Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
A war онака од негледано ич не ми изгледа арен. Единствено за колумбискиот и унгарскиот имам некое очекување. :D
Јас па дека ептен ја сакам скандинавската кинематографија, баш за него имам очекувања. ;) И унгарскиот, секако.

Но факт: Mustang и Theeb имаат многу фалинки. Изгледајте ги, па ако сакате ќе образложам зошто така мислам.
 
Во врска со Solace...
Пред, некое време, еден член напиша дека го гледал и не го воодушевил. И јас се слагам со него, филмот не е добар. За тепање време не е лош, али није то то.

Одлична идеја, али некако истата е слабо разработена и преточена во дело, филмот е како без душа, нем, не те поврзува со актерите, ја немаш таа емоција кај себе која сака да ја предизвика.
Не знам зошто е тоа така и кој е виновникот, али се повеќе нови филмови имаат нешто заедничко што им фали и се некако оштетени кога ќе се споредат со старите.

Не знам што е тоа, дали камерата, зумот нејзин, дали сечењето на сцените, музиката во позадина, забрзаното дејствие али како конзумер на филмови го чуствувам тоа.

Штета лаик сум кога е во прашање филмската уметност па не можам да задирам во техничкиот аспект, затоа ќе побарам мислење од постручните овдека на темава, ако можат, да дадат некое свое мислење(се разбира ако се слагаат со мене), што е тоа што им фали на новиве филмови, наспрема оние старите?
 
Brooklyn :rolleyes::rolleyes::rolleyes::cuc:
I loved it, личен фаворит за Оскар, на не гледани The Big Short и TheRevenant. Макар шо знам дека минимални му се шансите за Оскар.
Ама затоа Санџоку има и те како шанса за главна женска улога, си развали типката, макар шо главните кандидатки и ги немам видено уште, Room ми е следен на листа за гледање, 45 Years ќе биде деновиве, ако има снимка. Ама засега дефинитивно ќе навивам за ова во сите можни категории.
 
Последно уредено:

На страна B филмови, мислам дека причината е тоа што порано било многу потешко да се сними еден филм. Порано се вложувало многу повеќе енергија и напор за да се реализира идејата на режисерот.

На пример, за еден Apocalypse Now си ебале мајката 3 години низ џунгли и мочуришта за да го снимат. И поради тоа ти ствара многу пореална атмосфера. Ова е мое лаичко мислење :D

Но, не значи дека денеска нема квалитетна кинематографија. Моментот е што поради достапноста на филмовите и техниката на како може да се изработи еден филм е попрактична па се произведуваат многу филмови, има квантитет. Но сепак, квалитет на големо може да се најде и секогаш ќе може.
 
Brooklyn :rolleyes::rolleyes::rolleyes::cuc:
I loved it, личен фаворит за Оскар, на не гледани The Big Short и TheRevenant. Макар шо знам дека минимални му се шансите за Оскар.
Ама затоа Санџоку има и те како шанса за главна женска улога, си развали типката, макар шо главните кандидатки и ги немам видено уште, Room ми е следен на листа за гледање, 45 Years ќе биде деновиве, ако има снимка. Ама засега дефинитивно ќе навивам за ова во сите можни категории.
Сирша Ронан - правилно на македонски. ;)
 
Blade Runner ти е филмиште бре... Харисон Форд и Рутгер Хауер :cuc:, незнам како не сум го гледал досега, двата мои омилени актери да ги ебам. Ефектите за тоа време се ерекција, приказната да не зборам. Еден од најдобрите СФ филмови некогаш направени, рамо до рамо со Терминаторот, Стар Ворс итн...

Оценка 11 од 10 :icon_mrgr:
 
Како Калиопи ми е, квалитетна но крајно антипатична.
Еднаш пишав ова негде: она на 13 години беше номинирана за Оскар за Atonement. Јас на 13 играв џамлии пред кооперација.

А види и ги нозете овде:

The Lovely Bones ми е многу јак филм со незе. Atonement не ми е гледан.

Многу теткинска фаца има за годините. :X3:
 
The Lovely Bones ми е многу јак филм со незе. Atonement не ми е гледан.

Многу теткинска фаца има за годините. :X3:
Atonement - задолжително!

Ако не ти е гледан, гледај го и City of Ember. Мене ми беше одлична авантура. Обожувам вакви! (y)
 
Зошто ми ја ругате Џенфер Лоренс бе, ццц незабавни и неинтересни ниедни...
И јас многу си ја сакам. Не знам што толку им боде очи?
 
Стварно е јака вака со кратка плава коса, не сум ги гледал ама од сликите од хангр гејмс не ми се допаѓа црна.

П. С феноменално пее во the hanging tree
 
Не заебавај, кое антипатично створење е... се однесува како да е Хепбурн, Грејс Кели или Џејн Фонда и зад неа има 20 години успешна кариера..
Џенифер ич не е антипатична.
Баш ја поштуем пошо е млада и се курчи.
Алал да и е.
Една од најдобрите млади актерки, во одлични филмови има глумено, награди... и ако некој мисир таму си го чепка телефонот дур ја прашува (ако разбрав добро), смее да се курчи.
Заслужила.
 
Кој збори за тоа како глуми?

Антипатична е и те како, а за да се курчи треба да има bragging rights и нeкаква оставштина во тоа што го прави, а не да изиграва Грег Попович кај стигне со никаквиот хумор.

Мисирот што чита, се слуша дека не му е мајчин јазик англискиот, сигурно е некој хиспанец или европеец - па затоа и чита, а оваа со сет сарказам му дава некои деминутиви и го понижува пред другите.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom