Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Конкурент за титула во Примера е само Атлетико.[DOUBLEPOST=1456089811][/DOUBLEPOST]И Атлетико киксна , сега наредно коло имаме меч против Севиља а тие играат во мадридското дерби .
Секогаш кога ќе издвојуваме тешка победа со лоша игра , во тоа коло киксаат заедно Реал и Атлетико .
:icon_lol:
 
Последно уредено:
12728890_10153806308935469_8573241388389882544_n.jpg


Наредната недела ќе биде многу битна за нас, во врска со Лигата. Ако ги победиме Севиља, а Атл.Мадрид и Реал изиграат нерешено или победи Реал, тогаш 90% титулата е наша, со претпоставка дека утре ќе победат и двете.
Во тој случај ќе имаме разлика од 8 односно 9 (ако играат нерешено) или 9 односно 7 (ако победи Реал, Атлетико ќе ни се оддалечи 9, а Реал 7, плус со нив имаме утакмица дома.)

Лоша претпоставка. :D[DOUBLEPOST=1456091577][/DOUBLEPOST]
 
Натпреварот против Севиља наредната недела ќе биде од огромно значење (не дека сите друти не се) во борбата за титулата. Победа и тоа како ќе има влијание за доближување чекор поблиску до целта, посебно ако мадриѓаните изиграат нерешено меѓу себе.
 
Неможат да здивнат еј , сега у вторник фактички утре играме ЛШ , и таман си реков после другиот викенд ќе здивнат , оно да имало вонредно коло.:facepalm:

Со Арсенал и Севилја мора со фул состав, али после Лучо треба да го ротира и триото , посебно ако мадриѓаните одиграат нерешено и се одделиме на 10/11 бода во однос на нив. После Севилја ни следуваат 2 меча у гости кај Рајо и Еибар , па го чекаме дома Гетафе.
 
Малага им го направија на Реал годинава, тоа што ни го направија нас лани. Будала екипа се, даваат гол еднаш во 3 години, ама се држат за чудо некое.
А Атлетико беше време да почне да паѓа, епа не може бе цела година со 1-0 да тепаш, со гол даден или во првите 5 или во последните 10 минути, еднаш ќе те заебе очајниот напад само со Гризман во него. Далеку е Атлетико од тој Атлетико од пред 2 години, тогаш имаа игра, го имаа Коста во напад, имаше кој да се растури од голови давање, Гризман јес да е играчиште ама не е таков шпиц сепак.
И да триово мора да се изротира, ај Меси не мора толку, сепак одмори он тие 2 месеца кога беше повреден, ама Грицко и Нејмар мора, очекувам во секој момент да цркнат на терен. На Селта им се врати за поразот, сега останува да и се врати на Севиља. После со Рајо и Гетафе ќе е лесно, е гостувањето кај Еибар може да е малку зезнато ама отом-потом, прво утре против Арсенал, лично и со 0-0 би бил задоволен оти играчиве се стварно цркнати веќе од почетоков на годинава и играат вторник/сабота систем.
 
Со поволен резултат утре, и со 6/7 бода у нареднте 3 кола во ЛаЛига ја би бил презадоволен, со тоа што ќе ги ротира многу Меси, Суарез и Нејмар и да бидат одморени. Немора по цела утакмица, ама може 2 утакмици по 20-30 мин. Стварно претераа и они, па и се лутат ако не играат. Ако може да се повредат во најбитниот дел од сезоната џабе е све. Со двајца од нив, плус Иниеста, Туран, Мунир.. повеќе од доволно е за екипи како Рајо и Гетафе и слични. Добро е што одбраната и средината доста ротираат и тука не е опасно, ама овие испоцркаа и не делуваат уморено маме им ебам. :D
 
Желни се за игра МСН, не смее да ги чепне Енрике, а и не се уморни, речиси никогаш не се враќаат во одбрана. Баш би сакал да видам по колку километри на наптревар претрчуваат, минатава со Лас Палмас лежеа по терен, буквално :D Најмногу трпи средниов ред, се кинат од трчање да покриваат за овие напред, али тоа е, како што рече Ракитич, не е проблем,за Меси ќе трчам зошто вреди навистина.
 
Читам коментари од типот Барса не е којзнае што... Денес започнува борбата во која по којзнае кој пат треба да докажат дека Барса е Барса..Минатата сезона ги поминаа сите шампиони од најдобрите лиги во Европа, годинава редот дојде на оние кои сакаат да се чувствуваат така..Знаејќи го Енрике, мислам дека ќе тргнат да го решат двомечот уште денеска, нешто слично како и минатата сезона каде се беше решено на првиот натпревар, за колку толку да се овозможат ротации на главните играчи. Верувам во момците, мислам дека во клубот генерално владее одлична идилична атмосфера, претпазливи се, не летаат премногу и најважно од се мотивирани за нови успеси.Не би дискутирал околу првите единаесетмина, мислам дека на сите ни се познати. Арсенал се опасна екипа со неколку врвни индивидуалци, но ние сме Барса, истиот тим што пред неколку месеци се искачи на врвот на Европа, истиот тим (без Меси :icon_mrgr:) кој го торпедираше Реал среде Мадрид сезонава..Мислам дека имаме причини за оптимизам, и да се надеваме на најдобро! VISCA BARCA!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom