ХРАБРОСТ ИЛИ ЛУДОСТ :ВЕЛИЧЕ ШУМУЛИКОСКИ СЕ СЕЛИ ВО БЕМФИКА??
Легендата на македонскиот фудбал а воедно и еден од “виновниците” за успесите на македонската фудбалска репрезентација, ја шокираше целата фудбалска јавност откако рано изутринава, беше објавено дека македонскиот Чавиеста заминува во редовите на португалскиот гигант, пренесува германски Bild.
Величе Шумуликоски : “Најпрво од се, да му се заблагодарам на тренерот на Бемфика што вложил напор за мојот трансфер. Ќе биде тешко, но сепак мислам дека ќе се вклопам и ќе бидам дел од тимот. Конкуренцијата, се разбира, во тим како што е Бемфика, е голема, но сепак мислам дека со многу труд и напорна работа, ќе се изборам за место во првите 11. Среќен сум што имам шанса да заиграм во еден тим со неприкосновените Маскерано и Де Роси. Исто така се радувам бидејќи овој тим на Бенфика е мешавина од искусни играчи како и млади таленти гладни за докажување.
Се надевам дека заедно, со сите сили , по завршувањето на сезоната, ќе успееме да се преселиме во повисок ранг, а со самото тоа ќе завршиме една успешна португалска бајка.”
Менаџерот KaWa : “Да, токму Величе е тоа што го посакував во мојот тим. Сега сите парчиња од сложувалката ми се комплетирани. Убеден сум дека јас и мојот стручен тим не погрешивме во ваквата одлука со донесувањето на еден ветеран од калибарот на Шумуликоски. Тој ќе биде клучна алка во тимот и се надевам дека сезоната ќе ја заврши со многу асистенции, како и голови од пенал, бидејќи, како што пренесуваат медиумите , тој при пеналите е ладнокрвен како италијанскиот Пирло. Исто така овој играч би ја кренал атмосферата помеѓу соиграчите на едно повисоко ниво. Тој ќе зборува за природните убавини на Македонија и за животот таму,па со тоа ќе ги мотивира своите соиграчи да напредуваат за да не дојдат до тоа мизерно ниво од каде што почнал самиот тој, Величе.”

![upload_2016-3-9_11-41-41.png](/data/attachments/141/141149-28abf723481ddd5e15e5a099e37f6c39.jpg)