FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Е јеби га, ме претркал Анон.

Не, озбилно @whatto , кој си бе ти?
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Пак последниот воз го фатив :свиркам:

Океј трилерче, не сум многу воодушевен само поради фактот што приказната многу ми беше слична со веќе и те како премногу прочитани вакви скандинавско/европско западњачки трилери. Она што ептен се приметуваше во филмот беше самата таа базираност на книга. Премногу клише работи, посебно како што се спомна за детективот и неговата 24/7 ангажираност во случајот, скоро и да видиме дека тој нема друг живот освен целата таа борба со минатото и Бјорн. Нема да се надоврзувам сега на што би било ако би било, ама пак многу бедно некако да ти е самио Иван на неколку метри оддалечен од твојата куќа, веднаш после пругата а ти да си чекал толку години да разоткриеш ми е многу нејасно. Сакам вакви филмови, навистина би гледал и покрај тоа што се сите приказни слични ама некако овој ми беше за нијанса помачен од сите други што сум ги гледал. Иако само пофални зборови за глумата и целата таа атмосфера.

7/10 (y)
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Моментално го глеам, не е дека сум забораил :D
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Предобар филм, колку и да е мрачна приказната ипак е фантастична. Дефинитивно данците знаат да праат филмови (y)

9/10
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Предобар филм, колку и да е мрачна приказната ипак е фантастична. Дефинитивно данците знаат да праат филмови (y)

9/10
Белгиски е филмот.

Јас на почеток не можев да протумачам дали е германски или некој друг јазик, после некако ми дојде мешавина од француски, холандски и германски па ми текна дека на почеток на најавата имаше белгиска некоја продукција. Далеку е јазикот од дански.

:D
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Белгиски е филмот.

Јас на почеток не можев да протумачам дали е германски или некој друг јазик, после некако ми дојде мешавина од француски, холандски и германски па ми текна дека на почеток на најавата имаше белгиска некоја продукција. Далеку е јазикот од дански.

:D
Француски и германски се познава одма, а холандски, дански и тие скандинавските јазици мене ми се исти :D

На страна тоа шо сум згрешил за потеклото на филмов, страшна приказна.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Кога го пуштив филмот врска немав за што се работи во него, само знаев дека е трилерче од првите коментари што ги прочитав.

Си реков ќе изгледам 1 саат сега па другиот утре пошто треба во 6 да станувам амааа...
Првин ми почна некако бавно и приказната не ме заинтригира до толку, но како што истекуваа минутите се повеќе и повеќе се внесов. Од моментот кога го читаше писмото и во позадина ја имаше силуетата на Иван се навлеков во приказната. До самиот крај не трепнав.
Очекував тензичен филм да биде ама ова веќе мава и на психа. Опфатена е можеби најчувствителната тема за обработка, има многу одвратни нешта во овој свет, но ништо не ме гади повеќе од педофилија и силување. Мислам дека многу пријатели што познавам би го изгасиле и никогаш не би го догледале.
Во врска со Ник и брат му, да се обединеа ќе имаше колку толку хепи ендинг филмот и според мене ќе беше подобро за Ник. На овој начин сигурно ќе добиеше една оценка плус филмот кај доста луѓе. Али секоја чест за режисерот си остана до крај со суровоста, не допуштил да игра на карта среќен крај само за да добие некоја симпатија плус.

8/10
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Ќе пробам да надокнадам овие денови, не ве избегнувам намерно, преку месец дена немам гледано филм, така да не ми замерувајте многу :P последните 2 и следниот предлог ми се први на листата за гледање. :D
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.770
Поени од реакции
43.974
Маме му ебам забеган филм, можеше бар да заврши среќно за Ник и брат му и на крај да те остави со колку-толку убаво чувство. Вака, не ми се легнува сега, ќе ми се врти во глава свињата гадна, упм... Ми се допадна филмот во главно, сакам трилери и мистерии...нормално, темата е малку (повеќе) болна, ама за жал има и такви лудаци. Ми се спие ептен, да не пишувам сеа, секако сите го имате гледано... :D


Oценка 8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.100
Поени од реакции
37.557
Белгиски е филмот.

Јас на почеток не можев да протумачам дали е германски или некој друг јазик, после некако ми дојде мешавина од француски, холандски и германски па ми текна дека на почеток на најавата имаше белгиска некоја продукција. Далеку е јазикот од дански.

:D
Мислам дека освен фламански (холандски), имаше и сцени на германски и француски, затоа може ти дошло сѐ измешано. Се сеќаваш на таа жената кај која го сместија првото семејство по инцидентот? Сцената кога девојчето му рече на Ник за прв пат дека тролот го направил тоа, па после мајката на девојчето му се извинуваше? Тука зборуваа француски, и девојчето, и мајката, и Ник. Германскиот и фламанскиот ми се мешаа низ филмот, па не се ни обидував да ги разграничам. :P[DOUBLEPOST=1458556427][/DOUBLEPOST]Да сумираме: @RectumAnale , @Goodfella , @Erich Zann , @K!KI и @beaverknight не ги видов дека го гледале, а на @Chovek , @џимеј , @AniMagus , @Хоуп и @Saladin ова ќе им биде последен таг во темава, се додека не одлучат да ни се вратат :coffee: (3 по ред негледани, привремен црвен :P). Од седумнаесетмината коиго гледавме, средната оценка е 7,9. Јас секогаш задоволен! (y)

Продолжуваме понатаму! @Anon е следен за предложување. Конечно се тргаме настрана од Европа и се враќаме во САД. Вториот холивудски филм во клубот е:

Detachment

Торенти имате еден тон, само напишете го насловот на филмот во search bar-от на било кој торент сајт / пребарувач за торенти и ќе ви се појават.

@wot, смени насловот - Film Club 2016 (Detachment: 21.03 - 03.04)

Letterboxd листата update-увана: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/film-club/

Листата на членови исто така.

Се надевам повторно ќе уживаме! (y)
 
Последно уредено:
G

grande-juve

Гостин
Гледан кога искочи, доста добра депресивна драма, 8че му иам даено. Вееојатно пак ќе го изглеам...
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Конечно и јас дочекав изгледан филм, пак депресии ќе има, без cheerful филмови сме овде.
7 му имам дадено, ако имам време ќе се обидам пак да го изгледам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom