Ќе ја гледа некој после тие години пак, ќе памти некој нешто, ќе има било каква бизнис логика ХБО да се согласи на таков концепт?
HBO ќе согласат и на снимање некое голден олдис порно со мајките на продуцентите - само ако има доволно пари во тоа!
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Сериозно, ГОТ е сега веќе култна серија - нема теорија да не снима и следните 100 години - ако има доволно изворен материјал. Што всушност и требаше да направат и да снимаат по барем 3-4 сезони по книга. А ако алудираш на можни проблеми со кастингот во иднина - па промена во глумачката екипа може да биде само подобрување. Пошто сега имаат пари да ангажираат асални глумци. Плус имаш многу примери на екранизации кои продолжуваат и по многу години, и со разни глумачки екипи - Ѕвездените Војни на пример.
Аналогоијата не е баш адекватна со порно/вистинска жена. Правилно би било: имаш женска што многи ти се свиѓала но не си можел да ја имаш/си ја имал па си ја изгубил, а после си запознал некоја која личи на неа, не е сосем иста, малце е можда полошо издание, но сеуште е права „бомба“ спрема конкуренцијата на „пазарот“, што ќе ти фали и со неа.
Мојата аналогија можеби не е баш адекватна, но твојава тотално ја промашува целта.
Прво, разликата во медиумите. Книгата е како авторот во уво да ти шепка - ете да ти опишува како водиш љубов со убава жена. Од неговото мајсторство на раскажување, и од тебе, од твојата моќ на замислување останува да се внесеш во тоа колку што можеш во тоа.
Филмот од другата страна е, некој друг го слушал (читал) Мартин и сега тој посредник ти прераскажува (преку филм) како тој го доживеал дејствието. Но притоа е ограничен на можностите, финансиски и секакви (избор на глумци, локации за снимање, итн). За разлика од фантазијата на Мартин, која е бесконечна. На крај колку и да испадне добра таа адаптација, пак работата ќе се сведе на гледање визија на некој друг - а не на авторот уметник.
Или порно, со други зборови. Ќе гледаш секс, ама од милион фактори зависи дали барем приближно ќе разбереш што чуствуваат актерите.
Проблемот е што Мартин ги продал правата, знаел што го чека, и свесен бил дека крајот нема да му биде готов барем 10 години откако ќе почне да се емитува серијата.
Пак сега со правниов муабет.
Јасно е што направил Мартин, свесно, и јасно е дека се работи за пари. Но јас те замолив да зборуваме за поважна работа - квалитетот на серијата.
Еве отворено да те прашам: Зарем навистина претпочиташ дејствието на серијата која толку ја сакаш, да биде напишана од рандом сценаристи специјализирани за серии, под временски притисок, и под директива на бизнис секторот? Наместо од авторот уметник, без кој целата оваа серија воопшто немаше да се случи?