The Big Short е последниот од оскаровските за мене, и исто така - најлошиот. Сега се чувствувам како сам против сите, зашто ко што гледам, сите можни рецензии за филмов, и на IMDB, и на Letterboxd се со високи оценки, неретко десетки. Мене приказната ми беше екстремно досадна, не ги разбрав ни пола од економските термини кои се употребуваат во филмов (how and why the fuck should I know what fucking ликвидност means?), a нереалните и воопшно не-комични појавувања на познати личности и актери кои гледаат директно во камерата (а со тоа и во тебе) и сакаат да ти објаснат со прости зборови што сѐ тоа значи се убер-досадни и не ми се вклопија во филмот како целина ко што треба. Повеќе би рекол дека се distraction од приказната во која и онака е тешко да се внесеш. Читајќи низ рецензиите, прочитав некаде една реченица од Бил Вајлдер кој рекол: „Ако раскажуваш комплицирана и заплеткана приказна, треба да ја раскажеш на што е можно попрост начин“. Овде - најкомплицираната (барем за мене) приказна меѓу сите номинирани за Оскар е раскажана најкомплицирано што може (преку неколку приказни кои се испреплетени како црева, а не се вкрстуваат никаде, туку функционираат како неколку филмови во еден, милион (главни) улоги од кои ниту еден не ме натера да го сакам, или барем да ми е гајле за него, и преку изнафрлени еден куп економски термини што за 99% од гледачите се шпанско село).
Исто ко Spotlight, погрешниот point of view го прави за мене филмов тежок fail, без оглед на тоа што веројатно сум единствената црна овца на светов која го хејта, и што веројатно ќе останам единствената таква. Наместо да го прикажат сето ова од перспектива на некој кој изгубил сѐ во кризата, тие го прикажуваат од перспектива на оние кои од ништо, се збогатиле. Ова ко да направиш филм за приватизацијата во Македонија и наместо раскажувач да биде било кој од 99% од населението кај нас, да направиш раскажувач да биде Свето Јаневски, на пример. И why should I care for him and for the film itself?
4/10 - и, и тоа е многу!