Толку лошо играме што го имаме најдосадниот фудбал. Бесконечни пасови без реализација...
И нов менаџер да ни дојде, пак нема да направиме ништо барем година-две.
Повредите се само изговор за неуспехот.
На тимот му требаат искусни засилувања во одбраната и креативци што знаат да повлечат игра напред (играчи од калибар на Сколс, Гигс, Иниеста, Чави итн). Тоа ние моментално го немаме.
Немаме мотор во тимот. Швајни е добар за додавања и слично, ама не е играч кој забрзува игра. Истото е и со Керик. Лингард е премногу неискусен и игра нестабилно и многу „напамет“, така да премногу е ризично и тешко да се потпреме на него.
Повеќе е преценет од него што е добар. Јас пре би му дал шанса на Переира....
Фелаини е цевка невидена, не сакам да коментирам.
Секој меч го бараат со бесконечни долги топки кои немаат ефект. Тука се успорува темпото....
Мата губи топки. Депај се изгуби тотално. Реално Мемфис ми е најголемо разочарување. Толку очекував од него, а не се пронајде. Баш на него се надевав дека ќе биде главниот креатор на акциите (нешто во стил на Ц.Роналдо).
Вака, нема кој да тргне напред како што треба....
Шут од далеку немам видено многу одамна. Тактиката на Ван Гал е да не се шутира од далеку. Дури и ако се обидеш да шутнеш, веднаш ќе ја грееш клупата. Прашајте го Херера, ќе ви каже
Премногу се форсираат младите играчи од калибар на Џексон, Мекнеир, Лингард. Се форсираат затоа што немаме соодветни замени, па мора да играат во прв состав.
Јас разбирам дека треба да се дава шанса на младите, меѓутоа не може цел тим да е со толкаво неискуство. Мора да се доведе некој искусен и подобар играч.
Со тој тим неможеш ни во Лига Европа, а камо ли во ЛШ.
Барса, Реал, ПСЖ, Баерн итн. се тимови кои моментално се 3 класи над нас во секој поглед.
Јас се кладам дека кога Мурињо би ни станал тренер (пример) дека би се ослободил од пола од овие играчи (Џексон, Мекнеир, Варела, Лингард итн.), и би донел вистински засилувања.
Јас не памтам кога последен пат сме шутнале на гол од далеку. Тоа е она што најмногу ме иритира. Нема никој храброст да шутне. Нема хемија во тимот, нема соработка, а има мртва игра.
Ван Гал има одлично „строго“ однесување за менаџер, меѓутоа неговите реакции и емоции за клубот се далеку од оние страсти кои ги имаше Сер Алекс.
Веќе е 27-ми јануари, а Јунајтед сеуште нема донесено ниедно засилување, сеуште ја играме истата досадна игра, сеуште не даваме голови, сеуште губиме од тимови како Сотон, и сеуште ја имаме глупата тактика за „Барса стил“ напади со многу додавања. Потрошивме многу пари, а сеуште имаме неуспех.
На крај или нема да купиме никој, или ќе донесеме некое 19 годишно дете од Данди Јунајтед....
Стилот на Јунајтед не е туку така да ги отпушта своите менаџери разбирам, меѓутоа сметам дека Ван Гал имаше доволно време да смени нешто во своите тактики. Се НЕРВИРАМ затоа што упорно не се засилуваме на бековската позиција. Одбраната и нејзината организација ни е подоле од 0.
Единствените играчи кои целосно се залагаат во тимот се Де Геа, Херера, Марсијал, Јанг и Руни (драго ми е што им се врати формата на Јанг и Руни).
Ме радува и фактот што Смолинг е многу подобрен во однос на претходните години.
За жал сето тоа е недоволно, затоа што екипа е составена од 11 играчи, а не од 4-5 поединци.