Груевски или Македонија, ова е мотото на опозицијата.
Со тоа се обидуваат да ги потикнат граѓаните да се активираат, а не дека стварно во прашање е опстанокот на Македонија.
Ваков тип на владеење сме имале и во 90-тите, и ете ја Македонија.
Но вистина е дека со вакво владеење државата уназадува, до 2002 беше нормално да има вакво агресивно владеење, од 2002-2006 народот доби некаква општа слобода и не се држеше под страв, и сега во последните 10 години од година во година само се влошува состојбата и се вративме во 90-тите и тоа во најкритичните моменти од 90тите.
Парадоксално е, никогаш не сме имале повеќе усогласени закони со тие на ЕУ, а никогаш не сме биле подалеку од ЕУ.
Значи дефитивно овие сегашните го хакираа системот.
Никогаш вака апла селективно не биле применувани законите. Сета власт е усмерена за да служи на партијата.
10 години е огромен период, Македонија за жал е уназадена ... некогаш можевме да се споредиме со една Бугарија (пошто ги гледавме како бугарите вадеа леб во Македонија), се споредувавме со една Србија (која имаше војни едно по друго), со една Босна (која излезе уништена од војната), со една Албанија (која што излезе од строги 45 години диктатура и изолација), со едно Косово (каде од 1981-1999 имаше вонредна состојба), со една Црна Гора (која ги носеше последиците што беше последна што се отцепи од Југославија).
Кај се денес нашите граѓани? Еден дел е на работа во Црна Гора како аргати, еден дел го бара лебот со бугарски пасош, еден дел е среќен што Албанија се отвори од изолација и сега можат бар таму да осетат морска вода, инаку Хрватска, Црна Гора и Бугарија недопирливи.
Каде сме ние денес, со ниедна од овие држави не можеш да се споредиш. (ајде со Косово ќе се споредиш, ама ја немаш ни со нив таа предност).
Денес како никогаш порано, имаме печалбари од сите страни, луѓето си гледаат и разликуваат, бадијала што велиш дека имаш ЕУ закони, кога идеш во Германија тој истиот ЕУ закон поинаку изгледа во пракса, па станува очигледно дека нашите ЕУ закони се хакирани или мутирани.