Barclays Premier League - Season 2015/2016

Кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата?


  • Вкупно гласачи
    465
Статус
Затворена за нови мислења.
А слика од малава има ли?:oops:
Она не се појавува никаде затоа што е малолетник, затоа и нејзината изјава после судската одлука ја читаше друг. (не ми текнува што функција имаше таа жената). Во вакви случаи и јавноста мислам е исклучена (т.е. бар кај нас).
 
Него нешто прочитав дека со девојката раскинале ама сепак го подржала таја за случајот и заедно се појавија на судење. :confused:
 
- Where do you go out?
- I'm not old enough to go out. Koњ.

Иначе, за талентиве, кога зборуваме за ниво на игра, мислам дека Роналдињо нема никој да го стигне уште долго време. Она на што им се восхитувам на Меси а и на Роналдо е фактот што толку многу години играат на врвно ниво. Толку време не губат мотивација за тренирање, глад за трофеи и надигрување иако имаат се во живот, и е потребно само малку да се опуштиш, и све да отиде низ вода, како што направи зуберот.

Нејмар ми изгледа како единствениот што може да се приклучи на Роналдо и Меси.
 
И Лофтус-Чик, не заборавајте! А и Бертранд Траоре.
 
Како може Ибрата да го заборавите во споредбава, КАКО?
 
Со кој ќе го споредуваш Ибра? У кој ешалон е? :icon_lol:

По преценет играч не постои.
Зошто мислиш дека е преценет?
А по кој основ па Роналдињо е споредуван со Меси и Роналдо, играч кои играше на врвно ниво 3-4 сезони и после си ја уништи кариерата со пороци. Роналдињо го нема на фудбалската мапа едно добри 7 години, а со Златан се иста возраст.
 
Зошто мислиш дека е прецент?
А по кој основ па Роналдињо е споредуван со Меси и Роналдо, играч кои играше на врвно ниво 3-4 сезони и после си ја уништи кариерата со пороци. Роналдињо го нема на фудбалската мапа едно добри 7 години, а со Златан се иста возраст.
Ептен претенциозно е да се спомне Ибра со Меси и Роналдо во иста реченица. Еден од најнеконсистентните играчи шо ги имам гледано досеа, не знае да изигра и да сврзе неколку утакмици на високо ниво, не пак да има game by game импакт како Меси и Роналдо за клубот у кој шо игра.
Настрана што е недисциплиниран и послаб професионалец, да идеше во Англија ќе се увреше во ова, секогаш кога имаше огромни шанси да напраи нешто во неговата кариера, инстантно колапсираше и се губеше на терен.
А коа ќе даде некој еврогол интернетот експлодира и му се ствара нереален хајп, медиумите го дигнаа на некое смешно високо ниво..

Роналдињо overall како играч заради помалата кариера не е во тој ранг, ама изигра невиден фудбал тие неколку години додека играше, и тешко дека има некој сличен на него у скоро време.
 
Па незнам ни баш колку ја легнал "Think we better go in the back next time" и "Just wanted to get your jeans off" за еден BJ изгледа во затвор ќе оди :D



Таман си е законот, на 15 години дете не размислува правилно и лесно може да биде заведено од некој 28 годишен коњ како Џонсон.
Имале секс, призна Џонсон. :)
 
Зошто мислиш дека е преценет?
А по кој основ па Роналдињо е споредуван со Меси и Роналдо, играч кои играше на врвно ниво 3-4 сезони и после си ја уништи кариерата со пороци. Роналдињо го нема на фудбалската мапа едно добри 7 години, а со Златан се иста возраст.

Убаво пишав, ниво на фудбал. Она што го изигра Роналдињо во тие неколку сезони беше спектакуларен фудбал, да кажеме 10-ка ниво, ниво кое тешко дека некој ке го повтори. Ама, Меси и Роналдо играат веќе 10-тина години на 9-ка, и затоа повеќе се ценети.
 
У сабота сакам Арсенал да тепа и да се изедначи со Тотенхем, а Лестер да победи и да избега на +6.
Другите небитни
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom