Кои глупости сте ги истрескале до 70-та минута.

Пеп не е добар тренер. Алаба и Ноер се смешни и не најдобри на нивната позиција.

Тренер дали е добар не се гледа само во тоа дали и кој пуштил во игра туку и кој зачувал во игра. На пример Милер можеби имаше само 10 допири
(онака треснувам) со топката до 70-та минута, но Пеп го зачува во игра. Кимих кој не е искусен играч и не се наоѓал во таква ситуација да тимот ти губи 0:2 и да немаш право на уште еден кикс бидејќи тоа значи и елиминација. На пример можеше и него да го извади, а да го пушти Коман, но Алонсо со своето големо искуство беше изваден од игра. И тие работи се битни многу кои вие очигледно не ги гледате или не сакате да ги гледате.
Гледам често фановите на Јуве особено спомнуваат дека Јуве биле ослабени со неиграњето на Маркизио и Дибала, а забораваат на тоа дека доколку тие би биле фит дека Алекс Сандро и Мората не би ни биле во стартниот состав, а тие изгинаа. Значи од ова може да заклучиме и дека на полувреме нема да беше резултатот 0:2 за Јуве, нели?
Или пак тоа дека да ни беа фит Боатенг и Мартинез и со двете грешки во Торино на Кимих резултатот беше 2:2, а пример можеше 0:2 или 0:3 да заврши. Или на кој како ни одговара така ќе си правиме муабет. Значи брзо го забораваме и првиот натпревар што се одигра, а верувам дека многу членови што биле силни тука на темата до 70-та минута не го гледале првиот натпревар во Торино туку гледале Арсенал - Барса.
Секоја чест на Јуве како одиграа, али на крај се виде дека упорноста (и покрај лош ден) на крај се исплати и ќе бидеш дури награден.
И кое е тоа напинање над Стелт дека го немало кога сме губеле, па секако дека и тој бил во мал шок при резултатот и сигурно нема со вас да се расправа на форумот кога тој како фан се надевал на пресврт и верувал во тимот.
Ќе го цитирам и Мондо, прочитајте си убаво и не само да прочитате туку и запамтете убаво