Би излегле ли од "бунарот" ако...

Дали би се обиделе да излезете од "Бунарот" ?


  • Вкупно гласачи
    69

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Замислете ја следнава ситуација:

Се наоѓате на дното на еден бунар којшто е длабок 300 метра.
На дното од бунарот има огромна просторија која што вие ја делите со други луѓе.
Вие сте родени таму, исто како и останатите.
Во таа просторија, секој си има свое катче, свое ќоше,
и сите основни животни потреби ви се задоволени, храна, вода, облека.
Животот во таа просторија претежно е спокоен, од време на време има по некоја караница, некогаш и тепачка, но претежно е спокоен.

Вашата просторија е поврзана со ходник кој води кон една многу поголема просторија.
Тука веќе животот изгледа поинтересен, храната е малку подобра, освен вода, има и сок.
Но од оваа просторија нема излез, и ако влезеш во неа, нема да можеш никогаш да се вратиш во
твојата помала просторија, каде што има само еден излез, а тоа е - Бунарот.

Кога е ден, ти можеш да го видиш небото, кога е ноќ - ѕвездите.
Но не знаеш како е таму надвор.
Некои луѓе пред тебе се обиделе да се искачат, но ѕидовите биле многу лизгави.
Некој се искачил до 15 метра, но паднал и скршил нога.
Имало некој решен да излезе, и искачил 200 метра, но и тој се лизнал и кога паднал останал на лице место мртов.

Луѓето околу тебе, поучени од искуството на тие што се обиделе, генерално не размислуваат
да излезат од просторијата.
Тие малкумина што изразиле желба еден ден да се искачат, луѓето околу нив ги разубедувале
и им велеле да не си го ризикуваат животот, дека во просторијата, колку толку, има некоја сигурност.
Некои велеле дека постои алтернатива, а тоа е поголемата просторија, со подобра храна.

Што ќе направиш ти?
Внимавај, таму надвор не знаеш што те чека.
Може да има планини, реки, шуми, изобилство на храна, едноставно да е рај,
а може да е пустина.
Не знаеш дали таму надвор има други луѓе, и како ќе те прифатат.
Дали би пробал да излезеш?



Изберете опција зависно од тоа дали сте маж или жена,
и оставете коментар која била причината затоа што сте гласале.
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2015
Мислења
1.772
Поени од реакции
2.075
јас би излегол пошто како што прочитав у бунарот не е спомнато дали има интернет, чак и да има не е напишано од кој оператор, на пример нејкам да се деси да падне интернет и јас после да сакам да раскина договор или кога ке истече уговор да сменам оператор, не сакам сега да споменувам име на компнаии за да не бидам офтопик ама некад ми иде да земам и модем и рутар да им го искршам таму од шалтер им се јавувам на техничка подршка и ми вика сите радници се заузети ве молиме почекајте, и затоа ако неможе од бунар да искочам да раскина договор со операторот за интернет не би можел.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Би ги организирал најблиските и заедно би пробале да излеземе, да го најдеме тој што не ставил таму и да му @#$%@#%
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Ако живееме во целосно бессознание за светот надвор тогаш никој не би се нафатил да бара излез од бунарот. Освен тие двајца што паднале и се утепале. Но, ако знам дека надвор постои можност да ме чека поубав живот, тогаш со сигурност би размислувал за излез и веројатно никогаш не би влегол во поголемата просторија што би ми ги запечатила опциите.
 
D

Daedalus

Гостин
Нема да пробам.
Веројатноста надвор од бунарот да ме очекува нешто боље од тука наспроти некоја посрање алтернатива, не е позната. Додадено на тоа, шансата да успеам да се искачам без помали или посмртоносни повреди, е уште помала.
Имам сознанија дека според тоа што е познато, тука шансата е голема да преживеам и да живеам во комфорт. Тоа е пошто јас лично сакам да преживеам, а не да ризикувам во име на општото добро. Ова не е социјално добра особина.
Веројатно, поблагородно е луѓе да пробуваат да се качат наместо да останат со вел околу очите. Увек постои ножот со две оштрици у вакви муабети. Едниот аспект е дека „не е ок да не си задоволен со тоа што го имаш и да си алчен за повеќе“, другиот е тоа што све што имаме денес, културолошкиот и технолошкиот напредок, се должат на многу луѓе во минатото коишто излегувале од бунарот, на многу Адамовци и Евовци кои каснале од јаболкото. Љубопитноста како желба за спознавање на непознатото, е причината поради која не веруваме дека Земјата е рамна и дека Зевс ги фрла громовите и причината за напредокот на научната размисла и критичкиот дух.
Од друга страна, некој би аргументирал дека желбата за комфорт и олеснување на животот е една од главните причини зошто сме развиле услови кои ни го овозможуваат тоа. У оваа ситуација, овие пориви се контрадикторни еден на друг.
Кај мене преовладува вториот.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Споредбава со бунарот и просториите ти е всушност животот.

Огромната просторија во која се наоѓаат сите е всушност обичниот живот кој се врти во круг, исполнет со сиромаштија и безизлез. Таа просторија ни го претставува всушност ,,местото од каде што сме дошле/потекнуваме".

Соседната просторија исполнета со подобар живот, од која нема излез е всушност оној живот во кој губиме нешто за да задоволиме нешто друго. Најчесто тој е исполнет со гревови/грешки и од него нема враќање. Башка е тоа што ти повторно се вртиш во ,,местото од каде што потекнуваш", сакајќи да го заборавиш, но повторно не си ја остварил целта во твојот живот.

Првата огромна просторија од каде што потекнуваме сите, има бунар кој носи кон надвор. Преку тој бунар, преку ден гледаме небо, а преку ноќ, небо со ѕвезди. Таа убавина која ја гледаме е всушност целта во животот која сакаме еден ден да ја постигнеме, а со самото тоа што ја гледаме секој ден ни дава сила за да можеме еден ден да ја оствариме.

Бунарот е карактеристичен по тоа што за разлика од другата просторија, нема забрана за враќање. Така да би се трудел секој ден да излезам од бунарот, затоа што најлошто нешто во животот е да останеш на дното и да не ја исполниш целта во животот. Ако се сака, се се може..........., така да порано или подоцна ќе излезеш од бунарот и ќе ја исполниш целта. Таму некаде може ќе се сретнеш со луѓе кои не те сакаат, но такви луѓе имало и во ,,местото од кое потекнуваш". Таму некаде надвор од бунарот или ќе ти биде рај или ќе ти биде пекол, но сепак немаш забрана за да се вратиш во првата просторија, т.е. твојот дом. Ако ти биде рај, ќе ги извлечеш и луѓето кои ти значат. Ако ти биде пекол, ќе се вратиш во својот дом и повторно ќе бидеш заштитен.

Но најбитно од се, ем си се трудел да ја оствариш својата цел, ем си го ценел она што го имаш, за разлика од оние кои заминале во втората просторија од која нема враќање.

:)
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.604
Поени од реакции
13.302
Би сакал малку подетален опис за другата просторија, чисто да ме намами, вака само за +сокче некако не се давам така лесно. :D Инаку пошто сум роден во бунарот, не знам за ништо друго, сознанија за било што вон бунарот немам, не верувам дека би пробал да се искачам. Можеби во другата просторија, доколку имаше повеќе детали кои би ме убедиле.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Si zamisluvam deka Bunarot e nekade vo Mariovo,
a na son mi ide deka e Skopje samo na 200 km,cel na asfalt,beton i plocki.
I bas zatoa bi izlegol od toj Bunar,pa ako saka i noze neka iskrsam.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Da be shto da ne .... kje iskocham pa sho i da e, vo toa kjoshe ne bi mozhel da se expresiram dovolno.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.891
Поени од реакции
30.814
Или со другу зборови дали би излегле од зоната на комфорт...пример домот и да ја запалите колата денес да идете онака без врска до Кратово на едно кафе ?
 

Down

Aloysius Devadander Abercrombie
Член од
4 мај 2012
Мислења
4.011
Поени од реакции
6.915
Значи ко што сфатив малото катче е македонија, големата просторија е книшка од вемеро а надвор од бунарот е светот? Ако е така не ти треба одговор се знае што сакаме сите :icon_lol:
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.307
Поени од реакции
3.696
Бунарот наречени Македонија, само оние што тука се први не сакаат да бита последни горе. Само оние што тука имаат тато носи мама меси не сакаат да пробаат сами да донесат и сами да смесат...
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Замислете ја следнава ситуација:

Се наоѓате на дното на еден бунар којшто е длабок 300 метра.
На дното од бунарот има огромна просторија која што вие ја делите со други луѓе.
Вие сте родени таму, исто како и останатите.
Во таа просторија, секој си има свое катче, свое ќоше,
и сите основни животни потреби ви се задоволени, храна, вода, облека.
Животот во таа просторија претежно е спокоен, од време на време има по некоја караница, некогаш и тепачка, но претежно е спокоен.

Вашата просторија е поврзана со ходник кој води кон една многу поголема просторија.
Тука веќе животот изгледа поинтересен, храната е малку подобра, освен вода, има и сок.
Но од оваа просторија нема излез, и ако влезеш во неа, нема да можеш никогаш да се вратиш во
твојата помала просторија, каде што има само еден излез, а тоа е - Бунарот.

