За прв пат откако го следам клубов, сметам дека ситуацијата е преалармантна. Вака блиску до срање дојдовме кога Руни сакаше да си замине, па му го поткршија со нов договор, и се купи Мата потоа. Тогаш сметав дека бевме на пресвртница, или ке почнат да си заминуваат главните ѕвезди, и ке почнеме да зимаме недокажани играчи, или ке си останема на истата стаза.
Клубот полека влегува во надолна линија од фудбалски аспект. И треба нешто огромно да се случи за да го сменат тоа во своја полза. Порано важевме за клуб кој во секое време може да искешира за млади англиски таленти и играчи се тепаа да дојдат кај нас. Сега тоа примат полека ни го зема Сити. Не се плашат да дадат пари. Било да е Стерлинг, па и Де Брујне. Јунајтед не е доволно голем да ги задржи младите англиски таленти, па све почесто се збори за трансфери на Кејн во Реал, на Стоунс во Барса и слично.
Летово по многу работи ке биде make or break. Целата традиција ни се сведува на крила кои имаат брзина и flair. Мата никогаш не би играл крило кај стариот. Ке се вратам на Мојс. Направи непроценлива штета, нешто што ке треба со години да се враќа назад. И не, не зборам за Фергусон, туку за начинот на кој игравме фудбал. Ваљда причината ради која сите го сакаме Јунајтед. Веќе неколку сезони сме без трофеј, и тука времето почнува да игра како фактор. Нема Јунајтед сега време да чека млади играчи да се освестат во кој клуб се наоѓаат.
Втора работа се трансферите. А промашивме доста. Фалкао, Ди Мариа, некупување на CB, слабата форма на Керик, Руни.
Некој мора да дојде и да пресече, и да направи огромна промена. Зашто вака, не ни се пишува добро.