Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Jesus Christ што е со лобстеров?

Ок, не... неќум.

Што се добива кога Вес Андерсон ќе падне во тешка депресија?
The Lobster.
 
Последно уредено:
Не знам колку ќе биде јак и успешен соло филмот на Wonder Woman догодина, во Captain America-1 стил, ама знам дека ќе вреди да се купи карта само за Гал Гадо. Каква појава у пм. СТРАВА :eek::love::гик::вонзем: !! Алал вера за кастингот :cuc:. Супер е што за само два месеци ќе може да ја видиме на дело ..

ПС - Кога сестра ми можеше да го гледа Стар Ворс, без предходно гледан трејлер - Можам и јас да чекам уште 7-8 месеци до премиерата на Suicide Squad и да одам да го гледам како човек, без вториот трејлер. Возбудата поголема, антиципацијата поголема, неизвесноста поголема ќе биде само. Цел ден грицкам нокти и доџнувам видеа, ама ако .. Уште ден-два ќе држи хајпот. А и BatVSSups ми наби комплекс со нивниот втор трејлер.
 
@Ендорфиниус а сега?

safe_image.php
Од позава не успеав да избегам:гик: .. But still no chance, no way за трејлерот. :neetaka::neetaka::neetaka:
 
за Suicide Squad, највеќе од ова што го имам видено досега ме нервира што во филмов дури и таглајнот е Worst HEROES Ever, како упорно да се обидуваат негативциве да ги приказат во добро светло...која е поентата да имаш филм полн со негативци што глумат херои?
во стриповите
и анимираните филмови, и покрај тоа што се најмени да завршат некоја мисија( во филмов да го спасат светот), никогаш не биле успешни затоа што секој од нив си има своја агенда и порано или подоцна секогаш усеруваат, и на крај бетмен или супермен го спасуваат денот!
сепак ќе треба да се изгледа па да се оцени!
 
Последно уредено од модератор:
Во спектра ќе уживаат само фановите на бонд филмовите. За останатите послабо
Јака режија ама некако не ми се лепи целата приказна на мене
 
за Suicide Squad, највеќе од ова што го имам видено досега ме нервира што во филмов дури и таглајнот е Worst HEROES Ever, како упорно да се обидуваат негативциве да ги приказат во добро светло...која е поентата да имаш филм полн со негативци што глумат херои?
во стриповите
и анимираните филмови, и покрај тоа што се најмени да завршат некоја мисија( во филмов да го спасат светот), никогаш не биле успешни затоа што секој од нив си има своја агенда и порано или подоцна секогаш усеруваат, и на крај бетмен или супермен го спасуваат денот!
сепак ќе треба да се изгледа па да се оцени!
Не знам дали и колку ги имаш читано СС стриповите (или па лаички пукаш само), ама во нив и те како се успешни во мисиите. Но муабетот тука не е во мисијата, туку во суштината на антагонистите и нивната поставеност спрема неа. Некој гледа само да заврши работа и да се врати назад, друг мисли како да ја дабл-кросне Волер и да успее да избега на слобода од целиот хаос, трет е безнадежен и к*р го боли дали ќе пламне или не - едноставно премногу изгубил до сега, четврт е спремен дури и да се фрли во оган и да биде жртвено јаре за спас на другите и на мисијата, петти гледа искупљење за греховите од минатото преку ова и т.д. и т.д. Внатрешните побуди, и кој на што, и за кого е спремен да направи нешто, ја даваат дражта уствари на овие негативци. Цаката е само што сите се папетс он стрингс на Аманда Волер, а она треба да биде претставена како најголем дууш во филмот и уствари на крајот треба да тие помине низ глава мислата ''Колку би било јако само Дедшот да и' свирне еден куршум меѓу очи на оваа и да се заврши циркусов''.

Стриповите бидејќи се доста подолги од филмовите, убаво ги отсликуваат тие внатрешни побуди и карактерни цепања. Филмот не сум сигурен колку ќе биде успешен во тоа, ваљда само главните фаци ќе претстават во тоа светло .. Но најголем успех ќе биде ако на крај публиката си замине од кино со емпатија спрема негативците. Тука уствари и се согласувам со тебе, шо наведе дека WORST HEROES EVER е ужас таг за овој филм. Најпогодно ќе беше да го ископираа лајнот од Batman: Assault on Arkham - GET READY TO ROOT FOR THE BAD GUYS !! Сто пати појако и во склад со приказната ..
 
