Здраво!
Истово прашање го поставив и во друга тема но не ми беше одговорено, затоа ќе морам да пробам и овдека. Се извинувам ако правам некаква грешка.
Ми останаа уште 3 предмети за полагање, но ова ми е веќе 6-та година. До пред неколку месеци бев невработена и се водев за редовна, е сега треба да заверам семестар и не знам дали со тоа што се водам како вработена ЌЕ БИДАМ ПРИНУДЕНА да бидам вонреден студент. Да бидам појасна... дали според налагањата на правилата ќе мора да се префрлам како вонреден студент, или ќе можам да останам редовен.
Прашањево ми е.... Дали статусов на вработена ми пречи во тоа да бидам редовна, или вонредна можам да се префрлам само доколку јас сакам. Не ми се јасни овие работи и сакам да ми помогне некој што ги знае.
Благодарам!