Тимот на Јунајтед е многу лош, тоа тимот не е лош, не проаѓа повеќе. Имаме неколку добри играчи: Де Геа, Смолинг, Марсијал, Шо ќе видиме каков ќе се врати од повреда и од прилика тоа е тоа, се друго е онака половно, може да се истурка некако со 2-3ца екстра нови играчи и добар тренер во ПЛ, но за ЛШ подобро ќе биде да не се лажеме повеќе.
Па не реков дека ќе освоиме ЛШ туку дека со 3-4 освежувања во првиот тим можеме да бидеме конкурентни. Мање више играчите кој ги наброја се тие што заслужуваат место во стартни 11 во екстра силен тим. Плус би го додал само Шнајдерлин.
Но покрај овие имаме уште неколку одлични играчи. Швајни му паѓа газот веќе но сеуште може да заврши работа. Исто и Ерера кој за разлика од лани, годинава игра топло-ладно но верувам дека може да се среди тоа. Можеби не е од класата на Модриќ, Иниеста итн. но се работи за одличен фудбалер и голем работник на теренот.
Тука би го ставил и Мемфис кој под палката на нов тренер имам надеж дека ќе се препороди.
Од Мата и Руни не очекувам повеќе ништо и сметам дека треба да бидат продадени но верувам дека Руни ќе спаси газ. Керик е за пензија но со огледа на тоа дека ќе имаме премалку искусни фудбалери во соблекувална би го оставил уште 1 сезона.
Е сега некој ќе праша зошто Керик преферирам да остане а Руни не, Руни нема шанси да прифати да седи на клупа и да игра по купови, Керик би. Башка што дебелиот зима страшна плата. Сепак ова е само моја желба во реалноста верувам дека Керик би летал а Руни би останал и би го играле во први 11 на штета на тимот.
Другите како Јанг, Лингард, Валенсија, Јанузај, Блинд, Џонс итн се просеци и се далеку од стартни 11. За ротација би завршиле работа, ништо повеќе.
Трансфер желби ми се следниве играчи: Гризман(Maрез), Левандовски/(Kejн), Хамес(Баркли), Стоунс(Лапорт), Карвахал(Колман).
Да потпишеме со по еден за секоја позиција од овие(ова да се случи во еден трансфер рок е рамно на sci-fi иако со Пеп на клупа не би се изненадил да се расфрлиме со пари) би се вратиле на големо во игра за следната сезона.
Да потпишеме со барем 3ца да потпишеме од овие(што е доста реално) би имале силен тим.