Bridge of Spies каква бајка човече...
Spielberg во неговата филмографија има многу промашоци, колку што има врв филмови уште толку медиокритет.
Највеќе поштувам кога ќе видам некоја филмографија средена на пример како на Кубрик, 11 филмови, сите кој од кој.
 

„Момчето со лице-камера“ е сатирична бајка за едно момче кое има камера наместо глава и секој момент околу него е обележан од фактот дека тој го снима тоа.

Овој краток филм на американскиот режисер Спенсер Браун, со нарација на Стивен Беркоф, кој на извонреден начин го прикажува денешниот начин на живот, е награден на десетина меѓународни филмски фестивали, меѓу кои и LSFF, Парискиот филмски фестивал, Isle of Man и други.
 
The Big Short е последниот од оскаровските за мене, и исто така - најлошиот. Сега се чувствувам како сам против сите, зашто ко што гледам, сите можни рецензии за филмов, и на IMDB, и на Letterboxd се со високи оценки, неретко десетки. Мене приказната ми беше екстремно досадна, не ги разбрав ни пола од економските термини кои се употребуваат во филмов (how and why the fuck should I know what fucking ликвидност means?), a нереалните и воопшно не-комични појавувања на познати личности и актери кои гледаат директно во камерата (а со тоа и во тебе) и сакаат да ти објаснат со прости зборови што сѐ тоа значи се убер-досадни и не ми се вклопија во филмот како целина ко што треба. Повеќе би рекол дека се distraction од приказната во која и онака е тешко да се внесеш. Читајќи низ рецензиите, прочитав некаде една реченица од Бил Вајлдер кој рекол: „Ако раскажуваш комплицирана и заплеткана приказна, треба да ја раскажеш на што е можно попрост начин“. Овде - најкомплицираната (барем за мене) приказна меѓу сите номинирани за Оскар е раскажана најкомплицирано што може (преку неколку приказни кои се испреплетени како црева, а не се вкрстуваат никаде, туку функционираат како неколку филмови во еден, милион (главни) улоги од кои ниту еден не ме натера да го сакам, или барем да ми е гајле за него, и преку изнафрлени еден куп економски термини што за 99% од гледачите се шпанско село).

Исто ко Spotlight, погрешниот point of view го прави за мене филмов тежок fail, без оглед на тоа што веројатно сум единствената црна овца на светов која го хејта, и што веројатно ќе останам единствената таква. Наместо да го прикажат сето ова од перспектива на некој кој изгубил сѐ во кризата, тие го прикажуваат од перспектива на оние кои од ништо, се збогатиле. Ова ко да направиш филм за приватизацијата во Македонија и наместо раскажувач да биде било кој од 99% од населението кај нас, да направиш раскажувач да биде Свето Јаневски, на пример. И why should I care for him and for the film itself?

4/10 - и, и тоа е многу!
 
Последно уредено:
Не си сам, и ја ги хејтам двата.
Имаат среќа што се вистински приказни иначе ќе беа тежок феил од филмови.
Ревенант е Кум за овие.
 
Спотлајт добар филм, многу осетлива тема обработува, многу се изненадив, поточно се шокирав со дознавањето на тие настани кои се случувале многу години, а се криеле од јавноста до не многу оддамна. Нормално знаев дека постојат такви случаеви, ама не дека ги има толку многу и никогаш немаше да знам да не беше Спотлајт. Има многу податоци во филмот и тешко е да го пратиш, затоа и се изгубив неколку пати, кога завршив со гледање како изморен да бев.
Го гледав и Room, многу заебан филм, супер глума од Бри Ларсон, ги немам изгледано сите номинирани за женска главна, ама засега она ми е фаворит.
Имам неколку забелешки за филмот, дејството да почне порано, со нејзиното грабнување, да се прикажат првите неколку денови/недели во собата, па кога дознава дека е бремена, кога се раѓа бебето, па пополека да дојдат до планот за бегство, премногу рано во филмот се ослободија од собата, а и премногу малку минутажа имаше негативецот, требаше подобро да се претсави каков монструм е. Многу повеќе ќе сочувстував со ликот на Бри на тој начин

Ми останаа уште The Big Short, The Revenant и Brooklyn од номинираните, а од досега изгледаните The Martian ми е фаворит :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom