D
Darko_ufo
Гостин
Да се согласува и за тоа цел ден правам refresh да видам дали ќе го земат Банега, последна понуда 3,5м ама копилето сабајле ставило твит дека ке остане во Валенсија. Добар но нема да смени ништо ако Манчини не ја смени филозофијата.Јас ти го прочитав постот, не се секирај!
Али прикрајот стварно ми запече устава за вода и бев да сипам една чаша...
Во право си за Манчини и генерално ти го почитувам мислењето. Но јас мислам дека акција не се почнува само од напаѓачите, средината е многу битна. Ние во средина имаме деструктивци (Мело, Кондогбија, Медел). Не можиш да правиш пресинг со тим кој не знае две додавања да поврзи. Замисли што би се дешавало кога во средина би имале фудбалер налик на Снајдер, Иниеста, Фабрегас, Силва...
По колку само топки ќе јадат Икарди и дружинава...
Пошо нема плејмејкер нема плеј, и то е то..
Ни треба креативец во средина, некој кој знае да предаде топка, фудбалер кој ќе ја движи средината. А и бекови ни требаат да.
И баш тоа ми е муабетот дека кога целиот тим ќе игра понапред односно ќе ибде поставен на 35 метри од голот дека многу полесно ќе се сече противничката средина и тука можеби ќе дојде до израз Љаиќ пошто он знае да издрибла добро и да упати добар пас, можеби и Перишиќ доста е брз и дури и да упати центаршут ќе има минимум 3 играчи кој на прва статива кој на втора кој во средина на шеснаестеник. Знаеш во ваква формација многу повеќе топката ќе биде кај Едер, Љаиќ и Перишиќ отколку кај Мело, Медел и КОндогбија кои одлично би го вршеле притисокот а рака на срце Кондогбија, Муриљо па и Нагатомо се доста брзи што може да се каже дека и по некоја контра ќе спречат.
Но мора да дојде еден играч во средина затоа што откако си замина Гуарин многу сме тенки. Навивам за Банега иако е многу тешко, може да ни го начукаат со Диара.