Грешка си во капацитетот на тимот, тимот има капацитет па дури и да играат со Медел и Мело во средина, проблемот е во невоиграноста и глупиот пристап на Манчини, никако не може да најде контра одговор на пресинг.
На Манчини замислата е Љаиќ, Јоветиќ и Перишиќ да ги уигруваат акциите а Медел и Мело да копаат, он не бара Медел да креира акции... Еве конкретно со Милан се бараше Едер, Љаиќ и Перишиќ да бидат движечка сила а од Медел се очекуваше само да коси а за Брозовиќ тотално се изгуби но кога сме кај Брозовиќ иако добива дефанзивни задачи дечкото се заборава и сака да изиграва нешто што друг треба да го игра но тоа е само поради желбата да победи (и фактот дека тоа не е негова позиција).
На почетокот на првенството што се случи? Ни еден тим против Интер не играше пресинг и следуваа победите, иако напаѓачите не се движеа доволно, нивните индивидуални квалитети доаѓаа до израз. Сега после пресингот организаторите на играта Љаиќ, Перишиќ, Јоветиќ најново и Едер се скроз исечени од еден зид од 4 играчи и цел товар паѓа на Медел кој рака на срце не знае а и тоа не е негова работа да ја изнесе топката и да го диктира темпото, Брозовиќ до сега два пати ја доби оваа улога и неуспеа до степен што сега скоро сите сметаат дека врска нема од фудбал ете до толку се исфрустира што ни еден пас не можеше да погоди. Одбрамата попушти затоа што е под огромен пресинг од било кој тим дали е тоа Карпи, дали Аталанта не е битно.
Најголем проблем е што Манчини излага со 4 напаѓачи, кога некој излага со 4 напаѓачи не можеш да очекуваш тие да бранат и да се повлечат на своја половина како што е случајот со Интер, затоа што кога правиш контра нема кој да излезе ако се сите напаѓачи повлечени а така беше вчера во 3 контри кои можеа да бидат убиствени од 4 напаѓачи само еден беше во шеснаестеник а минимум треба двајца да бидат во најдобар случај тројца. Муабетот ми е кога играш со 4 напаѓачи најдобро ќе ги искористиш ако истите тие прават огромен пресинг на противничка половина, нешто налик како сите селски тимови што играат против нас, така падна едниот гол против Наполи. Тек тогаш ќе видиш како селската одбрана на Милан ќе беше отсечена од средината и нападот. А што направи Манчини? Јоветиќ и Љаиќ си трчкаат напред не вршат притисок, Едер изгубено брка а Перишиќ вратен во свој шеснаестеник и Милан те доминира со 11 играчи во свое поле.
И секој нормален човек ќе каже па што кур не вршат притисок Јоветиќ, Икарди и Љаиќ туку трчкаат без врска или Љаиќ и Першиќ играат бекови??? И еве Интер освојува топка Перишиќ тек допрва треба да помине половина, Љаиќ можеби бил вратен а можеби и не и напред е сам Јоветиќ опкружен со 3 играчи, акцијата на Интер се состои од долга топка према Јоветиќ бидејќи сите играчи се под страшен пресинг на своја половина и во најдобра варијанта Јоветиќ ја прима топката ја смирува и изнудува фаул, бидејќи е сам нема што да прави.
Бидејќи веќе се изгубив во постот и знам дека никој нема да го прочита збороти ми е (односно моето решение): Кога веќе си курназ и излагаш со 4 напаѓачи постави ја цела постава високо на 35 метри од голот и играј страшен пресинг, тука копачите Мело и Медел ќе дојдат во најдобар израз, и дека цела постава е над 35 метри од голот секоја пресечена топка лесно ќе се дистрибуира до Љаиќ, Едер, Перишиќ, Јоветиќ или Икарди, и нема да доаѓаат ситуации Медел да е под страшен прсинг на 30 метри во наша половина и да ни организира напад. Да ќе ни цури малку одбраната, ќе патиме од брзи играчи и контри но затоа секоја најмала грешка на противникот ќе биде убиствена. Едноставно тимов со овие 4 играчи за тоа е составен кога веќе знаеме дека Љаиќ, Перишиќ и Едер имаат страшна брзина, змачи најголемата грешка е што цела постава на Интер е поставена блиску до споствениот гол. Знам дека некој ќе пише и Уфо Мацари

но знам дека секој просечен фан ќе се сложи дека Интер мора да ја постави цела формација на 35 метри од гол и да игра страшен пресинг па што биде нека биде. Знам дека ќе треба 2 утакмици да се фрлат во вода додека се уиграат но според мене ова е најдобрата формација за моменталниот тим на Интер.