Френдзонирање

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
А бе едно е да си помислуваш, друго е да замараш. :)

Па тоа ми беше и мене поентата само можеби не се изразив најдобро. Муабетот ми беше не е ниту страшно ниту погрешно тоа си е дел од сексуалните нагони кај секој човек(или барем кај повеќето) и според мене е природна работа.

Е сега ако си се зезнал да се заљубиш и иако он/а ти кажала дека нема шанса за повеќе, а ти упорно се надеваш тогаш не е на арно. Најпросто кажано има разлика дали само ти се јавува желба да го/ја легнеш или и чувства се вмешани во равенката.

Ако е првово ништо страшно ако е второто или на некое време прекини контакт додека не најдеш друга љубов или прекини контакт целосно или трета опција измачувај се иако знаеш дека нема надеж. :D
 
Тоа се случува во тинејџерските години затоа што во тој период освен што сексуално слабо се стои со зрелост, сеуште се верува во другарство помеѓу маж и жена. Со тек на време таа обмана исчезнува и следуваат Хард ту д Кор моменти (зависи, ако те бидуе) и никој никого не френдзонира освен ако не си останеш во партијата на зелените и на постари години ;)
 
И јас не знам. Цел живот имам повеќе другари од другарки. За пола од другариве знам дека со задоволство би ме плеснале, ама јеби га, не ми е целта на мене тоа, башка и другар си е другар и ништо повеќе. Ако му одговара да се дружи со мене, бујрум. Ако не, тогаш бркај работа, не ме замарај. Да сум сакала нешто повеќе со него, ќе сум си кажела уште пред тој да помисли на тоа.
Најинтересното ми е што до ден денес и после толку години дружба со некои, уште се надеваат на нешто повеќе од само другарство. Оди разбери ги.
Сепак лично, од мое искуство, пријателствата со машки. каде, каде вредат повеќе.
А најмногу од се што ми смета, е кога ќе запознаеш нови машки фаци и ти си онака фина, културна, опуштена и се дружиш со нив, првиот впечаток им е, сакаш нешто више од само пријателство и другарство со нив. Ма дај бре, зар не може да се дружиме само. Толку ли е тешко да се разбере тоа.

До "плескање" ли дојде муабетов. Нормално дека секој сака да те ...
Кажи ми кој сака сериозна врска со тебе (од нив) и зошто не си му кажала да не си чека (зошто нема да дочека).
 
Сум имала и неколку понуди за врска. И сум си кажала дека нема шанси, немој да мислиш дека не. :)
Е после тоа, оладувале односите, ама не е дека не правиме муабет. За месец, два со некои се враќаме во нормала, како ништо да не било, со некои не.
 
Тоа што ги мењаш приоритетите и го трошиш времето на некој кој е во лажна надеж дека НЕКАД ќе те ќари.

На пример, сакал да иде на свирка на топ-за-него бенд, и не иде таму, него со тебе и уште неколку момци кои си ги повикала у кафана. Он ЗАРАДИ ТЕБЕ:

- не си ги следи своите музички желби,
- ги зезнал другарите кои очекувале дека ќе ги дружи за свирката
- можел на свирката да ја запознае својата потенцијална женска или барем да смува нешто.
- во кафаната, не само што нема да го има видот и количината на внимание од тебе што ги сака, туку и ќе треба да ги брои и очекува моментите кога ќе му прозбориш или ќе му се насмее.
- Тоа го повредува (тие моменти ќе ги доживува ко да глеа низ излог слаткарница, а не може да добие ни едно малечко еклерче внатре) . Тоа се вика - залажување.

И сега замисли што се случува кога ова се повторува до недоглед. Фино е кон него или е држење во кафез?

Зошто лажна надеж, ако на некој јасно му дадеш до знаење дека никогаш нема да бидете нешто повеќе од другари? Значи зборуваме за фер и коректен однос.
Ако биде како во случајов што опиша ти, јас се тргам на страна од таквите луѓе, му кажувам зошто и дека е за негово добро. Не е фер да го влечеш некој за нос, да трчка по тебе како кученце и да ти изиграва резерва, а ти да си го храниш егото со тоа.

Е сега, откако објаснив на што точно мислам, пак ќе прашам: Што не е во ред со френдзонирањето? Зошто секогаш оној кој ставил некого во френд зоната се третира како негативен лик?
 
Зависи во која смисла... Ако некој ти се пуштал, ти кажал во очи дека сака нешто повеќе (од самиот почеток) нема поента да го френдзонираш. Тој тргнал по нешто што очигледно е повеќе од пријатели и ќе настојава на истото.

Ако се знаете подолго време, па тргне по претходното и му објаснуваш дека нема ништо да биде, тогаш до некаде е тој крив, пошо нели, одамна се знаете. Се јавиле чувства, се дешава... Може да каже, ако ништо не биде стварно може да се дистанцира.

Е сега има и такви шо се играат, а во глобала таквите случки многу лошо завршуваат...
 
Зошто лажна надеж, ако на некој јасно му дадеш до знаење дека никогаш нема да бидете нешто повеќе од другари? Значи зборуваме за фер и коректен однос.
Ако биде како во случајов што опиша ти, јас се тргам на страна од таквите луѓе, му кажувам зошто и дека е за негово добро. Не е фер да го влечеш некој за нос, да трчка по тебе како кученце и да ти изиграва резерва, а ти да си го храниш егото со тоа.

Е сега, откако објаснив на што точно мислам, пак ќе прашам: Што не е во ред со френдзонирањето? Зошто секогаш оној кој ставил некого во френд зоната се третира како негативен лик?

Епа ако нема пуштање од некоја страна и е расчистено дека се другари, тогаш не се вика френдзонирање, туку пријателство, кое постои доколку и двајцата меѓусебно не си се погодени за сериозно.
 
И јас не знам. Цел живот имам повеќе другари од другарки. За пола од другариве знам дека со задоволство би ме плеснале, ама јеби га, не ми е целта на мене тоа, башка и другар си е другар и ништо повеќе. Ако му одговара да се дружи со мене, бујрум. Ако не, тогаш бркај работа, не ме замарај. Да сум сакала нешто повеќе со него, ќе сум си кажела уште пред тој да помисли на тоа.
Најинтересното ми е што до ден денес и после толку години дружба со некои, уште се надеваат на нешто повеќе од само другарство. Оди разбери ги.
Сепак лично, од мое искуство, пријателствата со машки. каде, каде вредат повеќе.
А најмногу од се што ми смета, е кога ќе запознаеш нови машки фаци и ти си онака фина, културна, опуштена и се дружиш со нив, првиот впечаток им е, сакаш нешто више од само пријателство и другарство со нив. Ма дај бре, зар не може да се дружиме само. Толку ли е тешко да се разбере тоа.
^ This! Од мали нозе се дружам со машки и место да сум играла со барбики сум играла фудбал. До ден денес имам многу поголем број на другари отколку другарки, од проста причина што не ги сакам драмите кои често ги има во женските кругови, а и, како што рече ти, сметам дека пријателствата со машките се далеку поцврсти од оние со женските. Најтрагичното е што луѓето, како што имаат обичај да осудуваат, се скоро или скроз сигурни дека има нешто помеѓу двајцата :facepalm:. Што се тиче френдзонот, после неколку искачања ако би сакала да имам нешто со типот, ќе му го кажам/покажам тоа. Доколку не сум реагирала а сум продолжила да искачам со истиот, го сметам за другар со кој ни иде муабетот и тоа е тоа. Нема причина понатаму да се бараат "скриени знаци", "тајни покрети", читање меѓу редови и слично. Останатиот дел од твојот пост, мислам дека може да се објасни со една реченица:
 
Attachments

  • 405990_489821841059307_1479389094_n.jpg
    405990_489821841059307_1479389094_n.jpg
    19,6 KB · Прегледи: 34
Зошто лажна надеж, ако на некој јасно му дадеш до знаење дека никогаш нема да бидете нешто повеќе од другари? Значи зборуваме за фер и коректен однос.
Ако биде како во случајов што опиша ти, јас се тргам на страна од таквите луѓе, му кажувам зошто и дека е за негово добро. Не е фер да го влечеш некој за нос, да трчка по тебе како кученце и да ти изиграва резерва, а ти да си го храниш егото со тоа.

Е сега, откако објаснив на што точно мислам, пак ќе прашам: Што не е во ред со френдзонирањето? Зошто секогаш оној кој ставил некого во френд зоната се третира како негативен лик?

Тоа зависи од ситуација. Има женски што намерно пуштаат водичка па после бапаат френдзон, пошо им се местиш на пенал нели, и ти ебат матер како сакаат. Лично јас немам ништо против френдзонирањето, ама ситуацијата што ја објаснив погоре многу ме нервира, а доста често се случува во животот.
 
Тоа веќе се вика држење на јадица и е резултат на тоа што или едниот е јак манипулант или другиот нема муда да каже сакам повеќе од пријателство.
 
Не е ништо страшо во тоа да бидеш френдзониран,не треба од тоа да се прави голема фама.Со пријателките можиш да разговараш за некои работи за кои со пријателите не можиш.
 
Што ако , некој период се гледате како некој вид врска ,и знај дека ти имаш некои чувства кој неа . после тоа таа вика нема шанси ние заедно.не си одговараме, само како другари , ама пак таа те бара да се дружите , кафе , кино , заеднички часови , ама сега другарски ? нема шанси за пак заедно ?
 
Незнаеш да објасниш што се случило вие пред тоа бевте во врска или не ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom