Soccer Manager (Kajgana Europa League)

Колку да е буџетот? (мил)

  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.474
Поени од реакции
4.628
ХРАБРОСТ ИЛИ ЛУДОСТ :ВЕЛИЧЕ ШУМУЛИКОСКИ СЕ СЕЛИ ВО БЕМФИКА??

Легендата на македонскиот фудбал а воедно и еден од “виновниците” за успесите на македонската фудбалска репрезентација, ја шокираше целата фудбалска јавност откако рано изутринава, беше објавено дека македонскиот Чавиеста заминува во редовите на португалскиот гигант, пренесува германски Bild.

Величе Шумуликоски : “Најпрво од се, да му се заблагодарам на тренерот на Бемфика што вложил напор за мојот трансфер. Ќе биде тешко, но сепак мислам дека ќе се вклопам и ќе бидам дел од тимот. Конкуренцијата, се разбира, во тим како што е Бемфика, е голема, но сепак мислам дека со многу труд и напорна работа, ќе се изборам за место во првите 11. Среќен сум што имам шанса да заиграм во еден тим со неприкосновените Маскерано и Де Роси. Исто така се радувам бидејќи овој тим на Бенфика е мешавина од искусни играчи како и млади таленти гладни за докажување.
Се надевам дека заедно, со сите сили , по завршувањето на сезоната, ќе успееме да се преселиме во повисок ранг, а со самото тоа ќе завршиме една успешна португалска бајка.”

upload_2016-3-9_11-41-41.png

Менаџерот KaWa : “Да, токму Величе е тоа што го посакував во мојот тим. Сега сите парчиња од сложувалката ми се комплетирани. Убеден сум дека јас и мојот стручен тим не погрешивме во ваквата одлука со донесувањето на еден ветеран од калибарот на Шумуликоски. Тој ќе биде клучна алка во тимот и се надевам дека сезоната ќе ја заврши со многу асистенции, како и голови од пенал, бидејќи, како што пренесуваат медиумите , тој при пеналите е ладнокрвен како италијанскиот Пирло. Исто така овој играч би ја кренал атмосферата помеѓу соиграчите на едно повисоко ниво. Тој ќе зборува за природните убавини на Македонија и за животот таму,па со тоа ќе ги мотивира своите соиграчи да напредуваат за да не дојдат до тоа мизерно ниво од каде што почнал самиот тој, Величе.”
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.349
Поени од реакции
5.729

Прегледај го приврзокот 141143

Уште не е дојден ден на дрвото ти веќе почна да садиш .. :D
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.783
Поени од реакции
44.021
Дека сите 40+ искусни кладилничари го викаат БеМфика , иначе таман работа , не сум до толку :D
Давај го сеа Гаитан ајде, после ваков трансфер со 8 души да играш, не би ти било проблем. :P
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
До вечер во тимот на Интер се очекува да пристигне и осмото засилување т.е засилување на голманската позиција . Од тимот на Челзи ќе пристигне Тибо Куртоа а во спротивен правец ќе заминат Самир Ханданович , Данило Д'амброзио и 22м .
Од таборот на Интерн не известуваат дека наскоро се очекуваат уште две засилувања од одбраната и со тоа ќе биде финиширан тимот кој ќе се натпреварува во Европа Лигата.
За Сител од Милано исвестува Латас !
 
G

Goldie

Гостин
Има врска нешто плативе во играва ? Гледам некој од тимовите имаат дури по 2+ милиона само за плати..
 