Кога е ден, ти можеш да го видиш небото, кога е ноќ - ѕвездите.
Но не знаеш како е таму надвор.
Некои луѓе пред тебе се обиделе да се искачат, но ѕидовите биле многу лизгави.
Некој се искачил до 15 метра, но паднал и скршил нога.
Имало некој решен да излезе, и искачил 200 метра, но и тој се лизнал и кога паднал останал на лице место мртов.

Луѓето околу тебе, поучени од искуството на тие што се обиделе, генерално не размислуваат
да излезат од просторијата.
Тие малкумина што изразиле желба еден ден да се искачат, луѓето околу нив ги разубедувале
и им велеле да не си го ризикуваат животот, дека во просторијата, колку толку, има некоја сигурност.
Некои велеле дека постои алтернатива, а тоа е поголемата просторија, со подобра храна.

Што ќе направиш ти?
Внимавај, таму надвор не знаеш што те чека.
Може да има планини, реки, шуми, изобилство на храна, едноставно да е рај,
а може да е пустина.
Не знаеш дали таму надвор има други луѓе, и како ќе те прифатат.
Дали би пробал да излезеш?



Изберете опција зависно од тоа дали сте маж или жена,
и оставете коментар која била причината затоа што сте гласале.
Во близок облик проблемов е поставен во книгата „Градот и ѕвездите“ од Артур Кларк. Главниот јунак Алвин се наоѓа во подземен град кој е материјално-технички самоопостојувачки. Исто и социолошки функционира совршено во многу долг период. Градот е опишан дека не е вечен но скоро како да е вечен, опстојува со стотици милиони години. Жителите живеаат по 100 000 години и имаат само далечни легенди за надворешниот свет и градителите на градот кои ги оставиле во него. Никој нема желба да излези надвор од градот. Алвин се раѓа како грешка, помалку како чудак за сите во градот. Сите имаат склоности и предодредености (математика, филозофија...). Алвин е уникат, нема посебна склоност и нема заинтересираност за некоја наука. Собира сознанија дали и како можи да се излези од градот. Наоѓа можност низ некој стар заборавен тунел и успева прво да допре до надворешниот свет. Првата слика од отворот гледа долу пустина и ѕвезди. Во тој моментот на читање на книгата, крвта зоврива се доживува револуција. Главниот јунак се спрема и излегува надвор. Откривајќи ја надворешноста ќе се сретне со уште еден површински град исто така оставен од истите градители. Жителите ја немаат технологијата на подземниот град но се поврзани со природата и ментално развиени. Комуницираат телепатски меѓу себе и исто така имаат совршено општество. Ќе ги запознае жителите на двата града едни за други. Градовите ќе се отворат и ќе се поврзат. Алвин ќе бара сознание за да оди и понатаму. Ќе дознае за некој закопан стар вселенски брод оставен од градителите на градовите и со бродот полетува накај некое соѕвездие каде што може да дознае за првите градители. Првите градители - џиновите, како богови исчезнуваат, не му останува ништо друго освен да се врати назад.
Не знам каква намера за наравоучение имал Артур Кларк, но моето лично доживување беше: колку и да излегуваш од одреден простор, пак си во ограничен простор. Колку и да се отвораат врати секогаш има безброј нови за отворање. Колку да се затворени вратите на можностите, бројот на останатите незатворени можности за слобода на некакво движење и откривање исто така е безброен. Слободата се наоѓа внатре во самиот човек, а не во просторот. Луѓето чезнеат да ги имаат можностите и им се раѓа исконска желба за нив. Но кога ќе им се отворат, во голема мера стануваат рамнодушни. Не сакаат да ги изгубат, но повеќето нема ни да ги користат. Сакаме само да ги имаме отворени, бидејќи ако ги немаме, губиме од чувството на слобода. Луѓе живеат многу затворен живот, како во добротворен притвор и не им е тешко. Но ако бидат принудно затворени тогаш им станува многу тешко што ја изгубиле можноста за движење која и онака претходно не ја користеле. Слободата се наоѓа внатре во самиот човек, да ужива и да се радува на она кое го има. Ако има добра прилика да си отвори и нова можност, но никако да пати и да пострада за онаа можност која ја немал и најмногу никако да направи ДОБРОВОЛЕН избор со кој ќе ја изгуби можноста за отворање на вратите (излез од бунарот).

Така што мојот избор би бил да останам во просторијата со бунарот, долготрајно и стрпливо развивајќи решение до нормално ниво на безбеден излез. Независно колку и да сум далеку од таква можност и независно колку и да е мала можноста за успешност но не и да патам и да се измачувам поради тоа што сум во бунарот. Ќе уживам во можностите на она кое го имам и ќе се стремам и за подобро (излезот). НО НИКАКО влегување во просторијата со која се губи можноста за излез од бунарот. Таа е смртта на духот и животот..., и тука е добар примерот - влегување во просторијата без излез заради не многузначајни ситници.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom