Златна Бубамара на популарноста

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Секоја година едни те исти "најдобри" земаат "златна" бубашарба на популарноста. Веќе не го ни гледам, безвезе е. И Сашко, буразеру, пензионирај се. Мислам, сериозно отече со истите муабети секоја година!
 
Чудно како Калиопи и Влатко Стефановски не земаа бубамари :confused:
 
ако се сконцентрираш изолиран во соба, во потполна тишина, ќе чуеш како Калиопи куца текст за на ФБ каде што плука све од А до Ж :icon_lol:
 
Баш прееска му спомнав на татко ми, вика абе ќе и дадат нејзе ама дома ќе и ја однесат пошто ако и дадат да збори тука ќе неможат да ја избркаат после, ќе почне да плаче, гони ми ја бре у пичку матер :pos:

Иначе општо ова церемонијава да ја наречам ние многу лошо ја сфаќаме, божем Оскари добиваат па кој заслужил кој не.
Очигледно е дека со наградата промовираат некои нови ликови или потсетуваат на некои подзаборавени.
Целта е да се смени малце од секојдневните глупоштини што ги има по тв, да се насмееме малце.
Тие ни се тие у државава што секоја година зимаат бубамари, кој е крив што Тамара е единствена пејачка што е активна уште. Еве мене освен Тамара и Каролина на ниедна друга не ми текнува да е активна и ангажирана околу кариерата :toe:
 
Мене ми е мерак што колегата мој Евгениј зел за спортист на годината. Дечкото се врати од смртна постела, на родителите негови им кажаа дека нема надеж веќе, се избори некако, оздраве, собра сили, се врати во натпреварувачка форма и ја освои Гран При серијата. Секоја чест! (y)
 
Греота е 4 часа од животот да поминеш гледајќи го ова од вечерва.

Исто така греота и срамота е да ги гледаш тие Тино и Атанас цела вечер (ваљда така се викаат) човече болест е она што го прават, може како актери се добри ама какви антиталенти за хумор се тоа чудо нешто, три пати ги повторуваа шегите, особено таа за Г точката, дај нека клецнат нешто да им се опушти малку гласчето и да не замараат повеќе и да исчезнат, нема смисла ова.

А шоуто само по себе е фарса и никако не придонесува за развојот и хигиената на уметноста и културата во државата. Мотото „чист воздух во етерот“ би им било прикладно само кога ќе престанат да доделуваат награди на муфљузи како ДНК и Тамара, ама засега се далеку од тоа.
 
Најголемиот очај беше годинава хумор 0 и шо концептот од лани со актерине од театар комедија кој не ми се ама ич смешни. Ај тоа ок Ама да ги оставиш 2 сати они да дрндат , а сите го чекаат Коцев е нешто што нема смисла. Потоа многу малку ремет удри Сашко па уште натписите дека Заев станал и си заминал коа почнале шегите за него ми иде да пишам на тие новинари и ја да бев ќе си заминев на таква лоша и очајна програма. Незнам според мене најдобрите бубамари беа кога водеше Тони. Ја би го вратил него или да води Жаре евентуално. Па мајка му Раде Рогожаров подобро шоу ќе има од Тино и Атанас!
 
Многу шабанарија... Големо браво за дуетот Селимова Желчевски
 
Кој Жаре бе? Еден на еден?

Абе не заебавај, Сашко Коцев за него е :рандом_најјак_комичар_у_свет:
 
Многу шабанарија... Големо браво за дуетот Селимова Желчевски
Видеово??? Убав мајтап, се смееата двата. Како вели Тони Михајловски, исто ко конгрес да е.;)

Онаа од Љубојна колку не можам да ја сварам тоа чудо е, која етно група бе со трубачите, па на крај зеде да рапува нешто.:pos: Не знам зошто Исмаил Лумановски се срами со неа, поштено си растури потоа со Влатко.
 
Љубојна се можеби најквалитетниот и најконстантен состав години наназад општо во македонската музика. То што не можиш да ја свариш е друг муабет :D

Инаку досега не сум изгледал ниту една Златна Бубамара. Вчера фатив само некои делчиња дури чекав да ми се симни филмот. Онака стандард дрн дрн јариња....
 
Можда беа едни од поквалитетните етно состави до пред една/две години се додека не убација у бенд и труби и гитари и тапани и триста тракатанци, тоа не е етно, некој авангарден тип на музика со измешани правци што уопште не звучи добро туку хаотично, барем според мене. А за стилот да не правиме муабет, не ја следев цела бубамара али случајно фатив еден нејзин концерт на мтв, фризот ко пејачот од Скрилекс, некој недефиниран викторијански/готик стил со даркерска шминка :cautious: болно за очи.
А негде прочитав имала и непристојно деколте на доделувањево што уопште не доликува ако се земат у обзир жанрот на музика и годините.
 
Апсолутно грешен муабет :)

Во Љубојна се собрани моментално едни од најдобрите музичари во Македонија (не знам колку си запознаена со сите поединечно еден по еден од составот на бендот) :)
 
Поединечно можеби, ама заедно хаос се.
 
Поединечно можеби, ама заедно хаос се.
Не се хаос. Можеби не ти трпи слухот сложен звук. Си размислила и за то нешто? Или да пуштиш фјужн џез и ќе речеш што е ова секој лупа што му сака душата, не е тоа хаос, едноставно не си навикната да го слушаш то нешто.
Сега прават посложена музика со поискршен ритам и го дефинираат етното на еден поинаков начин. Баш имав прилика да ги слушам во живо пред една година, поштено искинаа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom