Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Ireal
Методи,
Колку имаш собрано вакви " вести “ од форуми
Се ќе најдете и ќе кажете само за да го спасите „ животното дело “ на струмичкиот „ визионер “
Убаво си поминавте овие години. Секој по пет, шест стана, секој по неколку џипа, секој плати поголеми од цела Влада топтан заедно, кеш пара на сметки во странство, акции дивиденди и што ти душа сака.
Во Хрватска пропадна „ животното дело “
Туку објасни она што го велиш, како може кога е потопло некои да добиваат повисоки сметки

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=90738BC723005643B306B5FFBE275DF4
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.066
Поени од реакции
16.182
@Ireal
Методи,
Колку имаш собрано вакви " вести “ од форуми
Се ќе најдете и ќе кажете само за да го спасите „ животното дело “ на струмичкиот „ визионер “
Убаво си поминавте овие години. Секој по пет, шест стана, секој по неколку џипа, секој плати поголеми од цела Влада топтан заедно, кеш пара на сметки во странство, акции дивиденди и што ти душа сака.
Во Хрватска пропадна „ животното дело “
Туку објасни она што го велиш, како може кога е потопло некои да добиваат повисоки сметки

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=90738BC723005643B306B5FFBE275DF4
Прво не си праи филмови, малку воозбили се, те пратам од порано, зрел чоек си. Знам дека си имаш судски спор со ТПЛФ, а може и со Бег ?. Човек кога оди по судови губи од реалниот метод на размислување. Значи не мешајте социјални работи и плаќање комунални услуги. Методот е ист за сите, државата одобрува на социјалните случаи киловати или пари за сметки, методологијата е иста.... Но да кажам и дека социјален случај не оди по судови. Комшија што имаше финансиски проблеми уште пред 20 години го продаде станот и си купи кукичка во блиското село горно Лисиче, а му останаа и доста пари, а со кукичката нема проблеми со сметки од топлификација.
Повиусоки сметки добија сега некој поради поравнувањето, убаво ти објаснува. Па и јас имам поголема порамнителна сметка бидејќи го менувам методот на плаќање од 8 на 12 месеци, но од јануари ќе имам исто како и сите комшии што се на тој метод...
Пак да ви напомнам на сите од групата, не мешајте потрошувачка на топлина со сметки, постои надомест за одржување и функционирање на далекуводниот систем. Секаде во културниот свет градовите се грејат на далекуводен систем, така е од секогаш. Инаку јас лично мислам дека подобро е да постои квалитетна електрична инсталација, а од аспект дела далекуводниот систем е гломазем, со загуби на вода и топлина, посебно е нефункционален при топла зима или во преодниот период. Но воглавном секаде е така, постои далекуводно греење во големите градови. Во БиХ имаше тенденција да се префрли народот на плин, но се јавија реакции дека тоа е за да скапо им го продадат плинот. Б.Т.В., гасот е скап, на времето скопски Охис ја исклучи гасната централа и го остави во работа само малиот котел на мазут, т.н.р. "пампур"
Исто така, на европско ниво се смета за недозволиво користење на ел. енергија за греење, се мисли на класични печки со греачи и слично, а топлотните пумпи се лимитирани со надворешните услови, т-ра, влага...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.788
Улогата на членови како Иреал или Битушанец, на форумот, e со натпросечно ретардирани постови и ставови кои рефлектираат флагрантно длабока морално-етичка ерозија да впијат дел од критиките, бесот и гневот на јавноста, кој инаку би бил насочен исклучиво кон нивните газди, наредбодавачи, сопственици.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Ireal

Кога другите читат што си напишал, Можам да замислам што мислат за тебе
Еве што ти напиша:

Пак да ви напомнам на сите од групата, не мешајте потрошувачка на топлина со сметки, постои надомест за одржување и функционирање на далекуводниот систем.
Ти не „ советуваш на ниво “ да ги продадеме нашите становите бидејќи вие така сте решиле.
Ти си целиот на „ ниво “
................................
Сега со сигурност знаеме кој си ти,
Затоа:
И јас да ви напоменам на СИТЕ ОД ГРУПАТА ДИРЕКТОРИ- ХОХШТАПЛЕРИ ОД ТОПЛИФИКАЦИЈА
Ви се ближи крајот!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.066
Поени од реакции
16.182
Улогата на членови како Иреал или Битушанец, на форумот, e со натпросечно ретардирани постови и ставови кои рефлектираат флагрантно длабока морално-етичка ерозија да впијат дел од критиките, бесот и гневот на јавноста, кој инаку би бил насочен исклучиво кон нивните газди, наредбодавачи, сопственици.
тотално дебилни ти се постовите, не кажуваш ништои, самои фрази. Јас на луѓево им пуштив дузина линкови и аргументи, а и по струка ми е термодинамиката. Ти работиш исклучиво со цел да шириш незадоволство. Во темата за загадување ќе критикуваш зошто луѓето не се поврзани со централно тулу ложат, а на друго место пак зошто не ги стимулират да се исклучат..не се пикај секаде како мироџија.
@Ireal

Кога другите читат што си напишал, Можам да замислам што мислат за тебе
Еве што ти напиша:

Пак да ви напомнам на сите од групата, не мешајте потрошувачка на топлина со сметки, постои надомест за одржување и функционирање на далекуводниот систем.
Ти не „ советуваш на ниво “ да ги продадеме нашите становите бидејќи вие така сте решиле.
Ти си целиот на „ ниво “
................................
Сега со сигурност знаеме кој си ти,
Затоа:
И јас да ви напоменам на СИТЕ ОД ГРУПАТА ДИРЕКТОРИ- ХОХШТАПЛЕРИ ОД ТОПЛИФИКАЦИЈА
Ви се ближи крајот!
Пак не ме разбираш... сметки има и да се случи топла зима, без некое јако греење, бидејќи функцијата е да биде системот во можност да задоволи на сите вообичаени надворешни услови.
А тоа го има и во линкот од Хрватска, каде кажува дека не се плаќа топлина, но затоа има еден куп други надоместоци...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Аха, sweet dreams.
Како исклучен "корисник" (намерно во наводници), пред две години сметката ми беше 750 ден., а од оваа сезона ми е веќе 950 ден. Во меѓувреме нема дополнително исклучени во зградата (си пишува во сметката). Би била благодарна ако некој просто ми објасни како е можно секоја година ФИКСНИТЕ трошоци да РАСТАТ, а сметките на вклучените да се намалуваат.
Дури денес го видов Вашиот пост
Одговорот на Вашето прашање е многу едноставен
Топлификација наплаќа колку што сака
Последниот месец во мојата зграда сметка за исклучените беше 1000 денари а за приклучените 900 денари
Топлификација е во рацете на окоравени криминалци
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.184
затоа што тоа е тема за загадување, а ова е правата тема...
цените за ( привремено) исклучените се во склад со цените за корисниците... ако се намалува треба за сите..
А од каде си сигурен дека тие се привремено исклучени? И од каде цените се во склад со корисниците ако тие не се корисници? Јас разбирам дека моментално централното греење е најудобно и најчисто ама 500, 700, 900 денари за услуга што не се користи е нон сенс.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.066
Поени од реакции
16.182
затоа што тоа е тема за загадување, а ова е правата тема...А од каде си сигурен дека тие се привремено исклучени? И од каде цените се во склад со корисниците ако тие не се корисници? Јас разбирам дека моментално централното греење е најудобно и најчисто ама 500, 700, 900 денари за услуга што не се користи е нон сенс.
да не одиме офтопик, да се задржиме на загадувањето; ако се укине надоместокот, јасно е дека рапидно ќе се золеми бројот на привремено исклучените. Најголем дел од нив ќе го заменат греењето со некој вид електрично, но ќе има и такви што ќе ложат и додатно ќе загадуваат. Па сега со загадувањето се крена галама да се забрани ложење и да се премине на далекуводно греење. Не случајно мерната станица кај СитиМал кажува големи вредности, освен ПМ2,5 од колите на партизанска, има и дим од тавталиџе и влае...да се постави мерна станица кај новиот Рамстор Н.Лисиче, уште повеќе ќе се види загадувањето од ложењето......
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.184
да не одиме офтопик, да се задржиме на загадувањето; ако се укине надоместокот, јасно е дека рапидно ќе се золеми бројот на привремено исклучените. .
За да не одиме офтопик, затоа тука ти одговорив за топлификација. Сега менуваш тема.
Сконцентрирај се малце да не морам да го преместувам муабетот секои 2-3 минути.
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
За да не одиме офтопик, затоа тука ти одговорив за топлификација. Сега менуваш тема.
Сконцентрирај се малце да не морам да го преместувам муабетот секои 2-3 минути.

Очигледна е мисијата на Ireal да одработува туѓа агенда, да штити криминалци, да ги поколеба членовите на оваа група кои помалку ја разбираат проблематиката, како од правен аспект така и од стручен аспект. Логично е да се заклучи, врз основа на сето досега кажано од него, дека тој всушност е еден од оние против кои ние се бориме. Оние што не крадат, што не навредуваат, што ни го одземаат достоинството ...

Гледај, наеднаш - ЧУДО! И тоа големо. Па тој ти бил експерт за термодинамика. Многу голема услуга ќе ни направеше ако тоа ни го соопштеше многу порано.
Сепак, ти не си тој за кој се прикажуваш. Вистинскиот експерт стручно и аргументирано ќе настапеше и ќе ни објаснеше како топлината се пренесува итн итн ... Ем ќе "научевме" многу работи, ем ќе ти поставевме и прашања. За да ни бидат јасни работите.

Ќе ти кажам дека досега не си бил на суд и да слушнеш како изгледа еден адвокат, кога го образложува тужбеното барање. Се труди да остави впечаток на "експерт" од највисок ранг! А изгледа како "кловн" или како еден наслов од Достоевски. Еј, човече, тој идиот се прави експерт за термодинамика, устата пена му фаќа! Како да има беснило! На прашањето дали е тој тука во својство на правен застапник или експерт за термодинамика - прави невешти обиди да го поврати своето ЈАС и да си го заштити личниот и професионален углед и достоинство. Ама како што велат соседите од север - Прошо воз, касно је!!! Сепак тоа не му пречи. Човекот си е алчен за пари. Тие му требаат. Што му вреди што некој си таму сиромав ќе остане без лепче? Ништо. А слепата Јустиција, нејзиниот меч и кантарот - тоа е замајување за народот. Не важи за правната фела.

Најважната работа во целата ситуација е дека тој што тужи е должен да докаже дека тужбеното барање му е ОСНОВАНО! Еднаш реков, доколку некоја стручна институција врз основа на претходно НАУЧНО ИСПИТУВАЊЕ утврдило дека е точно тврдењето на арамијата, јас НЕМАМ ПРОБЛЕМ да платам! Но, во државава очигледно нема експерти кои ќе ја лапнат јадицата и алчни за пари ќе треснат глупост за која целиот научен свет трајно ќе го "погребе"! Затоа, почитуван "експерту", повели ти заедно со твоите мили пајташи, издејствувајте таков СТРУЧЕН НАОД, нека си влезе во нашата регулативата - и проблемот е РЕШЕН. ТРАЈНО! Значи, се е многу просто! Побарав од тебе да направиш еден експеримент! Не го направи. Сега те повикувам да направиш втор експеримент - биди дел од институцијата и заедно со другите експерти утврдете точно како стои работата, но и нужно стави СВОЈ ПОТПИС дека е така како што тврдиш. Ако биде така - многу ќе ни ја олесниш работата. Ќе не лишиш од сите маки и искушенија на кои сме подложени.

Дури и да се согласиме дека наодот ќе биде во твоја полза (какво што е твоето мислење), истото НИКОГАШ нема да се искористи против нас!? Зошто? Криминалното сценарио вклучува нотари, адвокати, судии и извршители. СИТЕ без исклучок ќе останат без својот дел од "КОЛАЧОТ". А богами и делот наменет за владата, зашто оние 18% за ДДВ одат на нејзино конто, како јавни пари во буџетот!

Не го напишав сето погоре со намера да ти објаснам тебе. Го пишувам заради групата. Тебе тоа ти е одлично познато! Дури и премногу. Ти си дел од нив. Не си дел од нас.
Ќе биде изненадување ако го направиш вториов експеримент. Ама нема, знаеш - како први, така други ... Очекувано, ќе пишеш коментар во истиот - твој стил. Но не за да ги заштитиш криминалците - туку од пустиот страв за себе самиот. Да се куртулиш бре! Тоа што секој ден се помалку сон те фаќа е твој проблем! Почувствувај како изгледа кошмарот! Не чини, нели? Многу лоша работа. Точно така е. За прв пат си во право..

Кога тогаш вистината ќе излезе на виделина. Од која нејзина страна ќе бидеш ти? Тоа е твој проблем.

Ние бараме правдина! Ние не бараме милост од криминалците! И нема да им ја дадеме!

Како во вицот - Дојде шумарот! Ги избрка Германците!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Колку е точно мерењето со калориметри покажува и следниот факт

САМАТА ТОПЛИФИКАСЦИЈА НЕ МЕРИ СО КАЛОРИМЕТРИ

http://www.erc.org.mk/odluki/2012.07.27 ODLUKA ZA CENA-kontrola TOPLIFIKACIJA PROIZVODSTVO SKOPJE-so tabeli.pdf

На страна 5 од оваа одлука може да прочитате:

Регулаторната комисија за енергетика укажува дека во периодот октомври – декември 2011 година и јануари – април 2012 година констатира неисправност на мерните уреди од регулираниот производител на топлинска енергија и од производителот на топлинска енергија на влез во дистрибутивната мрежа Заради неисправност на мерните уреди за мерење на произведени и испорачани количини на топлинска енергија од топланите на Топлификација АД Скопје во текот на 2009, 2010, 2011 и јануари-април 2012 година, Регулаторната комисија за енергетика одлучи трошокот за мазут за период јануари-декември 2012 година да го признае намален за 5%.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.184
Очигледна е мисијата на Ireal да одработува туѓа агенда, да штити криминалци, да ги поколеба членовите на оваа група кои помалку ја разбираат проблематиката, како од правен аспект така и од стручен аспект.
имате доволно знаење, @Смрт за зони и пајак воз. има пишувано и за топлина и за правни акти. Не е проблемот тој, проблем е како што сами пишувате, профит и ред други нешта. И Собранието кое не ги прифаќа законските измени па Уставниот одлучува како што одлучува па настанува чвор...

Дали нешто од овие предлози е во процедура?

Се предлага ослободување од плаќање на сметките за парно од исклучените корисници
Објавено: 25/11/2015

Трајанов поднесе предлог-закон за исклучените од парно повеќе да не плаќаат
Објавеново 14:48 24 ноември 2015
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Lurtz
Пратениците од ВМРО- ДПМНЕ гласаа против и на 28. 12. 2015 Собранието ги одби двата предлога
Сега исклучените од Топлификација протестираат против Владата и против партијата ВМРО-ДПМНЕ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom