоријата дека метанот на црвената планета всушност е резултат на активноста на вонземски микроорганизми или основа за опстанок на примитивни животни форми.

Извор
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Цела армија телескопи го набљудуваат Сонцето, а она што тие го регистрираат сугерира дека Сонцето доживува сериозни промени.

Одамна се забележани темните пеги на површината на Сонцето и заклучено е дека се појавуваат и исчезнуваат во циклуси кои траат приближно 11 години. Но , во последните две години пегите само исчезнуваат без да се појават нови. „Такво нешто немаме забележано до сега“, вели физичарот Дејвид Хетавеј од NASA, пренесува New Scientist

Научниците не се целосно сигурни што ова би можело да значи, но претпоставуваат дека се работи за смалување на оваа ѕвезда, а истото би имало и големи последици врз светската клима.

Но и без конкретен одговор, резултатите без сомнеж укажуваат на тоа дека со Сонцето нешто се случува. Најновите соларни бури кои периодов беа тема низ медиумите и кои може да ги загрозат екелтронските системи на Земјата само ја нагласуваат неопходноста науката сериозно да се позанимава со овој проблем.

[video]http://brightcove.newscientist.com/services/player/bcpid2227271001?bctid=90892143001[/video]

извор
 
Член од
6 април 2010
Мислења
101
Поени од реакции
8
Ни се е*а мамата.2012 се ближи.
 
D

D_NazGUL

Гостин
Експертите во НАСА истакнуваат дека феноменот се случил пред 4,6 милијарди години, кога еден објект со големина на планета се судрил со Земјата.

Колизијата довела до создавање облак од камења „распрскани“ околу нашата планета кој се поставил на орбитата. Облакот времено се оладил, а камењата во него се собрале и го формирале она што денес го нарекуваме Месечина.

Во НАСА истакнуваат дека ударот бил толку силен што довело до ослободување на топлина и енергија од кои настанал океан магма кој содржел вода. Според научниците на американската вселенска агенција, водата испарила во вулкански ерупции, а магмата ладејќи се формирала слој камења под кората.

Научниците заклучиле дека на Месечината има многу повеќе вода отколку што се верувало, но оти таа се наоѓа длабоко под нејзината површина.

(земено од http://www.sitel.com.mk/dnevnik/zanimlivosti/nasa-mesechinata-nastanala-po-sudarot-shto-i-se-sluchil-na-zemjata)

Еве уште еден факт на Зекерија Сичин што на некој начин го потврдува и НАСА.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom