- Член од
- 1 февруари 2012
- Мислења
- 3.682
- Поени од реакции
- 4.212
На страна B филмови, мислам дека причината е тоа што порано било многу потешко да се сними еден филм. Порано се вложувало многу повеќе енергија и напор за да се реализира идејата на режисерот.Не знам зошто е тоа така и кој е виновникот, али се повеќе нови филмови имаат нешто заедничко што им фали и се некако оштетени кога ќе се споредат со старите.
Не знам што е тоа, дали камерата, зумот нејзин, дали сечењето на сцените, музиката во позадина, забрзаното дејствие али како конзумер на филмови го чуствувам тоа.
Штета лаик сум кога е во прашање филмската уметност па не можам да задирам во техничкиот аспект, затоа ќе побарам мислење од постручните овдека на темава, ако можат, да дадат некое свое мислење(се разбира ако се слагаат со мене), што е тоа што им фали на новиве филмови, наспрема оние старите?
На пример, за еден Apocalypse Now си ебале мајката 3 години низ џунгли и мочуришта за да го снимат. И поради тоа ти ствара многу пореална атмосфера. Ова е мое лаичко мислење

Но, не значи дека денеска нема квалитетна кинематографија. Моментот е што поради достапноста на филмовите и техниката на како може да се изработи еден филм е попрактична па се произведуваат многу филмови, има квантитет. Но сепак, квалитет на големо може да се најде и секогаш ќе може.




