Тешко да испадни Валекано, до пред овај натпревар пораз немаа а изиграа со Севиља, Валенсија, Селта... Гетафе печен е за втора лига, Хихон исто, Леванте и Еспањол мислам дека се главни фаворити.
Леванте многу заостанува бодовно, а и не покажуваат некој напредок и се најголеми кандидати за испаѓање. Одма после нив би ги ставил Хихон, многу цврста, млада екипа но се ептен неискусни. Најстариот играч има 29 години и тоа се гледа во последниве утакмици, губат клучни поени ради неискуството.
Инаку денес Абелардо побесна на пресот кој траеше само 2-3 минути, гол им поништија од ептен сумлива ситуација и плус им досудија непостоечки пенал на Гранада.
Кажа дека имале 111 години традиција, било срамота тоа што им го прават, играчите се срушени, плачат во соблекувалната и нека ме казнат 50 утакмици ако сакаат ама морам да го кажам тоа. Абелардо им е многу битна фигура иначе, има поминато многу години во тимот и како играч и како тренер и баш поради ова казната може дополнително да ги скрши. Исто доста играчи на твитер се жалеа на судиските одлуки, ќе биде сложено да излезат од ваквата ситуација.
Третиот би требало да биде меѓу Гранада/Хетафе/Лас Палмас
Најмногу сакам да отпаднат овие гомнава од Гранада, лани се изнаместија на крајот 5 победи по ред врзаа и со Атлетико ја наместија 0-0, помртва утакмица oд таа амин, со 4 шута на севкупно од кои само еден на голот од двете екипи.