Жени со машки презимиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Fitonija
  • Време на започнување Време на започнување
Јас мислам дека жената воопшто не треба да го презема презимето на мажот туку да го задржи своето . А децата да ги имаат двете презимиња , како Шпанците .
 
Ти го спориш. Им замеруваш зошто одлучиле да имаат такво презиме. Практичноста не ја разбираш пошто очигледно не си мрднал од МКД. Да во странство имаат поинаква традција која е практична и логична - едно семејество едно презиме. Не се губи ништо, ова е еден вид еволуција. Нашиот јазик употребува милјарда странски зборови па сеуште го наредуваме македонски и сме македонци. Џабе паника...
Не бе.. јас сум многу шетан човек.. два пати до Прилеп, за малку и до Битола ќе отидев. Колку се фалите со тоа колку сте шетани. А бе што има тоа врска со презимињата? Тие таму се развиле своја традиција и таа си ја почитуваат, применуваат.. Ние се чувствуваме инфериорни па се прифаќаме нивно, да сме како нив. Па тоа не значи дека треба и традицијата да си ја смениме. Ќе испадне дека ќе треба и англиски да зборуваме, заради практичност... А во нашиот јазик треба да се користат само странски зборови за кои нема соодветни во него, обично нови технолошки изуми, технологии. Тоа што луѓето користат странски зборови за да се покажат колку се шетани... пардон.. колку се паметни... тоа кај мене не важи. Македонскиот јазик го негувам и користам колку што можам и знам повеќе.

(Жити се... многу ли си шетан? Изгледа си препаметен. Да не си шофер кој вози постојано во странство? Блазе тебе ако си шофер)
 
Во мојата куќа ќе стапне само жена која ќе го земе моето презиме, такви педерски ствари како Петранка Петранков или Петранка Петранкова Миркова не трпам.
 
Уште едно масло на Сорос. Озбилно.
 
Не бе.. јас сум многу шетан човек.. два пати до Прилеп, за малку и до Битола ќе отидев. Колку се фалите со тоа колку сте шетани. А бе што има тоа врска со презимињата? Тие таму се развиле своја традиција и таа си ја почитуваат, применуваат.. Ние се чувствуваме инфериорни па се прифаќаме нивно, да сме како нив. Па тоа не значи дека треба и традицијата да си ја смениме. Ќе испадне дека ќе треба и англиски да зборуваме, заради практичност... А во нашиот јазик треба да се користат само странски зборови за кои нема соодветни во него, обично нови технолошки изуми, технологии. Тоа што луѓето користат странски зборови за да се покажат колку се шетани... пардон.. колку се паметни... тоа кај мене не важи. Македонскиот јазик го негувам и користам колку што можам и знам повеќе.

(Жити се... многу ли си шетан? Изгледа си препаметен. Да не си шофер кој вози постојано во странство? Блазе тебе ако си шофер)

Нема никаква врска со инфериорност, напротив инсистирање на нешто непрактично во денешно време стрикно ради традиција е знак за инфериорност, докажување дека имаш нешто твое па сега сите да се привикнуваат на тоа. Јас сфаќам да е нешто стварно битно ама ова е банално. Сакал ти или не прашање на време е кога ќе се смени и кога и кај нас ќе стане сосема нормално она што цел свет мање више го практикува а тоа е да се има исто презиме. Џабе збориме, знам дека пробуваш да си саркатичен ама уствари ти верувам дека од прилеп подалеку не си мрднал, така да тука ќе ја прекинеме дискусијата, нема поента....
 
Јас мислам дека жената воопшто не треба да го презема презимето на мажот туку да го задржи своето . А децата да ги имаат двете презимиња , како Шпанците .
А децата на нивните деца колку презимиња ќе имаат ?
 
А децата на нивните деца колку презимиња ќе имаат ?

Добро прашање. :D
Наредни потомци да преземаат само презиме од таткова страна на двата родители .
 
Јас мислам дека жената воопшто не треба да го презема презимето на мажот туку да го задржи своето . А децата да ги имаат двете презимиња , како Шпанците .
А татковото да си биде за официјална употреба. Најискрено Шпанциве најпаметно ако гледаме така. Ама па кога веќе со години кај нас презимињава се делеле на машки и женски род, зошто да го мењаваме тоа? Покул звучи? Не. И јас сите што ги познавам што го ставија трендов кај себе се закотвени во државава, какво полесно во странство. И Полјациве ги гледам и во странство што се иселени си го чуваат презимето во машко-женска верзија. На нив не им е проблем?

Препич е кај нас, не заебавајте, за полесно во странство дали на 5% им е од тие што го смениле.[DOUBLEPOST=1459172537][/DOUBLEPOST]
А децата на нивните деца колку презимиња ќе имаат ?
Не наследуваш 20 презимиња туку од мајка ти и татко ти само. Тоа на мајка ти ти седи само во документи а го употребуваш по школи по ова по она само на татко ти.
 
Препич е... ништо друго. Каква практика какви бакрачи. Колку што е „нормално“ славење на „сент валентај“... толку и ова е нормално. Гледаат жабите дека коњот го потковаат.. па и тие креваат нога. Толку многу не се почитуваме... па сега ќе измислуваме причини за да не ги негуваме сопствените особини. Ќе почнеме и латиница да пишуваме. Практика.
 
Јас не гледам која е поентата да имаш 2 презимиња ако пак само едното секаде го користиш. Што добиваш од поседувањето на двете презимиња? Исто како оние што имаат по 10 имиња а користат само едно.
Иначе се согласувам дека е најдобро секој да си го задржи своето презиме. Најлесно за изведување и немаш потреба од малтретирање по шалтери за ваѓање на документи (претпоставувам дека ако се смени презимето ќе треба да се менуваат и лична карта, пасош, возачка...).
 
Нема никакви проблеми во странство за различни презимиња на партнерите, туку тоа и е само како изговор а цел да се избега од македонштината. :D
Па секако мора да менуваш документи ако избереш да живееш на адресата на партнерот.
 
Па не е баш така. Заедничка сметка во банка, имот, наследнство итн за многу работи во многу случаеви треба да се докаже дека сте брачен пар, иста фамилија а за тоа треба да се малтретираш да идеш да вадиш други документи, да се дава специјална изјава во полиција итн зависно од државата....
 
Глеј си ти за себе и не туку паламуди за други. Кој си па ти да кажуваш како треба да биде. Мене ми е сосема НОРМАЛНО жена ми да има исто презиме ко мене а истото важи и за децата. На крај краева светот се глобализира немам намера на некој затуцан со 2 грама мозок сеедно дали во МКД дали на друго место да му објаснувам во секоја прилика што, како и зошто имаме различни презимиња.
Не е модерно, неписмено е. Не е во согласност со нашите правописни правила или со други зборови некој треба да ти ја поништи дипломата за средно и основно.
 
Елена Хаџи Константинова екс Поп Димитријовски, мн ми се јаки ваквите.
 
So gluposti vi e temava.
Kako sakam ke si se vikam i vas toa ne treba da ve zasega i da iskazuvate "stav" po toa prasanje.
Skroz nebitno e za mene kakko se prezivala zenata na sestrata na drugarot na decko mi.
A i razbiram zaso.
Globalizacija.
pozzi4
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom