Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.643
Поени од реакции
865
Такви сме Македонците..најголеми овци и најпрост народ што постои,кога го донесоа законот за хонорарци во 2014 година тогаш се живо диво излегуваше на телевизија и сите протестираа против власта да се укини овој закон и имаше изјави од многу луѓе како се срамеле што гласале за Вмро како тие биле криминалци,кради...и ете по некое време сето тоа се заборави исто како да не било..

За бомбите нешто слично беше па по одредено време ете се заборави па луѓето онака си ги разбираат како на мајтап иако знаат дека е вистина,за многу други закони што се воведија што се на штета на обичниот граѓанин, не ни известија ништо по телевизии а луѓето го чуствуваат по џебот..и за нив се заборави....

За многу затворени фирми и казни по секаква основа,за заплашување,запритисок на најразлични начиним за срамно крадење и лажење за многу предизбони ветувања што не ги исполнија....се ќе се проголта и ќе се заборави,бидејќи луѓето и народот тука се овци и само овци..страшно прости луѓе..

Чист доказ се луѓето тука што ги подржуваат,треба искрено да си ненормален ова лудило да го подржуваш,јас не тврдам дека СДС се поарни ама диктаторите веќе ја претераа и се бараат промени а ако мислат дека со едни избори ВМРО ќе го смени начинот на работење тогаш се лажат.

Не знам колку луѓе во градот мој посран сретнувам дневно како се жалат од власта и колку се незадоволни ,ама знаеш што е најтрагично?..тоа што истите тие што се жалат пак ќе гласаат за ВМРО ако има избори со надеж дека нешто ќе се промени..е затоа сме ФИРОМ а не Македонија...овци
Не си во право, народот не заборава. Овие избори сега ке бидат поразлични од сите друи до сега.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.337
Поени од реакции
5.475
Абе до некаде во право си али со една добра стратегија се е можно.Има разни разни начини. Во спротивно или федерализација или распад. А во меѓувреме и албанците и македонците ќе си го јадат стапот засекогаш.
Подобро нека потрае оваа власт уште 4 години него ли да се руши со некаква граѓанска или етничка војна.
Најлошото сценарио би било да го завојуваат народот само за да можат полесно да ги протнат некои работи. (име, федерализација итн)
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Ajde so srekja da e platformata za demokratska Makedonija. Taka treba BRAVO, site slozno,zaedno protiv ova nepovtorlivo zlo od 10godini,za spas na site nas, za spas na cela MAKEDONIJA.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.873
@Realen. да знаеш дека си под присмотра. Ако си дојден тука да куцкаш по една реченица само да испровоцираш а немаш намера да тераш нормална дискусија ќе бидеш баниран. Останатите, не му обрнувајте внимание и не паѓајте на провокации па да враќате со навреди зашто истите ќе бидат санкцонирани.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.299
Поени од реакции
81.489
Не си во право, народот не заборава. Овие избори сега ке бидат поразлични од сите друи до сега.
Да. Како изборите во Сверна Кореја, ќе бидат. Со еден учесник и малку декор. јадна му мајка на овој глуп народ. Никад не знаел да изреагира правилно. Со векови.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.363
Поени од реакции
21.885
Граѓанска војна? Која глупост...

Проблемот лежи во тоа што солиден дел на населението директно или индиректно профитира од државата, дали преку вработувања или друго. На сите им е јасно дека не чинат работите и дека има голем криминал ама стравот да се изгуби егзистенцијата, колку слаба и да е, е најголем страв кај скоро секој човек. Тука и оваа банда на власт успеа овие години да направи ваков систем од зависности. Тој систем нема да биде урнат од народот оти сите сакаат да профитираат од него. Системот може да колабира само ако снема пари за делење, долгорочно тоа и ќе се деси ама кој знае кога. И најтрагично е што овие од опозицијата ни самите не веруваат во тоа дека сакале да вратат демократија или правна држава или што не знам, туку сакаат тие да владеат и да ги делат средствата и нормално да се одмаздат за сувите години.

Секоја чест за исклучоците, ги има и нив. Али се малцинство или веќе заминати. А без голема критична маса не се прави револуции или слични узбуни.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.220
Поени од реакции
20.996
Ajde so srekja da e platformata za demokratska Makedonija. Taka treba BRAVO, site slozno,zaedno protiv ova nepovtorlivo zlo od 10godini,za spas na site nas, za spas na cela MAKEDONIJA.
Ајде за многу години платформата, Мафо. Да си исчекате и ваши внуци да бидат дел од неа. :icon_lol:
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.337
Поени од реакции
5.475
Груевски или Македонија, ова е мотото на опозицијата.

Со тоа се обидуваат да ги потикнат граѓаните да се активираат, а не дека стварно во прашање е опстанокот на Македонија.
Ваков тип на владеење сме имале и во 90-тите, и ете ја Македонија.

Но вистина е дека со вакво владеење државата уназадува, до 2002 беше нормално да има вакво агресивно владеење, од 2002-2006 народот доби некаква општа слобода и не се држеше под страв, и сега во последните 10 години од година во година само се влошува состојбата и се вративме во 90-тите и тоа во најкритичните моменти од 90тите.

Парадоксално е, никогаш не сме имале повеќе усогласени закони со тие на ЕУ, а никогаш не сме биле подалеку од ЕУ.
Значи дефитивно овие сегашните го хакираа системот.

Никогаш вака апла селективно не биле применувани законите. Сета власт е усмерена за да служи на партијата.

10 години е огромен период, Македонија за жал е уназадена ... некогаш можевме да се споредиме со една Бугарија (пошто ги гледавме како бугарите вадеа леб во Македонија), се споредувавме со една Србија (која имаше војни едно по друго), со една Босна (која излезе уништена од војната), со една Албанија (која што излезе од строги 45 години диктатура и изолација), со едно Косово (каде од 1981-1999 имаше вонредна состојба), со една Црна Гора (која ги носеше последиците што беше последна што се отцепи од Југославија).
Кај се денес нашите граѓани? Еден дел е на работа во Црна Гора како аргати, еден дел го бара лебот со бугарски пасош, еден дел е среќен што Албанија се отвори од изолација и сега можат бар таму да осетат морска вода, инаку Хрватска, Црна Гора и Бугарија недопирливи.

Каде сме ние денес, со ниедна од овие држави не можеш да се споредиш. (ајде со Косово ќе се споредиш, ама ја немаш ни со нив таа предност).

Денес како никогаш порано, имаме печалбари од сите страни, луѓето си гледаат и разликуваат, бадијала што велиш дека имаш ЕУ закони, кога идеш во Германија тој истиот ЕУ закон поинаку изгледа во пракса, па станува очигледно дека нашите ЕУ закони се хакирани или мутирани.
 
Последно уредено:
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
@Realen. да знаеш дека си под присмотра. Ако си дојден тука да куцкаш по една реченица само да испровоцираш а немаш намера да тераш нормална дискусија ќе бидеш баниран. Останатите, не му обрнувајте внимание и не паѓајте на провокации па да враќате со навреди зашто истите ќе бидат санкцонирани.
Ме интересира каде виде провокации ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom