Иако е стара темава, чувствував огромна потреба да го искажам моето несогласување, дури и загриженост за глупостите кои ги прават нашите луѓе (жени) во одродувањето на нашиот македонски народ. Земањето на машки презимиња не само што е СМЕШНО, туку нема врска со нашиот јазик и традиција. Како да на жена и се стави машко име. Ова е класично помодарство од многу гледање на (американски) филмови), непочитување на сопствениот идентитет, непочитување сам(а) себеси и за жал, се поголемата неукост на луѓето. Кога ќе видам жена со машко презиме (македонка), чувствувам жал према нејзината (не)изградена личност, револт, иронична смеа, итн... На истите им предлагам да си го сменат и името во машко. Од Стојна, да се вика Сојан или Стојко. (Ако е бал нека е маскенбал).