- Член од
- 29 јануари 2015
- Мислења
- 7.278
- Поени од реакции
- 20.261
Аргументи?
Само одреден број на тимови имаат право да бидат јаки и да освојуваат лига? Тогаш дај нека се игра Ф4 меѓу нив и за еден викенд да се додели титулата, нема потреба другите тимови да се мачат цела сезона.
Аргументи?
Само одреден број на тимови имаат право да бидат јаки и да освојуваат лига? Тогаш дај нека се игра Ф4 меѓу нив и за еден викенд да се додели титулата, нема потреба другите тимови да се мачат цела сезона.
Дај и простор на мојата субјективност, кога се работи за Тотенхем. Сепак и покрај неа, имам аргументи кои ја поткрепуваат мојата констатација за мизерноста на тој фудбалски тим. Немој да ме сфатиш погрешно, но не би сакал во моментов да аргументирам на таа тема.
Како и да е, поентата на постот не беше само да се омаловажи на Тотенхем.
Неколкумина начнаа претходно. Зборуваме за ,,најдобрата лига на светот''. И тоа треба да го имаме во предвид. Кога додаваш суперлатив, треба и да го заслужиш. Најинтересна е да, но најинтересен не значи секогаш и најдобар. Сезона 2015/16 е одличен показател за тоа.
Врската помеѓу тоа што Лестер и Тотенхем, кои според мене во нормални услови и во онаа вистински силна Премиер Лига од пред неколку години, со истиот состав и истата игра би се бореле за места во Европа Лига можеби и мизерноста на големите тимови како Јунајтед Ливерул, Арсенал и Челзи, е причинско-последична.
Условно речено поголемите екипи во Англија, кои се финансиски моќни и во секој трансфер период трошат се повеќе и повеќе, патат од неконстантност, која произлегува пред се од слабиот квалитет на овие тимови. Ваквата состојба отвора простор за влегување во прв план на Лестер и Тотенхем, кои низ годиниве реално заостанувале зад Јунајтед, Челзи, Арсенал, Сити и Ливерпул и индицира на вртоглавниот пад на Премиер Лигата како таква. Или, Лестер и Тотенхем ќе освојат титула, како последица на неспособноста и анемичноста на претходно споменатите силни тимови.

Последно уредено: