НБА сезона 2015-2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши серијата?

  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Не се глупирајте бе..Леброн вчера да играше како шо треба има мозокот да му го растуреше..за шо да се троши кога со пола сили ги победија Лејкерс?..Коби му беше последен натпревар и неговиот тим е елиминиран и нормално дека ќе даде се од себе против Леброн..а овај си одмара и се штеди како и целиот тим бидејќи ги очекува плеј офф...му покажал кој е кој.:tapp:
Океј е Сладоледџија, смири се, заебанција беше. Сите ние што навиваме за Лејкерс свесни сме дека Лејкерс е во топ 3 најлоши тимови сезонава, дека нема шанси за плеј оф и дека на повеќето утакмици повеќе Коби е во кадарот отколку она што се дешава на теренот. Ќе дојде и Леброн на 38 години па ќе го правиме тогаш муабетот. Е сеа, овој со 100 години у гзот му продаде една маалска финта, така да не гледам причина зошто да нема задоволство кај фановите на Лејкерс ради потегот. Коби е мајстор и секогаш бил мајстор, можеби е стар и го газат годините али класата што ја поседува во себе е вечна и верувај дека истиве потези би ги направил и на 90 години.

Бре бре, се штедел Леброн и ако сакал мозокот ќе им го истурел. Фала што ни кажавте не знаевме дека Кливленд е појак.[DOUBLEPOST=1457753842][/DOUBLEPOST]Оклахома загуби уште една тесна утакмица, повторно не знаеја што прават во 4/4. Рубио со гејм винер за победа на Волците.
 
Последно уредено:
Кари и Клеј 30 од 40 поени во 1/4, заедно за три 8/11...
 
Бре бре, се штедел Леброн и ако сакал мозокот ќе им го истурел. Фала што ни кажавте не знаевме дека Кливленд е појак.

Па победата е она што се рачуна,тие финти што му ги продаде никој не ги деградира,сите знаеме дека Коби е играчиште и невиден мајстор ама вие како се палите небаре којзнае што му направи а всушност Кливленд му ја издупи глата на Лејкерси....

Леброн е поинаков тип на играч од Коби и нормално е дека на постари години ќе биди уште послаб бидејќи неговата игра се базира на физичката конституција и подготвеност која ја има, за разлика од Коби кој има невидени кошаркарски вештини.

Доста беше расправии ,факт е дека двајцата се големи играчи и легенди кои придонесоа многу како за нивните тимови така и за НБА и целата кошарка
 
Не само дека Кливленд е појак, туку и Леброн е појак од Коби :)

Stephenson со 33 поена, Barnes 26 11 10, трипл дабл :eek:[DOUBLEPOST=1457791540][/DOUBLEPOST]Составов на Мемфис е циркус, а успеваат да тепаат
 
На АС1 Луизана - Тексас.

Бен Симонс 9поени но направи и 2 фаула така да поголем дел од времето го преседе на клупа...

Луизана 15 минути кош не дадоа, од 8-3 за нив после дадоа уште еден кош и следуваше серијата на Тексас,13-35 за Тексас на полувреме.
 
Симонс е ненормален, беше статистички прв у 4-5 категории за LSU, тотален one man team. Инграм од Дјук го имаш следено? Кој се шпекулира за втор пик?
 
Инграм е моментално проектиран како втор пик, го споредуваат со Дурант во однос на конституција и стил на игра. Незнам дали ќе го стигне тоа ниво. Ептен топ хеви е драфтов, барем според аналитичарите кои подетално го следат, колку што имам читано, после топ3, не се знае кој каде ќе оди зашто е падот голем, а скоро сите се слични по квалитет.
 
Не само дека Кливленд е појак, туку и Леброн е појак од Коби :)

Stephenson со 33 поена, Barnes 26 11 10, трипл дабл :eek:[DOUBLEPOST=1457791540][/DOUBLEPOST]Составов на Мемфис е циркус, а успеваат да тепаат
Па појак е. Сигурно во теретана крева поголема тежина. :D
 
Инграм е добар,ама изгледа како да нема јадено две години..Треба да фрли маса и тоа доста.Инаку многу јак скокач.

Грејсон Ален новиот Џимер Фредет.

Дали "ветеранот" Нианг конечно ќе заигра во НБА,тоа ме интересира највеќе.

Дуото од Гонзага, Вилтјер и Сабонис се доста интересни играчи.

Канзас-Вест Вирџинија на арена кецот.

Девин Вилијамс која фаца ее..:гик: Инаку да го видиме Диало што играч е.
 
Последно уредено:
Каква партија игра Девин Вилијамс од Вест Вирџинија 29 поени и 10 скока против Канзас...[emoji33] [emoji33]
 
Инграм е моментално проектиран како втор пик, го споредуваат со Дурант во однос на конституција и стил на игра. Незнам дали ќе го стигне тоа ниво. Ептен топ хеви е драфтов, барем според аналитичарите кои подетално го следат, колку што имам читано, после топ3, не се знае кој каде ќе оди зашто е падот голем, а скоро сите се слични по квалитет.

После Simmons и Ingram натаму драфтот е многу слаб. 3-15 се послаби од вообичаено. Од 15 натаму се стандард...
 
Демаркус суспендиран против Орландо, Кингси пак off night имаа
Untitled.png
Единствено нешто што мотивира моментално е новиот Golden one center
 
После Simmons и Ingram натаму драфтот е многу слаб. 3-15 се послаби од вообичаено. Од 15 натаму се стандард...
Точно, сега баш отворив повеќе страни, гледам дека на скоро сите третиот пик им е различен. Јас мислев дека Џејлен Браун е консензус трети пик, ама гледам и Бендер и Поелтл, некаде и Крис Дан го ставаат како трет пик. Се надевам дека Лејкерс ќе го задржат пикот и ќе бираат во првите 2 пика, па колку толку да ја средат екипата и идната сезона да се борат за 8 место во плејоф :D
 
Видете го Дирк што праи на 37 години, секоја чест.

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom