Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Па тимот и не е така лош, да се појачат 3-4 позиции со квалитетни играчи (што е изводливо во еден трансфер рок) би го имале можеби најдобриот тим во Англија и еден од подобрите во Европа. Башка што Пеп може и те како да привлече класа играч а ние имаме пари.
Сигурно нема да бидеме на ниво на Баерн, Барса и Реал но во ЛШ влијаат повеќе фактори и ќелавицата не верувам да сака да губи време.
Тимот на Јунајтед е многу лош, тоа тимот не е лош, не проаѓа повеќе. Имаме неколку добри играчи: Де Геа, Смолинг, Марсијал, Шо ќе видиме каков ќе се врати од повреда и од прилика тоа е тоа, се друго е онака половно, може да се истурка некако со 2-3ца екстра нови играчи и добар тренер во ПЛ, но за ЛШ подобро ќе биде да не се лажеме повеќе.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.615
Поени од реакции
6.415

Па не реков дека ќе освоиме ЛШ туку дека со 3-4 освежувања во првиот тим можеме да бидеме конкурентни. Мање више играчите кој ги наброја се тие што заслужуваат место во стартни 11 во екстра силен тим. Плус би го додал само Шнајдерлин.
Но покрај овие имаме уште неколку одлични играчи. Швајни му паѓа газот веќе но сеуште може да заврши работа. Исто и Ерера кој за разлика од лани, годинава игра топло-ладно но верувам дека може да се среди тоа. Можеби не е од класата на Модриќ, Иниеста итн. но се работи за одличен фудбалер и голем работник на теренот.
Тука би го ставил и Мемфис кој под палката на нов тренер имам надеж дека ќе се препороди.

Од Мата и Руни не очекувам повеќе ништо и сметам дека треба да бидат продадени но верувам дека Руни ќе спаси газ. Керик е за пензија но со огледа на тоа дека ќе имаме премалку искусни фудбалери во соблекувална би го оставил уште 1 сезона.
Е сега некој ќе праша зошто Керик преферирам да остане а Руни не, Руни нема шанси да прифати да седи на клупа и да игра по купови, Керик би. Башка што дебелиот зима страшна плата. Сепак ова е само моја желба во реалноста верувам дека Керик би летал а Руни би останал и би го играле во први 11 на штета на тимот.

Другите како Јанг, Лингард, Валенсија, Јанузај, Блинд, Џонс итн се просеци и се далеку од стартни 11. За ротација би завршиле работа, ништо повеќе.

Трансфер желби ми се следниве играчи: Гризман(Maрез), Левандовски/(Kejн), Хамес(Баркли), Стоунс(Лапорт), Карвахал(Колман).
Да потпишеме со по еден за секоја позиција од овие(ова да се случи во еден трансфер рок е рамно на sci-fi иако со Пеп на клупа не би се изненадил да се расфрлиме со пари) би се вратиле на големо во игра за следната сезона.
Да потпишеме со барем 3ца да потпишеме од овие(што е доста реално) би имале силен тим.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.529
Поени од реакции
3.569

tander123

God save the queen!
Член од
5 октомври 2015
Мислења
715
Поени од реакции
363
Изворот е fail како тебе :)
Хе, хе......
Стварно ли веруваш дека во кој било момент во наредните 1,5 година дека ЛВГ сам ќе си даде оставка?
Ако само го отпуштат, друго нема. Несака кариерата да си ја заврши на неславен начин.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Хе, хе......
Стварно ли веруваш дека во кој било момент во наредните 1,5 година дека ЛВГ сам ќе си даде оставка?
Ако само го отпуштат, друго нема. Несака кариерата да си ја заврши на неславен начин.
Ми е гајле што сака, па дури и 1,5 година :aplauz: Ако овој остане уште 1,5 година во Јунајтед Мурињо, Анчелоти и Пеп во едно да се спојат нема да не опраат.
 
Да можам би го задавил без да се мислам.
Славна кариера имал па несака да ја заврши на неславен начин :uzi:
Кај и да беше Ван Гал само имаше периоди каде беше добар.
 
tander123

God save the queen!
Член од
5 октомври 2015
Мислења
715
Поени од реакции
363
Да можам би го задавил без да се мислам.
Славна кариера имал па несака да ја заврши на неславен начин :uzi:
Кај и да беше Ван Гал само имаше периоди каде беше добар.
Ќе одиш во затвор.
ЛВГ има супер тренерска-менаџерска кариера. Несака да ја заврши, со напуштање на функцијата. Ќе демонстрира слабост.
За кај нас, да, ама за пред Манчестер Јунајтед, не.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Чекам да се опраи некој проблем со бришење на профили и Фросе да ми го избрише, ова не се трпи тука, а кога го имам акаунтот не можам да не вратам на вакви глупости. :uzi::uzi::uzi:
 
tander123

God save the queen!
Член од
5 октомври 2015
Мислења
715
Поени од реакции
363
Ми е гајле што сака, па дури и 1,5 година :aplauz: Ако овој остане уште 1,5 година во Јунајтед Мурињо, Анчелоти и Пеп во едно да се спојат нема да не опраат.
Епа затоа и напишав така, не сака да покаже слабост.
За мене нај реално ќе биде да заврши оваа сезона, па после нека решава одборот, во зависност од резултатите. Па што одлучат тоа нека биде. Ќе ги подржиме во секоја одлука.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Епа затоа и напишав така, не сака да покаже слабост.
За мене нај реално ќе биде да заврши оваа сезона, па после нека решава одборот, во зависност од резултатите. Па што одлучат тоа нека биде. Ќе ги подржиме во секоја одлука.
Така ли викаат у штаб бе, ќе подржиме секоја одлука? Оф мори мајко .... :popce::popce::popce:
 
tander123

God save the queen!
Член од
5 октомври 2015
Мислења
715
Поени од реакции
363
Чекам да се опраи некој проблем со бришење на профили и Фросе да ми го избрише, ова не се трпи тука, а кога го имам акаунтот не можам да не вратам на вакви глупости. :uzi::uzi::uzi:
Што е глупости бе? Несака да си даде оставка ЛВГ и точка. Ти дадов и веродостоен линк, за потврда. Незнам што не ти е јасно. Пффффффф..........[DOUBLEPOST=1453890218][/DOUBLEPOST]
Така ли викаат у штаб бе, ќе подржиме секоја одлука? Оф мори мајко .... :popce::popce::popce:
Епа ако одборот реши ЛВГ да остане до крајот на договорот ние овде не можеме ништо да направиме, само можеме да се препукуваме и да плачеме. :popce:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom