СО ШТО ГО ПЛАТИ ТИРАНА KАНДИДАТСKИОТ СТАТУС
ГРЦИЈА БАРА НАФТА ВО АЛБАНСКИТЕ ВОДИ
Независно од тоа што водната гранична линија меѓу Албанија и Грција с` уште не е определена, грчката влада самостојно ја определи граничната зона на морската карта на истражување, пренесуваат албанските медиуми.
Грчкото министерство за енергетика соопшти дека Грција почнала испитувања во нејзините територијални води за постоење нафта и гас на 20 локации на површина од 225 квадратни километри. Според весникот „Етнос“, дваесет странски компании ја минале завршната фаза за избор. Меѓу нив се гигантите „Бритиш петролеум“, „Ексон мобајл“, „Шеврон“, „Шел“, „Статоил“ и други. Ако внимателно се разгледа картата, Грците ќе бараат нафта на оддалеченост од неколку милји од познатото албанско приморско гратче Химара.
- Она што особено паѓа во очи во презентираната карта од страна на грчкото министерство е фактот што дел од површината во која ќе се бара нафта е оној кој претставува ексклузивна економска зона на Албанија, но кој со спогодбата потпишана од владата на Бериша ~ бил подаре на Грција. Договорот беше меѓу владите на Бериша и на Kараманлис, но Уставниот суд на Албанија го оцени како несутавен - пишува „Шекули“.
Грчката страна никогаш не се согласи со одлуката на Уставниот суд во Тирана и постојано на сите нивоа бараше ратификација на спогодбата или во најдобар случај нова спогодба со истите координати. Неколку часа откако Албанија доби кандидатскиот статус за ЕУ, шефот на грчката дипломатија ја потсети Албанија дека неговата земја помогнала во добивањето на статусот за што таа треба да исполни некои обврски.
Грчката страна е голем оптимист од досегашните истражувања и смета дека има големи резерви на нафта и гас. Овие резерви се проценуваат на 20 милијарди евра во наредните дваесет години и во исто време земјата ја претвора во еден од најголемите производители на нафта и гас во поширокиот регион.
Спогодбата за определување на водната граница меѓу двете земји во април 2009 година ја потпишаа тогашните шефови на грчката и на албанската дипломатија, Дора Бакојани и Љуљзим Баша, во присуство на премиерите. Но, албанските експерти укажаа дека Албанија губи над 230 квадратни километри од територијалните води и тоа во регион под кој се смета дека има 4 милијарди барели нафта и повеќе од 1,5 милијарда кубни метри природен гас.
- Албанија и за членството во НАТО беше условувана од Грција, но тогаш со изградбата на гробиштата во Kарчула на грчките војници, на што и покрај силните противења на историчарите и јавноста се согласи. Дали и кандидатскиот статус Албанија го плати со таен договор за започнување со истражувањата во водите на Јонското Море - прашуваат медиумите.
Вера Тодоровска
http://dnevnik.mk/?ItemID=B3074EC89C8AAB48BD548BF72DB6C279
Јужните се чудо од народ , задолжени до гуша, не работат ништо и пак се главни во европската унија. Подобар доказ дека се работи за хомосексуална и дегенеразирана унија здравје.