Дојде шансата да се запише историја во македонскиот ракомет, шанса која треба да се искористи, да ги тргнеме на страна големите и непотребни медиумски форсирања дека сме пласирани во РИО, сликата е сосема друга, квалитет има во репрезентацијата, но проблемот е што во клучни моменти се нема муда, се губиме тотално, за 2 минути може да изгубиме се што сме граделе во претходните 58, тоа е и голем проблем во оваа репрезентација, евентуален пораз од Полска може многу да смени, Тунис е многу опасна репрезентација, Жалуз игра во животна форма, слаба точка се шутевите од 9 метри на нашиот Торко.
Чиље е непознаница, не се знае како може да излезат на овие квалификации, мотивот за пласман е на исто ниво како нашиот.
Ќе видиме како ќе се одигра вечерва против Полска, истата Полска која што ја ранивме и ја вративме во живот, дури и загубивме на ова ЕП.
Среќно момци, заслужувате да заиграте на Олимпијада, но едно е да се заслужи а друго е да се обезбеди, се надевам нема после овие квалификации да се изначитаме по медиумиве од ваков тип на изјави.. АБЕ НИЕ ЗАСЛУЖИВМЕ АМА НЕМАВМЕ СРЕЌА.. тоа никако нема да биде оправдување.