Член од
15 јануари 2015
Мислења
203
Поени од реакции
176
Многу талентирани играчи се селат на јужниот брег на Англија, кои заедно со Крис Смолинг и Џони Еванс се очекува да бидат полека воведени во системот на новиот Брајан Клаф. Но, Саутемптон не го кажа последниот збор. Нивниот менаџер изјави дека им останаа премногу средства во буџетот и ќе се обидат да ја завршат сложувалката со едно најскапо до сега засилување од некој од топ 5 тимовите во светот што со својот квалитет би отскокнувало од другите соиграчи и што ќе биде тука кога ќе биде најпотребно. Засега се шпекулираат имиња од средината на теренот како и напаѓачи, но сеуште нема сигурна информација за тоа кој ќе биде приоритет за овој последен и најважен потег на светците од јужниот брег.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
На денешната прес-конференција, релативно непознатиот менаџер Рики ги претстави своите 8 нови засилувања.

На голманската позиција беше доведен Бернд Лено, кој всушност е најконтроверзниот трансфер од овие 8 трансфери. Фудбалските критичари го оценија овој трансфер како непотребен поради младиот и мегаталентираниот Џек Батленд, но фудбалските критичари се идиоти. Да беа паметни ќе беа менаџери, а не критичари. Не знаат дека ти требаат два голмани кои ќе си бидат конкуренција, башка гајле ќе ти е ако се повреди еден, коа ќе имаш друг гигаѕвер.

Левата бековска позиција беше засилена со Киран Гибс, кој изјави дека се што сакал во животот е да заигра за Грнчарите. Но, тоа не е се. На одбраната и се приклучија и две звучни имиња.

Едниот од нив е Тоби Алдервајрелд, белгискиот принц на одбраната кој се самопрогласи за „командант“ по неговото доаѓање. Версатилен дефанзивец со интересна фризура.

Вториот е Сократис Папастопулос, либералниот грчки репрезентативец. Сократис беше запрашан дали ќе му биде лесно да соработува со менаџер кој доаѓа од држава која има турбулентни односи со неговата, но на тоа Сократис одговори дека тука се ќе остане професионално. Сепак, доколку тоа значи дека ќе си помогне на својата играчка кариера, спремен е да не признае под нашето уставно име. Тогаш Сократис направи некој чуден знак со прстите од својата дланка. Ги спои палецот и показалецот, формирајќи круг, оставајќи ги останатите три прсти кренати високо. Аналитичарите сеуште го толкуваат овој симбол.

Последното засилување од одбраната беше Крег Досон, али тој е небитен пошто е за иднината.

Вистинските „бомби“ паднаа на средината на теренот. Како клучни првотимци кои ќе бидат јадрото на тимот беа донесени тројца врвни играчи. Нивното доведување и имплементирање во првиот тим ќе биде познато како „Тројната Пенетрација“. Секако, станува збор за Кевин де Брујне, Јохан Кабаје и Алан Џагоев.

Овој подвиг на Стоук Сити е познат како „Реформацијата“. Кога беше запрашан дали реформацијата ќе продолжи или тука е крајот, Рики одговори: „Да, ќе продолжи, иаме уште пари од што шиткавме некои дрва, па шокур.“

*roll credits*
 
Џабе купуваш пола ке ти се повредат

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.611
Поени од реакции
59.416
Има врска нешто плативе во играва ? Гледам некој од тимовите имаат дури по 2+ милиона само за плати..
Имa.
Пoвисoки плaти, пoмaлку кеш ќе ти oстaнувa пoсле секoј нaтпревaр
 
G

Goldie

Гостин
Имa.
Пoвисoки плaти, пoмaлку кеш ќе ти oстaнувa пoсле секoј нaтпревaр
А колку зимаш од секој натпревар ? Од сегашниов ли буџет треба да оставиме нешто да не одиме во минус ?
Не ми се баш најдобро јасни овие работи а гледам во finances не е ништо објаснето
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.611
Поени од реакции
59.416
А колку зимаш од секој натпревар ? Од сегашниов ли буџет треба да оставиме нешто да не одиме во минус ?
Не ми се баш најдобро јасни овие работи а гледам во finances не е ништо објаснето
Нa гoстински терен верoјaтнo ќе oдиш вo минус, нa дoмaшен вo плус.

Плусoт ќе е пoгoлем oд минусoт. Немaј гaјле.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom