Кога прашувате за потенцијални проблеми со повлекување пари (особено поголеми суми), коректно е и да одговорите кога парите ви слегнале на сметка, за да знаеме и ние, останатите, каква е моменталната ситуација - вака само
вашите прашања за сите нас остануваат неодговорени.
Ова особено важи за сервиси како Скрил кои постојано дуваат топло-ладно и со кои никогаш не можеш да си 100% на сигурно.
Еве, јас минатиот четврток повлеков точно $250 на Виза Електрон картица - НЛБ Тутунска - и уште не сум ги добил.
Се
надевам дека при трансферот нема да влијае тоа што ова ми е прво користење на Скрил по нешто повеќе од една година. Значи, до крај на 2014 го користев редовно, постојано, на едно/двонеделна база, но потоа се префрлив на Пејпел. Но сега, баш зашто се работи за поголема сума - за да не се соочам со верификациски проблем со Пејпел - се решив да одам со Скрил. Ваљда не сум погрешил.